Да бев ме нормална држава како што не сме , студентите ќе имаа независен синдикат кој ќе седне да преговара со владата. Сега вака од една страна имаме некоја организација која е директно подржана од опозицијата а од друга страна имаме студенстки сојуз кој место да ги застапува правата на судентите е исто така партиски раководен.
Чекајте малку другари, да бевме нормална држава, улогата на болдираното ќе ја имаше СПУКМ, како главно и најголемо студентско тело. Ама, имаме сојуз чиј лидер се бира со 1000 гласа, на избори на кои никој не знае кога се оддржуваат и под сомнителни околности. Тој ист лидер смета дека нема зошто да се протестирало, не било време за тоа, не требало на улица да се излага. Тоа е тој полтронски менталитет, пошто очигледно за него битките со седење на кафе се добиваат, а не со кревање на глас.
И да се разбереме, нашата опозиција е утепана максимално. Во нормална држава, опозицијата е КОРЕКТОР на власта, тие треба за секоја одлука да се фаќаат, секоја ситница да ја преџвакуваат, да бидат гласни, особено за вакви работи. Опозиција не е партија, опозиција по сите демократски мерки е противтежа на власта, која ќе предизвикува дебати, која ќе пркоси кога нешто нема да штима од страна на власта.
Нормално дека ваков протест ќе биде поддржан од опозиција, секаде во светот така се прави, само проблемот е што нашата опозиција е тотално изгубена, јас не ги видов нив да излезат нешто асално да кажат, што ги прави само тотално изгубени ко гуски во магла. Се замајуваат со бомби више 100 месеци, па и на луѓето више им е преку глава да ги слушаат.
Од друга страна, власта исто не е партија, власта се луѓе од коалиција/партија кои добиле институционална моќ за да донесуваат и спроведуваат различни политики. Во овој случај владеачката партија пробува насилнички и арогантно да протнува закони, правила и измени, па уште секој протест го уништува и она кажува што е легитимен протест, жити мајка... Не седнале да направат муабет со никого, ќе им текне нешто и одма мора да се спроведе и на крај ја вртат истата плоча, овие вакви, оние онакви, не сум видела во последниве 2-3 години да речат, признаваме, еве ова не беше добро, ќе го послушаме гласот на народот. Се нив Сорос им е крив.
И едните и другите се отидени во неповрат.
Насилници + неспособни = Ситуацијата во која се наоѓа оваа држава.