Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Алсат-М | Адеми не гарантира отфрлање на државниот

Ете затоа не треба да се скока ко прле пред магаре.
Абе прееска прочитав дека рекол: „нема победници и губитници, само победници има“. Плус безгласна буква е Адеми и го знаеме тоа. На овие два состаноци не знам дали бекнал нешто, главниот збор од таа страна го имал Ставревски (морам вака со презиме пошто ако пишам Ставре може да се карактеризира како политички некоректно). Запишано е што е кажано на таа средба, а таму има ветување дека нема да има државен испит. :)
 
Ја немаат таа моќ како до пред некој месец за да контролираат и да не отстапуваат.
Да им текнеше оваа глупост пред една година, ќе полагавме, пошо од сегде за се стегаа, сега не знат кој попрво кај да пребега или да излези на прес со новинари и место да ги гледа во очи додека му поставуваат прашања, тој стои со наведната глава and all he can say is "зошто јас така сакав".
Така да овде попуштија само заради политичката нестабилност, а не зошто некој им покажал дека не се во право, пошо не сме први кои сме со нарушени права, ама порано се знаеше бркање од работа, ујп, некоја казничка од полиција.
Сега читам и таа новата директорка на фондот за здраство ја сменаа по брза постапка, откако почнаа да се бунат луѓево. Сега што и да им направиш ќе попуштат, им гори под нозе,а многу бизниси опстојуваат ради нив. Стегнати се од двете страни.

А, инаку да се надоврзам со тие учебници од Кембриџ. Имав пишано на друга тема или на оваа можеби,колку се катастрофа учебниците од превод до содржина. И самите професори ти викаат "па добро можда се малку несфатливи учебниците,ама учете".
Која пара се препере за тие учебници? Колку се платени тие стручните преведувачи кои не знаат основни економски термини и преведуваат буквално и после ела сфати го што сакал преведувачот да каже.
Учам за Британски систем, примена на Британски систем, примери како се уништил инвентар после терористички напад.
Абе јас сум да ни дадат, така книгите на англиски све и нека земаме од сите земји по некоја книга да имаме, од сегде да знаеме, а во Македонија како се применува не мора и онака сме пропала држава.

Значи која трагедија сме не е могуче.
Ја неинформиран коа разбрав дека уведуваат учебници од Кембриџ викам Брао! Профи! Пошо нашиве се сакати и незнаат учебник да склопат, бар по некој светски терк ќе тераме.
Сеа испаѓа дека незнаат ни да ПРЕВЕДАТ УЧЕБНИК
Бооооооооооооооже сачувај!
 
Како и да го преведат брат, и најдобро да е, не е за браво работата. Не викам дека не се квалитетни, но едноставно не се соодветни за нас. За да бидат соодветни, треба да се преуреди образованието, а прашање е и тогаш дали би биле соодветни. Матерјалот во тие учебници е наменет за поинаква општествена и социјална структура, преписка на истиот и применување кај нас ќе биде катастрофално. Многу паралели можам да поврзам, прво што ми паѓа на памет е дека тоа е ко да имаш срање компјутер со 512 рам и да му опнеш некој Виндоус 10 пошто бил поквалитетен. Ќе се збрлави компјутерот пошто други работи му фалат и нема да биде искористен потенцијалот, дури и ќе се уназади. И што сме направиле? Ништо, бетер. Исто би рекол дека е и со ова, фалат други, многу позначајни компоненти во образованието.
 
Почитувам да имаш став, макар бил и провладин во случајов. Имаш свое мислење, имаш своја корист од истиот и во ред. На крај краева, секој со своите цели, нели?

Како што спомн @RATM погоре, специјален поздрав до индиферентните и нивниот добро познат став „абе, ништо нема да се смени“, „џабе е се“ итн...

Тие, тие за какви шамари се...

Исто така. Верувај ми дека солиден дел од државните факултети нудат послабо образование за разлика од некои приватни.
Секаде треба да се направи евалоација. Буквално на секој факултет, без исклучок.
Сум го пропуштил некако постов затоа и покасно враќам :icon_mrgr:
http://forum.kajgana.com/threads/Ќе...Студентски-пленум.75259/page-269#post-7045935
Во овие два поста имам кажано горе-доле се што мислам за образованиево во државата :D

Немам намера да навредам некого што студира на факултет вон УКИМ, ама сепак во голема мерка вистина е дека на приватните факултети и на дисперзираните студии (за Албанските факултети да не правиме муабет), многу се ниски стандардите за положување, што им дава поттик на студентите воопшто да не учат и со минимален труд да положат. Имам другари што се десет пати поинтелегентни од тие што завршиле со мене или студирале на мојот факс (па и од мене), а немаат ни една година исчистено на нивните факултети, затоа што или се разочарале од системот и решиле да се откажат или се тешки мрзи. Муабетот е дека исклучоци секогаш постојат :icon_mrgr:
Приватните факултети некако имаат прифатено повеќе од странските факултети и во некоја мера имаат посоодветна литература која пред се е на Македонски јазик (најчесто автори се самите професори), ама со самото тоа што стандардите за положување им се премногу ниски, нема мотивација кај студентите да учат. Барем од искуство досега сум заклучил дека критериумите се премали за со здобиеното знаење некој во иднина да се пофали дека е дипломец. Да не збориме за тоа што на некои приватни факултети имаш можност да полагаш онлајн, и што некои студенти никогаш немаат полагано, а на нивно местополагале другари или некои кои се соодветни од таа област и имаат исчистено повеќе предмети отколку некои што учат, а сепак не ги бидува толку.

Генерално, канцерот во високото општество почнува со овие факултети, а потоа продолжува на факултетите од УКИМ, чии што аномалии ги имам набројано во моите гореспоменати постови :гик:[DOUBLEPOST=1425087087][/DOUBLEPOST]
А, инаку да се надоврзам со тие учебници од Кембриџ. Имав пишано на друга тема или на оваа можеби,колку се катастрофа учебниците од превод до содржина. И самите професори ти викаат "па добро можда се малку несфатливи учебниците,ама учете".
Која пара се препере за тие учебници? Колку се платени тие стручните преведувачи кои не знаат основни економски термини и преведуваат буквално и после ела сфати го што сакал преведувачот да каже.
Учам за Британски систем, примена на Британски систем, примери како се уништил инвентар после терористички напад.
Абе јас сум да ни дадат, така книгите на англиски све и нека земаме од сите земји по некоја книга да имаме, од сегде да знаеме, а во Македонија како се применува не мора и онака сме пропала држава.

Кембриџ програмата која се воведе во прво до трето одделение, а допрва ќе се воведува во четврто до шесто, па потоа од седмо до деветто одделение ќе биде најголема утка во образованието, ама за жал нема назад.
Министерството има наложено да се учи по таа програма и нема бегање од материјалот. Наставниците во основно не смеат да даваат дополнителни материјали, во спортивно инспекција може да ги казни.
Тие што преведуваат иако земаат солидни суми за тоа, сепак имаат големи маки при преводите на некои термини затоа што во Македонија немаме соодветни термини како што имаат Англичаните.
Фактички наидуваат на проблеми да самите преведувачи востановат нови поими кои ќе се прифатат во иднина во Македонскиот образовен систем.
Останува на преведувачот да одлучи дали ќе даде превод во буквална смисла или пак ќе даде некое свое објаснување.
Гледав некои преводи и да ме прашаа за совет, немаше да знам што да им одговорам.
Едноставно Англичаниве си користат некои термини за кои досега сме немале превод, или пак некоја работа што ние сме ја викале со еден термин кај нив е расцепкана на 4-5 термини и оди преведи ги соодветно...

Уште поголем проблем ќе биде наставниците да се прилагодат на оваа литература. Замислете некои предаваат 30 години по една програма и сега треба да учат нови термини и цела програма одново. Работи кои ние сме ги учеле во шесто на пример, сега може да се погодат во учебник за трето одделение итн.
Чисто се сомневам дека некои наставници ќе се раководат по овие учебници и мислам дека ќе си тераат по тоа по кое што досега предавале.
Критериумите се многу спуштени, тоа што досега се барало за тројка, сега е доволно за петка, па ова ќе биде некој обид да се види дали ваквите критериуми ќе дадат подобар резултат, од аспект на тоа дека досега поради некој потежок материјал во одредени предмети, учениците се решавале целосно да не го учат предметот...
 
Последно уредено:

Тие бруки од книги кај внука ми ги гледам, кога ќе можам ќе сликнам да видиш на шо ги учат.
Најинтересно "куќа е сопствена именка", сега јас си го преиспитувам моево знаење да не сум нешто грешка, барам таму по гугл, ама не куќа да ти било сопствена именка зошто куќата била сопственост на некој!
И најмногу ми е жал шо слепо и веруваат нанаставничката, таа е наставничка, таа знае.
Понатаму преведено "old macdonald had a farm" = Дедо Коле има фарма. И некое време мислеше дека old=дедо.
Сега е по наше трето,за хемиски елементи, хемиски реакции, фотосинтеза учат. Ние таа фотосинтеза ја учевме во петто, хемија имавме во шесто. Не ни можи да запамти, не ни можи во глава да си ги претстави тие работи,а камо ли да ги научи.

А, инаку јас зборував за тие стручните литератури на факултет шо ни ги преведоа и ни ги воведоа по неколку предмети. Е, ја имав таа привилегија да слушам еден таков предмет од "преведена" литература. Тоа преведувано термини шо немаат превод на Македонски, туку го објаснуваат еден збор, една реченица. Многу лошо, многу.
 
Алсат-М | Адеми не гарантира отфрлање на државниот

Ете затоа не треба да се скока ко прле пред магаре.
И јас најдов негова изјава во која тој тврди дека „ немало победници и губитници . “
http://www.telegraf.mk/aktuelno/248...ium=email&utm_campaign=Telegraf.mk-Newsletter

Има... има....
 
Владата попушти само ради бомбите на опозицијата,а не дека се плашија од окупациите на факултетите или од протестите, едноставно не сакаа да се борат на неколку фронта, а инаку недај Боже ако не падне владата од бомбите на опозицијата,тогаш ќе донесат многу по лош закон за високо образование,е тек тогаш никој не ќе може да бега од државниот испит.. Молете се на опозицијата, инаку многу лошо им се пишува на студентите.. (n)
 
@Colt Willcox јас па сега гледам дека си ми реплицирал.
Во целост се согласувам и со предходните постови и со сегашниов. Како потврда, само реплицирав :D

Чисто да надополнам. На приватен факултет завршуа ќоро и сакато. Предноста е што ако сакаш да научиш, имаш простор, можност, литература, достапност до професори/асистенти, за разлика од државните.

Тоа дека критериумот е смешен, сите го знаеме :)
 
Владата попушти само ради бомбите на опозицијата,а не дека се плашија од окупациите на факултетите или од протестите, едноставно не сакаа да се борат на неколку фронта, а инаку недај Боже ако не падне владата од бомбите на опозицијата,тогаш ќе донесат многу по лош закон за високо образование,е тек тогаш никој не ќе може да бега од државниот испит.. Молете се на опозицијата, инаку многу лошо им се пишува на студентите.. (n)

Точно е дека попуштија поради повеќето фронтови, а инаку кога веќе зборуваме што и како се пишува... исто лошо им се пишува на студентите и да дојде "опозицијата".

Долго време лошо и се пишеше на таа социјална група, без разлика на тоа кој беше властодржецот.
 
Последно уредено:
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=9EA205A7D4EEB94C9C82BF047203E4C6
E656BA369CA4AA4DA137A3073FC4DEE1.jpg

каде е ех амбасадорката на Холандија, пријателката на грубиот и е*озовниот да објасни дека не треба да гледаш што праи попот туку што ти кажува :D
 
Мислев и јас да го ставам текстов али со друг коментар, гледам ти си ставил сосема трет коментар...али ок.

Сакав да го пишам следново: Дали Дарко Јаневски имплицира дека студентите требале да бидат претепани од македонската полиција?
 
Јас попрво би се запрашал за веродостојноста и точноста на текстот, сепак уредник на весникот е Дарко Јаневски, а тоа што тој го пишува не е баш за верување.
 
Бааѓи се измачиле од Дневник да ја најдат веста, копале, копале кутрите да најдат еден пример за „дволичната европска демократија“.
 
Бааѓи се измачиле од Дневник да ја најдат веста, копале, копале кутрите да најдат еден пример за „дволичната европска демократија“.
па има во постарите постови како во Лондон полицијата се справи со студентите, а не им е првпат во Лондон, беше и пред некоја година...
По мене ако студентите се навистина единствени нема потреба да спијат во аулите, доволно е мнозинството да не завери семестар... Прашање е дали се мнозинство тие што би го сториле тоа ??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom