Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Што е финтава со таблетиве?
 
Што е финтава со таблетиве?
http://vlada.mk/node/10335

Се надевам ова е последен пост за ова тука. Бидејќи темава почна како реакција на државниот испит и мислам дека е ок да се ограничи на пишувањето на новиот ЗВО и студентските проблеми кои треба да се решат. Ова е само мое мислење, не сум тој кој одлучува.

Што се однесува до пишувањето на новиот ЗВО, утре има работен состанок.
 
Hahahaha ja mislev nekoja akcija na lokalnite kafici e, gledam site kelneri idat i zapisuvaat na tablet poracki.
Tie studenti da ti bile.
 
Чисто да знаете зошто деканот Димитар Трајанов застана на страната на власта кога беа протестите:

12. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров

ГЈ: Ало?
НТ: Горде, Нино е, што праиш?
ГЈ: Добро бе Нино. Еве, сурфам малку...
НТ: Сурфаш?
ГЈ: ...да видам комуњариве што прават.
НТ: Што прават? Хаха. Ништо, што прават. Зулум. Зулум.
ГЈ: Сеир читам.
НТ: Зулум.
ГЈ: Ти што правиш?
НТ: Горде, знаеш зошто те барам? Овој Димитар Трајанов што ни е, таму у Комисија за ИТ, е сега го ставивме декан на новиот факултет..
ГЈ: Аха.
НТ: ФИНКИ што го направивме, тој на спотот што беше. Не знам дали го знаеш...
ГЈ: Не ми текнува, ама не е битно.
НТ: Е сега, неколку пути ме замолува, жена му конкурира сега таму за судија. Не знам како идат тие работи, он мене ме замолува за судија во тој Управен суд, сега ми пушта дека ќе се одлучувало во среда нешто. Па јас си земав обврска, неколку пати му викав: не се занимавам јас со тоа...
ГЈ: А бе види...
НТ:...не можам да ти завршам работа...
ГЈ:...ја да ти кажам..
НТ: ...и он сега ме моли, ме моли. Ми вика те молам само кажи и наша е ептен...
ГЈ: Ај пушти ми го името...
НТ: Вика...пошто е наша, тој е де факто наш, пошто човек у Комисија за ИТ ни е...потпретседател ли што е...
ГЈ: Да де да.
НТ: Е сега, види, ако имате нешто, не знам како да ти кажам...
ГЈ: Знаеш што е работата...
НТ: Чисто партиски ти кажувам...
ГЈ: Реално за овој конкурс многу тешко, пошто више договорени се, поделени се со ДУИ, вака-така, на два дена пред избор е.
НТ: Да де, јасно.
ГЈ: Ама за некој нареден, пушти ми ја да ја знаеме. Знаеш, оти некогаш едноставно ќе се склопат коцките и што се вика некој имал среќа, ама треба да имаш информација во тој момент.
НТ: Да. Ќе му кажам...
ГЈ: Така да, ти во секој случај пушти ми го името.
НТ: Да, ја ќе му кажам. Ја ќе ти го пуштам името...
ГЈ: Ти кажи му, спомав, вака-така.
НТ: Ќе ти ја препратам од него пораката, оваа сега што ми ја пуштил...
ГЈ: Мислам, ја тебе ти кажувам реално како е, за да знаеш, мислам и кога збориш, да имаш осет со каков тон да збориш.
НТ: Да, океј.
 
Знаеме дека Трајанов е вмроец невиден, затоа и му отворија факултет и декан го треснаа :) Новата фенси вмро багра не можеше да издржи на Електро со Тентов и компанија :icon_lol:
 
Тоа е тоа што го зборев долго време :)
ФИНКИ беше факултет оформен од власта за да се намали моќта на двата факултета ПМФ и Електро. Ги пропаднаа факултетите за да изградат нов факултет, кој си го нарекуваат НАШИОТ факултет :)
На ист начин Гоце Делчев е НИВНИ факултет, направен за да се намали моќта на УКИМ.
Раздели па владеј :D
 
Јавна тајна, ете сега и докази (т.е. ова за кого како, за тој кој што мисли дека ова не е автентично, не се докази).

Иначе, само да кажам дека МОН немаат направено никакво истражување околу високото образование. Ова се нивни зборови.
 
Што се случи со преговорите ?

Некако работата ми е секое чудо три дена трае.
 
Што се случи со преговорите ?

Некако работата ми е секое чудо три дена трае.
Какви преговори? Работна група има, се состанува, се работи. До крајот на март би требало да биде финализиран концептот на новиот закон и после да се оди во материјална расправа, односно суштината на законот.
 
Неко инфо имаш или јок?
 
Неко инфо имаш или јок?
Па не те сфаќам, за што поточно инфо? Интерно работната група се има договорено да нема соопштенија во јавност после секоја средба затоа што нема потреба. Јавноста секако ќе биде вклучена, чим биде готова првата верзија од законот. Кога тоа би било искрено не знам. 3-4 месеци сигурно.
 
Ахх... треба да има да се знае до каде оди или дали воопшто оди работата (дијалогот) не е тоа државна безбедносна тајна туку од јавен интерес.

Некако како намерно така ми делуваат и веќе има резултати т.е. сублиминална цензура.
 
Не, туку за да медиумски се олабави работата. За да не се јавуваат медиуми и да прашуваат нонстоп. Нејсе, како што реков, дел од законската процедура е да има јавна расправа во која ќе учествува целата јавност. На целосен Закон поефекасно е да се најдат маните. Овака ако идеме: еве ви го концептот...па има фалинки...па ајде да оправаме...па еве го новиот концепт-ааа сега добар е. Нема течност во работата и нема ефективност.
Работата оди, ете како што пишав, дознавме дека МОН не напраиле апсолутно никакво истражување во периодов. Веќе од МОН не е на министерско ниво, туку раководител на некој сектор ако не се лажам.
 
Може да, ама па ако работата е утната од старт и тоа се види тек на крајот испаѓа дека тие 3-4 месеци се залудно потрошени.
 
Не, туку за да медиумски се олабави работата. За да не се јавуваат медиуми и да прашуваат нонстоп. Нејсе, како што реков, дел од законската процедура е да има јавна расправа во која ќе учествува целата јавност. На целосен Закон поефекасно е да се најдат маните. Овака ако идеме: еве ви го концептот...па има фалинки...па ајде да оправаме...па еве го новиот концепт-ааа сега добар е. Нема течност во работата и нема ефективност.
Работата оди, ете како што пишав, дознавме дека МОН не напраиле апсолутно никакво истражување во периодов. Веќе од МОН не е на министерско ниво, туку раководител на некој сектор ако не се лажам.
Сумљиви ми се, ама ајде ќе видиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom