Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Чекајте бе, полека малце шо сте се попалиле...
Интересното со курир доаѓа утре, коа ќе им стигнат напишаните текстови и заокружените слики од партија :)
 
Заврши дневник 1 на МТВ. ИНтересно што војничината се инфилтрирале во народот и испосликале сите нестудени и оп на тв со заокужени ликови со текст кој е што е... Најинтересен ми беше текст тој и тој син на таа и таа. Па добре бе побогу, вас штркот да не донесе или дојдевте на овај свет со одлука на влада па немате родители ...
 
Мачно ми е од спиновите на провладините медиуми. Се напнаа со СОРОС веќе
 
Слушам човек вели ајде да ја истераме оваа борба? Значи некој ви пречи, а не нешто, што во случајот е државен испит...да секоја чест за бројката на улиците, искористено е правото, но барем нека признаат 80% од нив дека не им е многу до учење, не сакаат да бидат премногу интелигентни, односно едноставно навјважно е да се положи со шестка...
 
Што им е целта со тоа што спамуваат дека СОРОС и СДСМ стоеле позади протестите? Само ја усложнуваат работата и ќе биде потешко да се реши. Доста живеат во друга димензија, време е да погледнат низ прозор и да ја видат реалноста.[DOUBLEPOST=1418231270][/DOUBLEPOST]
Слушам човек вели ајде да ја истераме оваа борба? Значи некој ви пречи, а не нешто, што во случајот е државен испит...да секоја чест за бројката на улиците, искористено е правото, но барем нека признаат 80% од нив дека не им е многу до учење, не сакаат да бидат премногу интелигентни, односно едноставно навјважно е да се положи со шестка...

Демек ако вметнат испити студентите магично ќе стекнат IQ од 150 и ќе поминуваат со десетки?
 
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ГО ОТФРЛИ КОНЦЕПТОТ ЗА ДРЖАВЕН ИСПИТ

Факултетската управа на Правниот факултет денеска првично го отфрли концептот за државен испит како противуставен. Оваа вест денеска ја потврди и деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, кој рече дека материјалот ќе им биде поделен на сите вработени да се изјаснат.

И покрај кусиот рок од само шест дена, како што се дознава, во мислењето било оценето дека оваа проверка е во спротивност со концептот на високо образование и претставува „несоодветен обид за нивелирање на квалитетот преку унифицирана проверка“. Притоа, било нагласено и дека УКИМ веќе подлежи на надворешна евалуација што се спроведува од ЕУ. Сепак, Правниот факултет ја поздравува идејата на Владата за донесување комплетно нов Закон за високо образование, кој ја регулира работата на јавните и на приватните високообразовни институции. Воедно се надеваат дека во иднина ќе се реши и прашањето за финансирањето и дека нема во иднина некои високообразовни институции да се финансираат со 78,5 отсто буџетски средства, за разлика од другите.

И Студентскиот пленум побара од Правниот факултет да донесе став за државниот испит, по што деканот на овој факултет свика Факултетска управа, на која, како што се дознава, со стручни аргументи и забелешки, од страна на повеќе професори бил отфрлен концептот за државен испит.

Конечната одлука ќе биде донесена в петок, а претходно професорите на Управата ќе дебатираат и ќе ги спротивстават аргументите „за“ и „против“.

Овој потег доаѓа откако Министерството за образование го испрати концептот за државен испит до сите ректори на универзитетите, а потоа во петокот бил препратен до деканите да го разгледаат и да го анализираат.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=EA34143C57EA6640B8B7DBE142D298A8
 
Од сензационални вести од апсења на лихвари, експлодирани бомби во Тетово и Куманово, до држење на ученици под клуч и блокирање на телефонска мрежа. Кај живеам јас у пичку матер бе, па Германија во 39-та била подемократска од државава во која што денес живееме.

Ај Владата што си тера по свое, ама дебилите што ги поддржуваат бе, па Курир, Канал 5, Пулс и остала багра, какви имбецили човече, какви морони... језа ме фаќа од помислата на тоа за какви мизерни суштества се.

Браво пленумци... без сендвичи, без партии, без штабови и автобуси го здрмавте Скопје. Алал нека ви е и не ни помислувајте да застанете тука.
 
Слушам човек вели ајде да ја истераме оваа борба? Значи некој ви пречи, а не нешто, што во случајот е државен испит...да секоја чест за бројката на улиците, искористено е правото, но барем нека признаат 80% од нив дека не им е многу до учење, не сакаат да бидат премногу интелигентни, односно едноставно навјважно е да се положи со шестка...
Мене не ми е ни до учењето ни до испитот али имам бар 2 грама мозок и ме пизди пропагандава и заокружувањата. Некој се умислил дека е ова е Советскиот сојуз,а партискиве војничиња дека се тајната полиција па ќе не снимаат и заокружуваат. Слободно дремете дома само да не те пуштат следниот протест како што не ги пуштаат средношколците сеа.
Иначе на протестов имаше студенти што се 10.00 на електро,веројатно бар они се интелентни колку цел ваш штаб заедно.
 
Слушам човек вели ајде да ја истераме оваа борба? Значи некој ви пречи, а не нешто, што во случајот е државен испит...да секоја чест за бројката на улиците, искористено е правото, но барем нека признаат 80% од нив дека не им е многу до учење, не сакаат да бидат премногу интелигентни, односно едноставно навјважно е да се положи со шестка...
Кога критериум за вработување ќе е просекот и ќе имаш бар 10 дена практична работа од факултетот, тогаш ќе се замараш.Ниеден газда во угостителство не побарал просек за келнерите.
 
Колку сака нека ги пребројуваат, денеска имаше повеќе од 5000 студенти(моја проценка е 7000). Зошто ја одбрав бројата од 5000, епа затоа што претседателот на СПУКИМ е избран со 4000 гласови. Еве му официјално соопштение дека не е легитимен >
B4fysUcCcAEgYg9.jpg

Сега комотно може а се охрабруваат сите студенти што не беа денеска дека они самите се тие што одлучуваат и никој не ги претставува и треба да се приклучат на иницијативата.
 
Како што кажав предходно, што сега? Прво викаа дека студентите се манипулирани, дека излегле на протест оти не знаеле дека не е екстерен испит туку државен испит. Ги подучија, направија измени за да ги задржат дома и денес бројноста на излезени е поголема од предходно. Што така хммм :)

Според мене ова ни е последната шанса за спротивставување на самоволието. Доколку повторно попуштиме, засекогаш го губиме правото за револт. Ова што се случуваше денес сметам дека е и ќе биде доволно инспиративно за сите луѓе во оваа држава да излезат од дома и да го кажат својот став и за други сулуди идеи на оваа Влада. Пленумот не смее да се повлече. Студентите не смеат да се повлечат сега. Голем е срамот кој ќе го носиме во иднина! А они нема да попуштат така лесно. Свесни се дека доколку попуштат пред студентите, тоа ќе отвори простор за нови организирања во иднина. Тоа секако не им одговара.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom