Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше видео кај што се гледа камерата дека е надвор од школото, а децата внатре затворени! Ех да сум на местото на тие родители, кој ќе ми затвори дете во школо бре?! Тоа е противволно држење=држење во залошништво. Или не слушнале за такво нешто?

https://twitter.com/dArsovec/status/542707612358569984

Како ова на пример...па читајте го ликов, кривично дело е учество на малолетник во протест.... :D :D
Имаше денес и поозбилни работи, на пример комуникациите (телефонијата и интернетот) беа down повеќе од саат -- од 12:20 до 13:20.
 
Just one comment passing by...

Само сакам да кажам дека небитно е што јас мислам за протестот, небитно е што премиерот мисли за протестот, небитно е што опозицијата мисли за протестот... Секоја чест дечки што се собравте во толкав број!
Премиерот треба да биде горд што конечно младината за нешто се сложува.
И тие што објавуваат линкови од курир, сител итн., и тие сакаат да излезат на протестот, ама од горе им кажуваат да линкнуваат и лајкнуваат без веза срања за кое и самите се свесни дека е дебилно.
Не се нервирам што гледам колега од факултет (вработен со врски во државна институција) како шернува курир. Жал ми е за него колку нема свое јас.
Уште еднаш, секоја чест!
 
:love:
B4gwhArIYAAVkye.jpg


Телма уште еднаш покажа зошто има најдобри вести во Македонија.
 
Ти мајку му стара при очи се правиш слеп и при уши глув...
Па мајку му стара толку пати по фејсбукот се напиша дека ова е надпартиска и наднационална иницијатива, толку пати се кажа и денес и деновите пред маршов дека е надпартиска и наднационална иницијатива...
Шо да зееме ние тие што се професори од сдсм да ги претепаме пред камери или па да ги претресуваме сите што доаѓаат дали со себе ја носат книшката од сдсм па да ги каменуваме ?
Тоа доволно ќе биде ?
Вие си знаете.
 
Од сензационални вести од апсења на лихвари, експлодирани бомби во Тетово и Куманово, до држење на ученици под клуч и блокирање на телефонска мрежа. Кај живеам јас у пичку матер бе, па Германија во 39-та била подемократска од државава во која што денес живееме.

Ај Владата што си тера по свое, ама дебилите што ги поддржуваат бе, па Курир, Канал 5, Пулс и остала багра, какви имбецили човече, какви морони... језа ме фаќа од помислата на тоа за какви мизерни суштества се.

Браво пленумци... без сендвичи, без партии, без штабови и автобуси го здрмавте Скопје. Алал нека ви е и не ни помислувајте да застанете тука.
Кога ова го прават за нешто што никако не им ја загрозува позицијата,што и самите го знаат,што ли се би биле спремни да направат кога би помислиле дека би можела да им загрозена позицијата...
 
Ме интересира дали студентите на ФОН и Европски учествуваа на овие протести ? Како што знам од приватните универзитети само Штуловиот учествуваше на протести..
 
Сител известуваат дека имало едвај 3 000 луѓе :pos:
Старите луѓе и ќе веруваат дека имало толку и ќе им бидат криви студентите, а не владата.
 
Ме интересира дали студентите на ФОН и Европски учествуваа на овие протести ? Како што знам од приватните универзитети само Штуловиот учествуваше на протести..


Барем јас колку што ги видов, а живеам карши Европски, пола си пиеа кафенце надвор пред факс .. :)
 
Исто како што оваа предложена измена на законот не е донесена после седенка во кафана. Си имаат они тактики ај ти :)
Па не е после седенка во кафана, ама сигурно е после серија кокаински линии, тактиката им е лесна за разбивање, бидејќи пола од нив се неписмени и мислат дека само со заплашување ќе спроведат се што ќе им текне, без да ги земат во обзир законските регулативи или простата логика
 
Моментално почна лајнуриите на СИТЕЛ дека на протести учестувале само партиски активисти на СДСМ..:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom