Почитувам да имаш став, макар бил и провладин во случајов. Имаш свое мислење, имаш своја корист од истиот и во ред. На крај краева, секој со своите цели, нели?
Како што спомн
@RATM погоре, специјален поздрав до индиферентните и нивниот добро познат став „абе, ништо нема да се смени“, „џабе е се“ итн...
Тие, тие за какви шамари се...
Исто така. Верувај ми дека солиден дел од државните факултети нудат послабо образование за разлика од некои приватни.
Секаде треба да се направи евалоација. Буквално на секој факултет, без исклучок.
Сум го пропуштил некако постов затоа и покасно враќам
http://forum.kajgana.com/threads/Ќе...Студентски-пленум.75259/page-269#post-7045935
Во овие два поста имам кажано горе-доле се што мислам за образованиево во државата
Немам намера да навредам некого што студира на факултет вон УКИМ, ама сепак во голема мерка вистина е дека на приватните факултети и на дисперзираните студии (за Албанските факултети да не правиме муабет), многу се ниски стандардите за положување, што им дава поттик на студентите воопшто да не учат и со минимален труд да положат. Имам другари што се десет пати поинтелегентни од тие што завршиле со мене или студирале на мојот факс (па и од мене), а немаат ни една година исчистено на нивните факултети, затоа што или се разочарале од системот и решиле да се откажат или се тешки мрзи. Муабетот е дека исклучоци секогаш постојат

Приватните факултети некако имаат прифатено повеќе од странските факултети и во некоја мера имаат посоодветна литература која пред се е на Македонски јазик (најчесто автори се самите професори), ама со самото тоа што стандардите за положување им се премногу ниски, нема мотивација кај студентите да учат. Барем од искуство досега сум заклучил дека критериумите се премали за со здобиеното знаење некој во иднина да се пофали дека е дипломец. Да не збориме за тоа што на некои приватни факултети имаш можност да полагаш онлајн, и што некои студенти никогаш немаат полагано, а на нивно местополагале другари или некои кои се соодветни од таа област и имаат исчистено повеќе предмети отколку некои што учат, а сепак не ги бидува толку.
Генерално, канцерот во високото општество почнува со овие факултети, а потоа продолжува на факултетите од УКИМ, чии што аномалии ги имам набројано во моите гореспоменати постови

[DOUBLEPOST=1425087087][/DOUBLEPOST]
А, инаку да се надоврзам со тие учебници од Кембриџ. Имав пишано на друга тема или на оваа можеби,колку се катастрофа учебниците од превод до содржина. И самите професори ти викаат "па добро можда се малку несфатливи учебниците,ама учете".
Која пара се препере за тие учебници? Колку се платени тие стручните преведувачи кои не знаат основни економски термини и преведуваат буквално и после ела сфати го што сакал преведувачот да каже.
Учам за Британски систем, примена на Британски систем, примери како се уништил инвентар после терористички напад.
Абе јас сум да ни дадат, така книгите на англиски све и нека земаме од сите земји по некоја книга да имаме, од сегде да знаеме, а во Македонија како се применува не мора и онака сме пропала држава.
Кембриџ програмата која се воведе во прво до трето одделение, а допрва ќе се воведува во четврто до шесто, па потоа од седмо до деветто одделение ќе биде најголема утка во образованието, ама за жал нема назад.
Министерството има наложено да се учи по таа програма и нема бегање од материјалот. Наставниците во основно не смеат да даваат дополнителни материјали, во спортивно инспекција може да ги казни.
Тие што преведуваат иако земаат солидни суми за тоа, сепак имаат големи маки при преводите на некои термини затоа што во Македонија немаме соодветни термини како што имаат Англичаните.
Фактички наидуваат на проблеми да самите преведувачи востановат нови поими кои ќе се прифатат во иднина во Македонскиот образовен систем.
Останува на преведувачот да одлучи дали ќе даде превод во буквална смисла или пак ќе даде некое свое објаснување.
Гледав некои преводи и да ме прашаа за совет, немаше да знам што да им одговорам.
Едноставно Англичаниве си користат некои термини за кои досега сме немале превод, или пак некоја работа што ние сме ја викале со еден термин кај нив е расцепкана на 4-5 термини и оди преведи ги соодветно...
Уште поголем проблем ќе биде наставниците да се прилагодат на оваа литература. Замислете некои предаваат 30 години по една програма и сега треба да учат нови термини и цела програма одново. Работи кои ние сме ги учеле во шесто на пример, сега може да се погодат во учебник за трето одделение итн.
Чисто се сомневам дека некои наставници ќе се раководат по овие учебници и мислам дека ќе си тераат по тоа по кое што досега предавале.
Критериумите се многу спуштени, тоа што досега се барало за тројка, сега е доволно за петка, па ова ќе биде некој обид да се види дали ваквите критериуми ќе дадат подобар резултат, од аспект на тоа дека досега поради некој потежок материјал во одредени предмети, учениците се решавале целосно да не го учат предметот...