Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено последно гајле во вселената ми е дали студентите ке полагаат или не. Оддамна не сум студент така да сте полагале , не сте полагале и што е подобро за вас вие си знаете. Еден ден вие ке ги чувствувате последиците од вашите одлуки кои можат уште сега да се насетат какви ке бидат. Но дали јас се согласувам или не со протестот нема никава врска со мојот пост.
Мене секако многу работи ми се јасни, тебе очигледно допрва ќе ти се разјаснат што сакав да ви воочам.

Веќе ги чуствуваме последиците од учките во влада и сите можни министерства притоа непоседувајки соодветно образование за тоа, неможност за вработување доколку немаш партиска книшка, корупција и врски на секое место, факултет во секое село каде што се пуштаат неквалитетни кадри итн. А се тоа тоа го направија политичарите кои ги прават и овие „реформи“ сега.
 
Се напнаа не се напнаа, колку јас што можев да видам повеќето беа таму заедно со студентите и протестираа. На многу ке им ја затневте муцката ако пред камери ги исшиканиравте за да им дадете до знаење на сите дека ова се чисто студентски протести , а не некој да се кити со туѓи перја. Можевте барем еден плакат да напишете дека се оградувате од соросоидите и опозоицијата и дека тие таму не се добредојдени. Вака жал ми е ама ......
Милион пати се кажа дека протестите се непартиски, што треба повеќе од тоа? И на крајот на краиштата кој може да им забрани на членови на некоја партија или организација да присуствуваат доколку нивните ставови се поклопуваат со студентските?
Ова ќе му дојде „сакаме масовност ама не примаме членови на партии или било какви организации само за да не добиеме етикета“. Нема шанси да не бидеш заокружен од Курир, ако сакаш докажувај им на секој поединечно дека не си дел од партија.
 
1. Кои 5000 човече, барем 7500 има тука, ако не и до 8500. Нереално делува бројката во плусинфо мислам, 15 илјади или така нешто, Телма рекоа 10.000. И таа бројка од 7500 е покрај сите притисоци, закани врз студентите и средношколците!
2. Се докажа дека ова е надпартиско и наднационално движење. НИЕДЕН ИНЦИДЕНТ! Секако од посериозна природа, никој не извади знаме, единствено знаме беше од Боб Марли нешто. :D Се затнаа муцките на тие што викаа сдсмовци, соросоиди, бранковци, заевци, куревци, палевци. ;) Поканата беше кон сите граѓани на Р.М. Слободно, доколку пример рецимо Влатко Ѓорчев е против државен испит (екстерно тестирање) ние нормално ќе го примиме во толпата, секако без обележја на неговата партија. Или било кој друг од било која партија. Ама ок, во оваа наша вукојебина немаме свест за такви работи.

3. Курир, прес24, Нетпрес, АБЕ НЕБИТНИ СТЕ КО СПУКМ!! Само тоа да ви кажам. Ама знаете што, плукавте, плукавте, оцрнувавте и бам! 4000 плус во однос на првиот марш. Ако, пак вие плукајте, па на евентуален следен марш петоцифрена бројка да биде!


Верувајте ми, горд сум што сум студент и што бев дел од овие луѓе. Солзи ми навираа на очите сега кога ги гледав сликите, колку многу луѓе имаше денеска. Да го пофалам и @RickyLFC9. :D Прекрасни сцени, студенти, средношколци, професори од факулети и средно школо, пензионери, вработени, ГРАЃАНИ НА Македонија!

Голем срам за гимназијата каде поминав убави 4 години, Корчагин, кружи сликата на Твитер за затворени врати и обезбедување пред вратата. Но, тоа се случило откако веќе најголем дел од смената 3/4 година си заминале на големиот одмор. Али после морале да отворат, дошле притисоци од родители, што е сосема нормално.

Иначе, дечкото со дронот бил само на информативен разговор, пуштен е и вратени му се снимките.

Слики од Прилеп? Почит за дечките од таму и од Битола!!
 
Група студенти од Тирана
B4gqjaXIYAA8H22.jpg
 
Дали реформите се лоши или студентите се усраа дека не можат така лесно да земаат дипломи повеќе? Сите зборуваа како квалитетот на образованието е на најниско ниво, како сите земале дипломи, а кога сега се воведува рестрикција сите си ги наполнија гаќите. Кај нас луѓе завршуваат факултети, а не знаат правопис. Мора да има реформа.
Уште два три испити не менува ништо, посебно ако се полагаат до бескрај, реформа како реформа за подобро образование е добра, ама имплементацијата т.е екстерен испит од државен орган ти е нешто, како се собрале друштво кај некој дома, пушеле трава, шмркале кокаин и почнале со brainstorming
 
Еден ден вие ке ги чувствувате последиците од вашите одлуки кои можат уште сега да се насетат какви ке бидат.
Не се секирај владе, додека да осети оваа генерација на студенти што протестираше денес било какви последици од неполагање на екстерно ти давно од тогаш ќе скинеш конци. ;)
 
Веќе ги чуствуваме последиците од учките во влада и сите можни министерства притоа непоседувајки соодветно образование за тоа, неможност за вработување доколку немаш партиска книшка, корупција и врски на секое место, факултет во секое село каде што се пуштаат неквалитетни кадри итн. А се тоа тоа го направија “попаметните“ од нас студентите..
Многу си возбуден и те разбирам. И јас порано бев дете.
Поентата ми ја промашуваш.
Не е битно за што се залагате, како што реков ваше право без разлика дали грешите или не.
Јас сакам да ви воочам на еден пропуст кој максимално ке биди искористен во ваша штета.
 
Кој мисли дека се протестира бидејќи на студентите не им се учи и сакаат да поминат со 6ка (а пази, испитов треба само со 6ка да се помине, макар имал 10.00) ништо не сфатил.

Иначе, https://www.facebook.com/events/1510969832503875/ бујрум кој сака, ова е уште еден доказ дека Пленумот не е само за на улица, туку е и за дијалог во форма на дискусија/дебата или во случајов трибина.
 
http://slobodenprostor.com/?p=1925

Во Прилеп имало огромни притисоци врз средношколците...
Имаше видео кај што се гледа камерата дека е надвор од школото, а децата внатре затворени! Ех да сум на местото на тие родители, кој ќе ми затвори дете во школо бре?! Тоа е противволно држење=држење во залошништво. Или не слушнале за такво нешто?

https://twitter.com/dArsovec/status/542707612358569984

Како ова на пример...па читајте го ликов, кривично дело е учество на малолетник во протест.... :D :D
 
Се напнаа не се напнаа, колку јас што можев да видам повеќето беа таму заедно со студентите и протестираа. На многу ке им ја затневте муцката ако пред камери ги исшиканиравте за да им дадете до знаење на сите дека ова се чисто студентски протести , а не некој да се кити со туѓи перја. Можевте барем еден плакат да напишете дека се оградувате од соросоидите и опозоицијата и дека тие таму не се добредојдени. Вака жал ми е ама ......
Ти мајку му стара при очи се правиш слеп и при уши глув...
Па мајку му стара толку пати по фејсбукот се напиша дека ова е надпартиска и наднационална иницијатива, толку пати се кажа и денес и деновите пред маршов дека е надпартиска и наднационална иницијатива...
Шо да зееме ние тие што се професори од сдсм да ги претепаме пред камери или па да ги претресуваме сите што доаѓаат дали со себе ја носат книшката од сдсм па да ги каменуваме ?
Тоа доволно ќе биде ?
 
Милион пати се кажа дека протестите се непартиски, што треба повеќе од тоа? И на крајот на краиштата кој може да им забрани на членови на некоја партија или организација да присуствуваат доколку нивните ставови се поклопуваат со студентските?
Ова ќе му дојде „сакаме масовност ама не примаме членови на партии или било какви организации само за да не добиеме етикета“. Нема шанси да не бидеш заокружен од Курир, ако сакаш докажувај им на секој поединечно дека не си дел од партија.
Надвор од темата но морам да те прашам каков би бил твојот став да ви се приклучеа на протестите и оние кои до некни протестираа за ослободување на .......
и да се размафтаа таму со зелени знамиња.
Истоит став ке го имаше ?
Инаку може да се забрани многу лесно. Ке го фатите двајца под рамо и ке го изнесите надвор од толпата, ке му се заблагодарите на подршката и фала пријатно.
Па уште сето тоа ако го има на камера кај ке ви беше крајот. Ни Курир, ни Сител ни никој нема да можеше да ви го деградира протестот.
 
Многу си возбуден и те разбирам. И јас порано бев дете.
Поентата ми ја промашуваш.
Не е битно за што се залагате, како што реков ваше право без разлика дали грешите или не.
Јас сакам да ви воочам на еден пропуст кој максимално ке биди искористен во ваша штета.

Немаш одговор за последиците што ти ги набројав кој веќе ги трпиме па почна сега да ја вртиш темата ?
Беден си владе, тоа што до вчера си работел за 8.000 денари а сега со книшка те бутнале во државна за 20.000 само покажува колку си беден, 24/7 јадеш г...и лижеш гз за 20.000 денари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom