Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Пленумот е далеку подобра опција, затоа што е одлика на директната демократија, нехиерархична структура. Претставничките организации придонесуваат кон дополнително заспивање на и онака преапатичниот народ. Не сме научени директно да бидеме инволвирани, не нѐ засега, секогаш се чека на некој друг. Треба секој да одлучува сам за себе, така се развива критичка мисла, култура на протести, солидарност и помага кон градење на поздраво општество.

Се е убаво вака на хартија арно ама во нашето политизирано општество многу е тешко да се развие здрава критичка мисла. Првиот ден ако се соберат 50 луѓе кои навистина простестираат од некој практични побуни, веќе вториот ден ти се лепи една партија која сака да извади ќар од настанот додека другата партија па веднаш става етикета. Истото е и со овој протест кој утре ќе биде подржан од многу партиски активисти и исто така ќе биде оспорен од партиски активисти од другиот табор а тие што имале навистина искрени побуди ќе исчезнат меѓу нив и буквално повторно ќе се изгубат меѓу партиското препукување кое ќе се случи наредниот ден.
Тоа е тоа за жал. Единствена организација на која досега според мене им успеало да останат независни се оние ентузијасти од групата „НА ТОЧАК„ но кај нив 500 луѓе ќе се соберат и тоа е нашиот капацитет. За нивна среќа уште свеста за екологијата не е толку развиена па затоа им е дозволено вака непартиски да делуват. За разлика од нив во образованието се кријат многу политички поени така да друже колку и да се трудите големите играчи веќе се имат позиционирано.
 
Се е убаво вака на хартија арно ама во нашето политизирано општество многу е тешко да се развие здрава критичка мисла. Првиот ден ако се соберат 50 луѓе кои навистина простестираат од некој практични побуни, веќе вториот ден ти се лепи една партија која сака да извади ќар од настанот додека другата партија па веднаш става етикета. Истото е и со овој протест кој утре ќе биде подржан од многу партиски активисти и исто така ќе биде оспорен од партиски активисти од другиот табор а тие што имале навистина искрени побуди ќе исчезнат меѓу нив и буквално повторно ќе се изгубат меѓу партиското препукување кое ќе се случи наредниот ден.
Тоа е тоа за жал. Единствена организација на која досега според мене им успеало да останат независни се оние ентузијасти од групата „НА ТОЧАК„ но кај нив 500 луѓе ќе се соберат и тоа е нашиот капацитет. За нивна среќа уште свеста за екологијата не е толку развиена па затоа им е дозволено вака непартиски да делуват. За разлика од нив во образованието се кријат многу политички поени така да друже колку и да се трудите големите играчи веќе се имат позиционирано.

Верувам зборот што го бараш е партизирано. Мора да се стави крај на политичката неписменост и моменталните случувања нудат одлична можност. Да се разграничува меѓу политичко и партиско. Секој протест и пленум е во основа политички, од проста причина што е политички акт. Кога се наметнува партиска заднина, тогаш се зборува за партизирано. Се ежам кога читам статии од универзитетски професори, кои не ги разграничуваат овие два поима, а си дрзнуваат негативно да ги критикуваат активностите на студентите. Ова општо, не конкретно кон тебе наменето.

Дека е тешко да се развива критичка мисла, се согласувам. Дека има долга историја на лепење партиски (значи не политички, туку партиски) етикети - исто. Дека само од себе нема да се смени - нема. Е, сеа, или ќе се поткрени нешто, или ќе се допушта ситуацијата да продолжи, па дури и да се влоши. Пленумот како политичка структура има најголеми шанси да го оттргне општеството од статус кво, од причина што не се заснова на хиерахија, нема претставници (само делегати, кои ротираат), отворен е за секој, еден човек = еден глас. Поттикнува луѓето директно да се активираат во одлуките кои се носат, ги буди од апатичната заспаност. Во секој случај ветува повеќе од која било организација со претставници. Не тврдам дека не е можно да не се поквари, него дека помали се шансите. Научени сме да чекаме од друг, а потоа се жалиме како нѐ изманипулирале, кога во суштина сами сме го дозволиле тоа.

Јасно е, не може наеднаш ситуацијата да се смени за 360 степени, но што уште преостанува? Моментално се чувствува некој револт, сплотеност, енергија, спремност и треба да се искористи. Можеби нема толку да влијае конкретно за проблемот кон екстерното, но ќе е добра подлога за понатамошни акции.
 
Слушајте го Јанко:cenzura::sick:
 
Јанко јавува Миленко дека кажал оти бомби фрлиле во Тетово и Куманово........MOWWWWWWW.....осеќам се спиновано
 
Утрешен Слободен печат: Студентите ќе водат, сите ќе марширамe!
Ќе биде забавно да видиме кој ќе води кој ќе маршира хихи. Ајде веќе нека дојде среда, едвај чекам бојанчо да рече У ПРАВО БЕШЕ!
Абе другaр ти сигурнo и гo мaвaш нaвечер пред спиење нa мoјoв aвaтaр :D



Инaче се нaдевaм декa сите вие штo дaвaте мoрaлнa пoддршкa и сте јaки вo пишувaње нa фoрумoв, ќе бидете истo тoлку јaки и вo 12.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Ај од прва рака да ви пишам ко средношколец. Низ скопските гимназии се закануваат со неоправдани (што е и нормално) и ништо друго. Утре се очекува и врати да ни заклучат ама тоа е најмал проблем. Тие што нема да отидат на протест под изговор дека вратите им биле заклучени или ќе добијат неоправдани се ПИЧКИ најголеми и за мене се поддржувачи на екстерното.
Утре очекувам да има минимум 5000 луѓе. Се гледаме во 12 пред УКИМ:cujte::cujte::cujte:
 
А сега истите тие, за нешто што реално е 100 пати по небитно глумат авангарда и револуции.
Да за протестот, не за лупање во гради и глумење лудило.

Еве на пример ја сум огромен хејтер на лажните авангардисти. Реално, голем дел од нив се и навистина платени од СОРОС и слични сумливи невладини организации да јадат гомна за се македонско. Од нивните настани, досега немам поддржан речиси ниту еден.

Ама ова е многу подруго. Јебига, нож до коска каде што „непријателот на мојот непријател ми е пријател“. Јас знам дека таквите ќе избегаат пичкарски и ќе минат на другата страна кога ќе се работи за некое национално прашање, ама знам дека ни овие што се сега на власт нема да направат ништо патриотско, затоа што постапките кои ги прават не се такви и не даваат надеж.

Назад на протестот, ова е најчистиот кој го паметам ја у моиве 20+ години. На првиот марш имаше и припадници на УМС. Сега тешко дека паќ ќе ги има, затоа што знаеме дека им се вршат притисоци и закани, дури поинтензивни и од тие за изборите.

За разлика од минатите неколку изборни циклуси и неуспешни авангардни протести, сега на „челнициве“ баш им се затресени загреаните задници по малку. Нивната машинерија има све под контрола, песимист сум дека ќе се издржи до крај. Али дека не им е сеедно може да се види.

Поентата ми е, ја сум крвник на овие шо ги споменав и ни малку не стојам како нивен поддржувач. Ги поддржувам моите колеги и врсници. Стојам зад протестот и толку, заебете ги тие политички етикети.

Нејсе, влегов у темава за да го пишам следново. Прееска глеам дел од пропагандата, претставник професор од правен беше Александар Климовски. Кој бил макар на едно негово предавање знае каква лефтерка е. Братот чита од факинг презентации, изразувањето му е ко на третооделенец и сеа он ќе каже дека ова било оправдано, он, кој поминал со врски и непотизам. :pos:

Ја нема да идам утре, слава ми е, го сјебаа датумов. Али со сето срце сакам да биде поголема бројката од минатиот пат. Макар и да не се успеало, барем да покажеме дека не сме закоравиле до толку и дека има уште младина која нема да стави туѓи розеви очила на себе.
 
@ElNinho па кој му е татко...:D Така се бутнал и он во професорските води. Нејсе.

Брутус, скратени часови значи дека тие од втора смена ќе бидат рецимо од 12-15 (лупам, али отприлика ти кажувам). Ако трета и 4та се втора смена. Иначе, овие од СКопје средношколците, дури и да им затворат, последен час им завршува во 12:30 најчесто, бујрум, нека се приклучат, за 10тина минути ќе не стигнат. Ама кој сака, ќе дојде и порано, разно разни начини ќе најде. И да, нека им стават кецови (пошто нели, такви закани слушаме)...али после екстерното во февруари. :D :D

Веќе не одговарам на било какви етикетирања на Студентскиот пленум и неговата наводна заднина. Смачено ми е по 100ти пат да ви одговарам.

Се гледаме утре, поздрав и само едно мало упатство.

timthumb.php.jpg
 
Оф леле ко што гледам и за магистерски и за докторски ќе имало екстерно/државен испит, уште тоа фалеше, работава е луд јебе збуњеног
 

За средношколците ако сте сите сложни повеќето класови да идете на марш, нормално е и знам дека нема сите да се сложат ама во "најлош" случај да не идете цел ден у школо за да не ве затворат у школо, ке ви го :pusigo: само ништо друго...
 
Оф леле ко што гледам и за магистерски и за докторски ќе имало екстерно/државен испит, уште тоа фалеше, работава е луд јебе збуњеног
Ко не полуди, није нормалан!!

Екстерно оценување на трет циклус? Дали знаат што зборат бе, дали имаат грам памет? Прво се во прашање илјадници евра, денови, месеци, години труд, еден куп трудови, текстови, статии се' со цел да станеш доктор. Не е баш така лесно ко што си мислат. За магистер да, реално лесно е да станеш денеска, завршуваш 2-3 семестри и спремаш магистерска дисертација и тоа е. Али за доктор на науки е сосема поинаку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom