Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Моите деца нема да студираат во Македонија. Сум го напишал тоа пред неколку месеци во една друга тема. Мојата борба во Македонија е завршена од лични причини што не сакам да ги дискутирам со сите.

Да, и денес студентите се сеуште срам. Ама не за државата. И не, на студентите не им се работи. Затоа што ако им се работеше, ќе беа потготвени за бурата срања од извршната власт. А не кампањски да бараат права. Треба систематски.

Знам што има и на е Учебници, знам што има во книгите. Сум прелистал, сум видел. Тоа е тоа. Медиокритетот и идиотизмот се новите стандарди во Македонија. И нема да се сменат. Зошто? Затоа што на сите до еден им одговара. Од првооделенец до академиците.
Не секој родител ја има можноста да го запише своето дете на студии надвор во државата. Сите знаеме што и каде вреди, но далеку е Америка и злато што сија за 90% од родителите кои имаат деца идни студенти. Како државава ги има стимулирано студентиве да работат? Со тоа што ќе си оставам нерви и младост мин 6 години на факултетот за да работам како келнерка во кафич или во конфекција(во Кочани само тоа и функционира). Да не се разбереме погрешно, не барам јас да седнам на директорското место, туку барам барем да можам да се вработам на струката. Денес во државата фукционира само државното и тоа ако и само ако имаш книшка и врски као сајла, оној кој нема, џабе му е и знаење и квалитет. Приватното го као демек форсираат, но ако газдите не играат како им се свире, ќе ги убијат со инспекции и што уште не, за да на крај луѓето бидат присилени да го затворат бизнисот.

Труло е од сржта, и од таму треба да се промени. Можеш ти да ја ставиш и најубавата фасада на куќата, но ако темелите се трули, еден ден се ќе ти се сруши над глава. Останува да видиме кога ќе се случи тоа.
 

1. Каде реков дека студентите во мојата генерација биле подобори?
2. Каде реков дека стандардите во мојата генерација биле многу повисоки?
3. Каде реков дека мојата борба завршила успешно? Јас само реков дека завршила, а не како и зошто.
4. Ич не ми е криво што се одлучни во својата борба. Криво ми е што нема ништо да постигнат, затоа што до болка ја знам страната против која се борат.
5. Јас сум свесен дека не сум нешто посебно. Човек со средонстатистички способноси, ни повеќе, ни помалку. Медиокритет.
 
Колку се избрукавме како држава во регионот а и опште во светот, срам ми е да кажам дека сум македонец, еден другар што го имам од Хрватска вчера баш ми рече, абе што е работата со вас ? Слушнав дека вашата влада немала доверба на македонските универзитети, па заради тоа сакале да ви воведат државни испити ? И продолжува да ме прашува, стварно ли е така ? Зошто студентските протести не се почитува кај вас ? Како може владата наеднаш без докази да ги клевети вашите универзитети?

Абе колку се засрамив немате престава, заради погрешните и идиотските политики на владата се избрукавме пред се како народ а и како држава на меѓународна сцена, ние сме единствена земја во светот што владата ги понижи универзитетите и студентите,а во едно и го уништи кредибилитетот на македонското образование. Замислете во иднина странски компании кога ќе треба да ги вработат нашите млади какво размислување ќе имаат кон дипломираните? Многу просто ќе се размислат,кога нивната влада нема доверба зошто пак јас како странец да имам? Замислитете кога нашите дипломирани ќе бараат работа во странство? Какво размислување ќе имаат странците према нас ?
Многу просто и едноставно, кога дома те понижуваат и те вреѓаат што остана кога ќе одиш кај комшијата или кај некој друг..

Со ова постапка на Владата фактички испадна дека секој дипломиран во Македонија е со купена диплома.. Абе АРАМ да им секој глас што сме ги изгласале.

Апсолутно си во право..
 
Моите деца нема да студираат во Македонија. Сум го напишал тоа пред неколку месеци во една друга тема. Мојата борба во Македонија е завршена од лични причини што не сакам да ги дискутирам со сите.

Да, и денес студентите се сеуште срам. Ама не за државата. И не, на студентите не им се работи. Затоа што ако им се работеше, ќе беа потготвени за бурата срања од извршната власт. А не кампањски да бараат права. Треба систематски.

Знам што има и на е Учебници, знам што има во книгите. Сум прелистал, сум видел. Тоа е тоа. Медиокритетот и идиотизмот се новите стандарди во Македонија. И нема да се сменат. Зошто? Затоа што на сите до еден им одговара. Од првооделенец до академиците.

Епа тогаш нечии други деца ќе студираат, нечии деца ќе се жртви на овој образовен систем кој моментално е срање.
И некој кога после толку години закржлавеност на нација, пробува тоа да го промени, наидува на игнорирање од власта,медиумски молк, на форумско делење правда од страна и други работи.
Она што сакам да го кажам е да не ги кривиш студентите за грешките што (ако си постар) си ги правел ти и нашите родители, не можиме наеднаш да ги побараме сите права, кога знајш колкава моќ има политиката врз секоја пора на оваа ебана држава.
Она што сега го бараме е да се прекини со ваквите идиотски реформи кои во моментов сакаат да ги спроведат во високото образование, поготово од надлежен човек кој едно лице или време во реченица не знае да склопи. На некој начин и се прекина во моментот кога мислеа да не смират по првиот протест дека нема да важи за нас екстерното.

Се привикнуваме на се,а знаеш зошто? Затоа што од дома така на сите не учат, затоа што сите живеат во страв, "ќути синко, не знаеш утре што ќе ти направат, утре нема да се вработиш, утре ујп ќе не затвори, утре полиција ќе те казни", ете затоа. И затоа не можиш ниту еден човек од администрација, од просвета да го извадиш на улица иако платата можи само да си ја напика в газ. Затоа што партиската книшка нив им е единствена егзистенција.

Ако сакаат реформи, се почнува од дното,а не од врвот.
Нека средат малку кој све не се учители и учителки во основно, ама не можат пошо на еден учител имаат 20 гласачи.
Овдека немаат толкава моќ,а нив тоа им смета.
 
Така е, не секој родител ја има можноста да финансира децата да студираат во странство. Некој мора да остане и во Македонија. После 20-30 години ќе има многу кои ќе се вратат назад.
Македонија никогаш не стимулирала, ниту пак некогаш ќе стимулира да се работи нешто. Знаеш зошто? Затоа што имаме ќуд на тепано куче. А со такво нешто нема разбирачка.
 
1. Каде реков дека студентите во мојата генерација биле подобори?
2. Каде реков дека стандардите во мојата генерација биле многу повисоки?
3. Каде реков дека мојата борба завршила успешно? Јас само реков дека завршила, а не како и зошто.
4. Ич не ми е криво што се одлучни во својата борба. Криво ми е што нема ништо да постигнат, затоа што до болка ја знам страната против која се борат.
5. Јас сум свесен дека не сум нешто посебно. Човек со средонстатистички способноси, ни повеќе, ни помалку. Медиокритет.

Е па еве ти шанса да се заложиш за денешните и за идните генерации.

Имаш можност на протести да и викнеш на истата таа страна против која се борат, а за која тврдиш дека до болка ја знаеш.

Велиш дека нема ништо да постигнат, можеби така било во твое време, но ти можеш да придонесеш сепак да постигнат нешто со тоа што ќе се заложиш за некој друг, а не за себеси.
 
Така е, не секој родител ја има можноста да финансира децата да студираат во странство. Некој мора да остане и во Македонија. После 20-30 години ќе има многу кои ќе се вратат назад.
Македонија никогаш не стимулирала, ниту пак некогаш ќе стимулира да се работи нешто. Знаеш зошто? Затоа што имаме ќуд на тепано куче. А со такво нешто нема разбирачка.
Кој еднаш излегол овде не се враќа. Се враќаат само пензионерите. Младиве се ожениле, омажиле, формирале семејства, деца кои никогаш нема да се Македонци, зошто да се вратат? Го зборувам од лично искуство, од моја најблиска фамилија.

А тоа дека сме тепани, претепани и утепани кучиња, се сложувам. Затоа секој млад што вреди бега одовде, оти некаде на запад, кога тогаш неговото знаење ќе го препознаат и ќе го искористат. Да, такви сме биле, такви и ќе бидеме. Велат младите не им се работело. Да бе, а како работат во странство? Почнуваат од најниско и напредуваат, но таму ги стимулираат, овде обратен процес.

Дај Боже да ги пратиш своите деца на страна, но никогаш не знаеш што ти носи времево. Затоа треба да се дејствува. Мора да престанеме да бидеме претепани кучиња.
 
Благоев, да се навратам на тоа што ме цитираше. Ако го гледаме Статутот на СПУКМ, сегашниот СПУКМ не е легален бидејќи мандатот му е истечен и требаше да има нови избори. Замисли сеа пратенициве, после завршување на 4-годишен мандат си речат, абе ај ќе ја догураме годинава, уште едно 5-6 месеци ќе си бидеме пратеници. Затоа отсега ќе биде поранешниот претседател на СПУКМ, Кирил Спироски.

http://www.plusinfo.mk/vest/8424/ga...ekje-od-20-fakulteti-univerziteti-i-instituti :)
 
Последно уредено:
Не секој родител ја има можноста да го запише своето дете на студии надвор во државата..
Ова не е точно.
Јас просто се чудам кој тоа уште се запишува во македонските факултети, па сите можни информации зџа странство се веќе на тацна дадени по интернетов. Значи за исти пари може кој сака да оди и да студира надвор од Македонија. Тоа топло му го препорачувам секому.
Ако можев јас од ултра сиромашна фамилија што беше буквално срозана од транзицијата може секој да избега.
Татко ми технолошки вишок, а мајка ми стечаец.
 
Така е, не секој родител ја има можноста да финансира децата да студираат во странство. Некој мора да остане и во Македонија. После 20-30 години ќе има многу кои ќе се вратат назад.

За ова треба уште сега да се планира. Сите тие билионери што ќе се вратат после 20-30 години треба да имаат начин како достоинствено да продолжат да живеат. затоа треба нова луксузна марина специјализирана за јахти на Вардар, приватен аеродром во тафталиџе, авутоперална за лирџети и елитен клуб на вемеро, кајшто повратниците билионери ќе дискутираат поезија и фини уметности.
 
За ова треба уште сега да се планира. Сите тие билионери што ќе се вратат после 20-30 години треба да имаат начин како достоинствено да продолжат да живеат. затоа треба нова луксузна марина специјализирана за јахти на Вардар, приватен аеродром во тафталиџе, авутоперална за лирџети и елитен клуб на вемеро, кајшто повратниците билионери ќе дискутираат поезија и фини уметности.
Лесна работа за тоа. Кинезите коа ќе го прават пловен Вардар марината, Турциве за новата концесија аеродромот со пералната, а елитниот клуб ќе биде една зграда на Павел Шатев, што дотогаш ќе остане празна. Се е тоа испланирано, само да се вратат билионерите.
 
Не требало кампањски, систематски требало да бараат права. Па затоа шо неможат систематски да издејствуваат права се префрлаат на кампањи и протести.
Онтопик за смешниов скпукм, коа ќе ми текне 70% од дрвата таму отидоа за да фатат некоја оцена, сеа незнаат кај да се скријат. Туго :facepalm:
 
Ова не е точно.
Јас просто се чудам кој тоа уште се запишува во македонските факултети, па сите можни информации зџа странство се веќе на тацна дадени по интернетов. Значи за исти пари може кој сака да оди и да студира надвор од Македонија. Тоа топло му го препорачувам секому.
Ако можев јас од ултра сиромашна фамилија што беше буквално срозана од транзицијата може секој да избега.
Татко ми технолошки вишок, а мајка ми стечаец.
Не се сложувам. Преку Еразмус бев една година во Словенија. Видов разлика. Таму мин. трошев 500евра значи зборувам без расфрлање и луксузи, но со излегување и нормален студентски живот. Овде живеам со 200 евра кои не ми се доволни реално, но моите немаат повеќе. И ден денес за јас да студирам во Скопје, моите кратат од своето јадење и својот залак за мене. Татко ми до пред некое време беше невработен, а мајка ми беше пријавена на 4 часа а е конфеционерски работник. Јас сум сигурна дека моите да можеле да ме издржуваат надвор, немале да дозволат да се запишам на факултет во Македонија. Има и многу посиромашни фамилии чии деца навистина заслужуваат да се запишат на страна, а нивните едвај и во Скопје ги издржуваат.
 
Последно уредено:
Министерството за образование не ферма повеќе од 20 факултети, универзитети и институти

Најмалку 23 универзитети, факултети или институти го направиле „сол“ предлогот за државен испит на Министерството за образование и наука. И покрај нивните мислења кои следеле непосредно по масовните протести на 16.000 студенти, владата пред една недела, во викенд-време, го усвои предлог-законот за државен испит.
„Плусинфо“ дојде до богата документација која содржи мислења од 23 факултети, универзитети или институти за државниот испит, а во која за ваквото тестирање, академската заедница тврди или дека е спротивно на Болоњскиот процес, или дека е противзаконско или дека е неизводливо.

Деканот на Архитектонскиот факултет Минас Бакалчев до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски испратил допис во кој го информира дека Наставно-научниот совет на овој факултет, за предлогот за државен испит на Министерството смета дека е во спротивност на Законот за високо образование, академската слобода, слободата на студирањето и проверката на знаењата на студентите.

arhitektonski.JPG


Архитектонскиот факултет смета дека државниот испит не може да е паралелен на образовниот процес, дека е во спротивност на Болоњскиот процес, дека не ја отсликув природата на специфичните студиски програми и дека ќе го дезинтегрира континуитетот и повеќеслојноста на образовниот процес.

„Предложениот државен испит претставува исклучиво квантитативна форма на испит кој ќе го дефокусира постојниот образовен процес и ќе ги супституира и симплифицира воспоставените начини и модели на учење. Во таа смисла образованието ќе се насочи единствено на содржините на државниот испит како единствен инструмент за верификација на знаењата и стручноста. Врз основа на прикажаните согледувања, последователноста, а не паралелизмот на образовниот процес и државниот испит, спротивноста на принципите на Болоњскиот процес и континуираното оценување, специфичноста на студиските програми и интегритетот на образовниот процес, Наставно-научниот совет го смета предложениот концепт на државен испит за несоодветен и упатува на постоечките механизми за зголемување на високообразовната дејност“, констатирал наставно-научниот совет на Архитектонскиот факултет.

Тој не е единствениот факултет кој има ваков став за државниот испит. Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на седница исто така заклучик дека воведувањето на државен испит за студентите, нема да даде придонес во подигнувањето на нивото на квалитетот во високото образование.

feit.JPG


„Државниот испит нема да даде објективна слика за знаењата на студентот, особено за студентите кои студираат технички науки. Тест составен од прашања со можни одговори не соодветствува на модел за проверка на стекнатите знаења на високообразовните институции. На техничките факултети проверката на знаењата се состои од различни форми, како парцијални испити, домашни задачи, лабораториски вежни, проектни задачи, активности на час итн. Државниот испит не е применлив и на втор и трет циклус студии, каде што знаењето и резултатите се верификуваат на сосема поинаков начин“, утврдиле на ФЕИТ.

Во дописот од деканот Миле Станковски пишува дека ФЕИТ за подобрување на квалитетот на високото образование предлага Одборот за акредитација и евалуација и инспекциите потполно и принципиелно да работат, а се наведува и дека финансирањето на државните високообразовни институции не е на потребното ниво.

На Природно математичкиот факултет институтите за географија, математика, хемија, физика, биологија, етнологија и антропологија го отфрлаат концептот. Во нивните засебни ставови провејуваат квалификациите „упад во автономијата“, „спротивен на Болоњскиот процес“ итн.

„Предлогот за воведување државен испит е заснован врз ненаучни, непрофесионални и некомпетентни податоци. Воведувањето државен испит според замислата на владата засега позната главно преку информацијата на МОН, е флагрантно кршење на академските слободи и директно нарушување на автономијата на универзитетот што е неприфатлив концепт во демократските општества“, заклучиле на Институтот за етнологија и антропологија.

institut.JPG


Економскиот факултет се изјаснил дека државен испит на прв циклус студии не може да го подобри квалитетот, а за државен испит во втор циклус на студии изразил чудење.

„Сакаме да укажеме дека вака предложениот модел воопшто не постои, односно истиот не е изводлив и е неспроведлив зашто на овие студии не се полагаат класични испити туку кандидатите навлегуваат во методологија на научно-истражувачката работа и истражуваат одредени подрачја договорени со менторот согласно темата за истражување“, напишале од Економски факултет.

dek.JPG


Правниот факултет утврдил дека државниот испит ја повредува автономијата на универзитетите, а и потсетил дека УКИМ веќе го евалуираат експерти од Европската Унија. За државниот испит оттаму сметаат дека наместо да го зголеми, моделот би можел и да го намали квалитетот на високообразовниот процес.

Факултетот за физичко образование дал негативно мислење дека државниот испит ќе го подобри квалитетот на високото образование. Низ својата призма, оттаму дале и пример.

„На пример, по предметот спортска гимнастика кој студентите го полагаат во прва година. Во услови кога студентот преку колоквиуми и испити ќе го положи предметот во прва година, неможно е истото ниво на неговата психофизичка состојба да ја одржува во континуитет во наредните години. Кога повторно би го оценувале после една година, би се добила нереална проценка за нивото на неговата подготвеност во моментот на полагање на испитот“, напишале во мислењето од Факултетот за физичко образование.

8i.JPG


Факултетот за земјоделски науки и храна смета дека државниот испит нема да го подобри квалитетот на високото образование, шумарскиот факултет е децидно против воведувањето на државен испит, факултетот за ветеринарна медицина мерката укажува дека е несоодветна за нивниот факултет, а истото го прави и драмскиот факултет кој укажува дека е невозможно да се евалуираат нивните студенти и да се даде проценка на нивниот квалитет со државен испит.

Факултетот за ликовни уметности навел дека хипотетичкото полагање на државен испит во втора и четврта година на овој факултет е невозможно, дури ни во техничка смисла, зашто сите круцијални предмети се од практичен карактер и се изработуваат во подолг процес.

И Факултетот за музичка уметност по одржаниот наставно научен уметнички совет, објаснувал дека за нив државниот испит е неприменлив.

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје цени дека државниот испит не би имал некаков значаен ефект.

„Нашите студенти по завршување на студиите се определуваат за парохиска служба, монаштво или просвета во Црквата. Дипломираните теолози во трите гранки дополнително подлежат на надворешна евалуација. Тие кои се определуваат за свештеничка служба полагаат испит за постојана парохија. Кандидатите кои се определуваат за монаштво поминуваат од три месеци до три години во подготвителен-искушенички период.

bo.JPG


Научниот совет на Економскиот институт посочува дека во предлогот за државен испит има недоречености и слабости а дека за подобрување на квалитетот треба нов закон.


„Со ваквиот концепт на државен испит би се довеле во прашање целокупните претходни постапки кои ги водел токму Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, а преку кои секоја факултет висока школа или институт биле акредитирани за вршење на дејност во високото образование“, поентираат од овој институт. Земјоделскиот институт исто така не го поддржува државниот испит и го оценува како непотребен и неприфатлив.

zem.JPG


Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања - Скопје, информира дека од вкупно 14 членови на Научниот совет, осум се произнеле по барањето, од кои 7 против воведувањето државен испит. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ не го поддржува државниот испит.

inss.JPG




Фармацевтскиот факултет објаснил дека нивните студенти добиваат лиценца, а дека не прифаќаат државен испит за магистерски и докторски студии. Државниот универзитет во Тетово смета дека може да има некаков вид екстерна контрола, но да биде поткрепена со научни критериуми за проверка на знаењата.

„Анкетираните студенти и наставници сметаат дека државниот испит како што е предложен не може да ги опфати сите содржини активности и материјали реализирани во студиите и дека не може да определува за способностите и вештините стекнати кај студентите“, напишале оттаму.

Од Европскиот универзитет сметаат дека предложениот модел од МОН за државен испит, кој се темели на проверка на знаењето со заокружување точен одговор од понудените можни е несоодветн бидејќи инсистира на механичко знаење.

„Барањето на дефиниции и набројувања се методи на испитување кои се позастарени и се помалку се применуваат во светот. Овој систем уште помалку е пригоден за студенти од вториот и третиот циклус на студии и не придонесува кон создавање креативни личности“, стои во дописот потпишан од ректорот Лидија Наумовска.

evropski.JPG



Од ФОН навеле хипотетички но многу веројатни пречки кои би можеле да го попречат концептот.

„Дали се разгледала можноста студент кој не поседува доволно знаења за положување на еден или повеќе предмети да го положи делот од државниот испит што ги опфаќа првите две студиски години во кои се вклучени тие предмети? Обратно, али не може да се случи „солиден“ студент да не одговори точно на повеќе од две прашања од ист предмет,а сите други да ги положи со висок степен на точност во одговорите? Може, и тоа би значело неположување на државниот испит“, сметаат од ФОН.

Високата медицинска школа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола наведува дека нема потреба да се полага нов државен испит зашто така не е можно да се зголеми квалитетот на едукација на студентите.

4f.JPG

http://www.plusinfo.mk/vest/8424/ga...ekje-od-20-fakulteti-univerziteti-i-instituti
 
Леле кога ќе прочитам овие Плусинфо кога ќе пишат 18 илјади, па 16 илјади...значи аман. Ај што Кур(ир), Шител и (К)Анал5 пробуваат да прават тоа што прават, ама и некои други медиуми се обидуваат некаква корист да извлечат од сето ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom