Ќе ми се најде...

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Најмногу чувам автомобилски делови... Ке ми се најде ова, ке ми се најде она, дур не му дојде денот и голем дел отидоа за железо. Зедов 6.000 денари. Но, пак имам нешто што ми остана од тоа ке ми се најде, и повторно колекцијата секојдневно се збогатува и надградува :)
 
Јас сум најдобар пример за тоа- "ќе ми се најде". ништо не фрлам, носталгична сум на моите работи и чувам буквално се од стара облека до тетратка од петто одделение. Не мора тој предмет да има функционална вредност и да го чувам заради тоа што некогаш би го искористила, кога ќе се приврзам за некои работи нема фрлање, а ако некој случајно ми ги исфрлил со тешко срце го прифаќам тоа и ми треба време да го "преболам"
 
ретко кога чувам некои работи што ми значат само,иначе се бе брате в канта.само место и ме гуши шо знам !
 
MA cuvam se i svasta, nisto nema srce da frlam, ako ne mi e mn ubavo go nosam u podrum ama da frlam neso nema sansi. Kakvi gluposti imam doma da vide nekoj ke mi se smee.
 
Јас си чувам такви некои ситни работи кои будат спомени од минатотот и сите тие ми сојат во една кутија и секогаш ја надополнувам со нови :) не за џабе тоа е мојата "КУТИЈА СО СПОМЕНИ"
 
Ништо не чувам,а и ако сакам тоа нешто да го зачувам не можам пошто го оставам негде и после не знам кај сум го оставил....
 
Чувам ама не се...што ми е битно,а не дека морам..и секогаш си викам...:"ах,ќе ми се најде":pos2:

:helou:
 
Ситници - чувам...
Облека - и да е од мајками, од баба ми ја чувам доколку ми е точна... и ја носам (не ме интересира мислењето на останатите.. како се чувствувам јас најубаво и тие што ми се пријатели ќе сфатат..)
 
Се чувам...Незнам некако таман ќе сакам да фрлам нешто и ќе ми дојде некоја фикс идеја зашто не би требало да го фрлам и пак од почеток...Имам некои ситници кои што многу ми значат,за кои што сум многу приврзана и за нив очи вадам на секого :),а знам дека никогаш не би ми користеле за ништо ама ај...се тешам со тоа " ај можда ќе ми се најде " :pos2:
 
Чувам доста непотребни глупости, и кога правам чистка ке си речам ,,ај ќе ми се најде,, и обично кога ке ми потреба тоа нешто неможам да го најдам:)
 
Ехехе од ова ај че ми се најде полн ми е шкафот со ситници и глупости.
А кога сме до ова че ми се најде кај дедоми дома цело поткровје е кнап а за гаражата надвор до лани што му се седеше старата кола и гниеше сега е и таа фул од ситничи и глупости
 
Најголем непријател за моето "ќе ми се најде" е мајками....Да можи и собата да ми ја фрли низ пенџере....Едно мал милион пати ми дошло да ја задавам(со извинение на вокабуларов ради респект према син кон мајка,да не си помисли некој бла блааа....).За незе најнебитно едно хартивче или некоја пластика или било што што не му ја знае функцијата местото го нашло во контењер ради нејзиното тежнеење кон поголем простор во станот за "небитните" работи.

Иначе од тоа што сум успеал да зачувам имам така една добра колекција од дребулии кои никогаш не ми притребале ама си стојат прибрани,нешто во визба нешто низ соба.Онака дребулии,од детски денови :pipi::kesa::smir:
 
Аххх, колку ли само ми даде инспирација темава да фатам се да исфрлам од дома, дрангулии, ситнурии, привезоци, хартивчиња...има од се по нешто...порано имав навика кутиите од цигарите да си ги собирам и да си ги редам на комодата :) додека еден ден не ми пукна филм да зеам се да исфрлам...а и што е тоа што „ќе ми треба“? парче хартија што сум ја зачувала уште од детството каде што симпатијата си го напишал своето име, скршено це-де со омилената музика на него...у последно време практикувам да не прибирам „ѓубре“ во соба :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom