Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Страв им е да седнат на иста маса со попаметен од нив и без намера за прифаќање улога на стадо.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Само да ти кажам дека најверојатно ќе се отвара факултет за ветерина и во Тетово.Ја пратам темава колку што можам, па еве накратко мислење. Глупостиве што ги замислуваат би можеле некогаш и негде, еден убав сончев ден да бидат имплементирани, нормално многу попаметно обмислени, тогаш кога: на факултетите ќе започне да се воведува практичен пристап на учење, кога наместо вежбите да ги гледам на видео бим, ќе ги работам(ветерина студирам), кога наместо ние студентите да мораме да си купуваме ракавици за во анатомија, патологија и лаборатории, кога наместо коњ да гледам на слики, буквално ќе видам и ќе работам со него, а не само да го учам во книгите. Доколку сакаат квалитетен кадар, мора да инвестираат во самиот образовен процес, а не во процесот на проверка на знаењето и ловење кој колку научил или препишал. На крај краева зошто ни се професориве, ако они можат да те оценат со еден обичен тест, литература денес колку сакаш, сами ќе си учиме. Дојде такво време кога во приватна фирма никој не го интересира со кој просек си завршил, го интересира колку ти сече лејката.
Го споменуваат медицинскиот факултет каде што се полагало државен испит, ама и самите сме сведоци какви доктори излегуваат денес од таму(без навреда за некој што студира медицина). Ова не е подобрување на високото образование, ова е лижење таму каде што се претходно засрало, со отварањето на факултети во секое село и буквално штанцањето на дипломи. За пример ќе го земам Ветеринарниот факултет во Битола. Реално Македонија нема потреба од 2 факултета за вет. медицина, бидејќи нема студенти. Една Словенија каде што има по 60-70 студенти во генерација нема два факултета, ние имаме. Се смешкаа Словенциве кога кажувавме. Но што се случи, откако го отворија таму, сите мои па и постари колеги кои не можеа да фатат услови овде, избегаа таму, и замислете одлично им иде.
Поентата на факултетот е колку толку да те подготви за работата, а теоријата не е доволна. Џабе ми е мене што ќе набубам како се става инекција ако во своето 6 годишно школување јас игла во рака дали 2х сум фатила. Кога државата ќе успее да обезбеди соодветно високо образование, тогаш и само тогаш може да се дрзни да бара проверки на знаењето и давање на своја оценка за студентите.
Оф топик ама шириш дезинформа ија за фирмата што ширела листерија и тачно е тоа дека беше намештаљка.Во дискусијата т.е. тензијата дали да има државен испит или не, мислам дека тезите од двете спротиставени страни се поставени на начин на кој не може да има компромис. Еве зошто:
Страна 1: Државен испит е потребен, затоа што тоа ќе осигура знаење и квалитет на универзитетите.
Страна 2: Државен испит е неприфатлив, затоа што не е вистинскиот начин да се обезбеди квалитет и, поважно, не постои доверба во институциите што ќе го спроведат.
И двете страни бараат квалитет и знаење (барем така се надевам); проблемот е што Страна 1 вика - ако не се слагаш со оваа форма на обезбедување квалитет, тогаш си против квалитет. Тоа е, најблаго кажано, догма. А ако универзитетите прифатат таква догма, тогаш си ја губат својата основна функција - да формираат профили кои имаат знаење, но и кои знаат критички да ја опсервираат стварноста околу себе. Критиката е основна за секое знаење и наука, во спротивно знаењето не е моќ, туку ноќ.
Во Данска нема екстерно тестирање, (во едно писание порано објаснив што има), но има доверба во институциите. Еве ти еден директен компаративен пример од оваа година. Во исто време и во Данска и во Македонија се откри листерија. Во Данска ја открија саламата од која доаѓа, ставија клуч на фирмата и немаше понатамошна дискусија околу тоа освен, секако кои превентивни мерки би се презеле кон другите фирми и во иднина. Во Македонија се посочи фирма која е извор на листерија, па се јавија оттаму дека ова им е местенка, дека некој моќник и мисли лошо на фирмата, дека Keyser Soze од The Usual Suspects сакал да ја купи и слично. Штом за една прецизна работа како што е лабораториски тест има политичко-економска расправија, тогаш што останува за една покомплексна работа, како што е проверка на квалитет на универзитетите.
Да се вратам на темата, како до осигурување на квалитет и проверка на знаење. Прво и основно, екстерно и објективно тестирање, како и постојана реевалуација, е нешто со кое постојано се соочува секој професор и истражувач. На пример, кога треба да публикуваме научен труд, го испраќаме во часописот, таму го презема уредник, го праќа на три или повеќе анонимни рецензенти, тие испраќаат мислење и уредникот одлучува дали да прифати да го публикува или не. Слично е и за барање научни проекти. Овој процес се вика "peer review", не е совршен, но е најдобриот што го знаеме и мора истиот да биде применет во евалуацијата на универзитетите за да се запази нивната автономија. Сите професори во Македонија кои активно истражуваат и публикуваат (а ги има многу, спротивно на тоа што Мирка го вели) се навикнати на тој процес и сигурно немаат проблем да прифатат нешто слично за образовниот процес на универзитетите.
За решавање на проблемот со квалитетот и проверката на знаење, треба најпрвин да се направи детална анализа на целосната универзитетска состојба и врз база на тоа да се направи акционен план. Не сум формално експерт за евалуација на универзитети, ова што ќе го напишам е базирано на некое работно искуство, како и евалуација на истражувачки проекти и центри (за што имам експертиза). Евен мој предлог:
1- Да се формира работна група која ќе направи детална евалуација на квалитетот на македонските универзитети. Во таа евалуација да се земат предвид и анкетирања на работодавачи во Македонија и странство, да се направи анализа на вработливост на кандидатите кои завршиле на одредени универзитети, колку од нив продолжуваат докторати на странски универзитети, и сл. Со тоа ќе се добие слика каде е проблемот со неквалитетот. Мене ме чуди што некои од приватните универзитети упорно ќутат и со тоа го прифаќаат државниот тест, а ако се спроведе како што треба, тие ќе треба први да се затворат (си знаат кои се, а ако не си знаат, нека ги прашаат приватните работодавачи во Македонија). Накратко, таквата работна група треба да излезе со прецизна дијагноза каде е проблемот, наместо да се даваат паушални проценки и да се обвинуваат сите за неквалитет.
2-Врз база на 1, како и врз база на анализа на работни места и потреби од профили, да се дефинира колкав треба да е процентот на запишани средношколци на факултет. Со тоа ќе се ревидира бројот на потребни универзитети, во кои треба да се стават високи критериуми за прием. А тоа дека треба да им се даде шанса на сите - да, ама шансата е прво во средно школо, а потоа може да постојат колеџи и или виши школи за професионално обучување (а не академско). Да не навлегувам во територии што не ги познавам доволно, само накратко да кажам дека висок квалитет на универзитетит нужно повлекува редукција на нивниот број и апсорбирање на другите средношколци директно на пазарот на труд или во некоја професионална обука во траење од 2-3 години.
3- Процесот на вработување на универзитетите да добие поголема транспаретност и објективност со вклучување на надворешни евалуатори на кандидатите. На пример, кога ме бираа тука од вонреден во редовен професор, имаше комисија од тројца за евалуација, од кои двајца беа од земји надвор од Данска. Тој процес автоматски ги евалуира и докторатите кои се под знак прашање, за кои во последно време доста се зборува кај нас. Но, за воља на вистината, тоа не е само кај нас - во Германија се открија плагијати на докторати за многу висококотирани политичари.
4- На крај, и можеби најважно од се', секој универзитет да има тело за самоевалуација во кое ќе учествуваат странски професори. Телата од сите универзитети во државата треба да формираат некое координативно тело за да ги усогласат начините на самоевалуација, но тоа тело да не биде избирано од министерство за образование, туку автономно. Министерството за образование може да делегира членови во истото, но никако да го бира.
Да заклучам: Проверка на квалитет и знаење мора да има, но базирано на "peer review", со комплетно респектирање на универзитетската автономија. Контролата на квалитет нужно ќе повлече и оптимизирање (намалување) на бројот на универзитети.
Ова е напишано од професор кој предава во Данска, го видов на фб. Ова нашите умни глави во министерство ко ќе го спроведат тилот ќе си го видам. А и професорите се криви, еве не пратам, колкав процент од професорите излегоа на протест, настрана тоа што меѓусебно одлучиле да го отфрлат државниот испит?
....
Во Хрватска сите бранители се пензионери. Во Македонија, бранителите мораа да одат платеници по светските боишта за да преживеат. Е тоа е разликата......
Моите деца нема да студираат во Македонија. Сум го напишал тоа пред неколку месеци во една друга тема. Мојата борба во Македонија е завршена од лични причини што не сакам да ги дискутирам со сите.
Да, и денес студентите се сеуште срам. Ама не за државата. И не, на студентите не им се работи. Затоа што ако им се работеше, ќе беа потготвени за бурата срања од извршната власт. А не кампањски да бараат права. Треба систематски.
Знам што има и на е Учебници, знам што има во книгите. Сум прелистал, сум видел. Тоа е тоа. Медиокритетот и идиотизмот се новите стандарди во Македонија. И нема да се сменат. Зошто? Затоа што на сите до еден им одговара. Од првооделенец до академиците.