Колку да те уведам тебе и другите. Си има интерни пленуми на кои се гласаше дали да има трибина. Повеќето интерните изгласаа да има трибина. Протест/марш отприлика се наговестуваше после целата игноранција од страна на надлежните.Изгледа имам 9 саати да размислам, а?
Па најверојатно не би излегол на протест бидејќи не учествував на ниеден собор кој се одржал досега. Би сакал да учествувам на еден од нив и да видам што како се дискутира, смирено да се искажат аргументите пред да почне гласно да се вика, или еве ако нема веќе такви собори ти можеш да ми кажеш пошто дефинитивно од тука си најактивен и најупатен, па чисто да имам идеја за тоа и да видам што ќе правам утре.
Најдемократски на генерален пленум се гласаше дали прво марш или прво трибина. Маршот како првенствен доби поголема подршка, но трибината ќе биде наскоро организирана (не зависи само од Пленумот тоа, треба да се обезбедат и технички услови).
Си има дневен ред, се оди точка по точка, секој може да каже што сака. Мада доста од ставовите се повторуваат, тоа треба да се среди малце за да бидеме поефикасни. Откако ќе се заврши дискусијата се оди на гласање. Седницата има координатор кој само ја води седницата, го води редот за дискусија, пази на редот меѓу другите студенти и на крај дава заклучок. Секој собир има нов координатор (најчесто се двајца). Се гласаше дури и за денот дали среда или четврток, за 2-3 гласа победи четврток, но бидејќи утре (т.е. веќе денес) е ден на човековите права + тогаш се мислеше дека во четврток ќе врне, а среда ќе биде добро (што испадна некако обратно на крај) се смени за среда.
Иначе, на тие собири учествуваат 100-150 души, а на првиот марш излегоа 3000 повеќе.
