Ќе ми се најде...

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
сеа пред неколку дена....ја чистам собата и наоѓам едно ливче со запишен домашен број...од една моја многуу дамнешнаа шмекерица...:)...онака баш се потсетив...и таман да го згужвам ливчето си реков...па каде со тој памет бе Шмекер...ќе ти се најде некогаш пак за шмек. :)
 
Јас си имам пакет наречен Спомени. Во него чувам се што ми значи од карти, влезници, едно писмо, 2 потписи, 2 слики, едно топче, и повеќе листи кои ги правам секоја година како цел за таа година. Баш видов пред некој ден... Некои работи ми се цел со години и уште не сум ги направил иако е реално и лесно....
 
Лелеее дома ми е како музеј, па секогаш така викам, ај ќе ми се најде, чувам триста глупости, а се чудам и воопшто зошто ги чувам. Нормално некои работи што ми се драги и мили си ги чувам со причина али повеќето безвезе дома прашина ми собираат.
 
епа најчесто ке се присетам на некој подароци од бившите и размислувам да ги да ги ставам во пакет и да ги џитнам негде, но кога ке се присетам, си викам би било добро да ги зачувам па кога ке наиде прилика да му ги вратам назад :bip:
 
Јас чувам само стари процесори, матични, графички, и се тоа лајна, кои некои работат а некои не, со мислата.... Ќе ми се најдат некогаш...

Тие расипаните работи ги подарувам на професори по информатика за да им покажат на децата воа делот.

Други листови ретко чувам, гаранции и такви лајна...

А и не би било лошо вие кајганџии, да си ги средите собите. :smir:
 
Имам едно голема кутија со такви ствари. Од покани за роденден, до влезници за во кино, дневници, стари слики со мои драги луѓе и слично. Ми се наоѓаат кога сум разочарана или ми е досадно па ги прередувам и се потсетувам на работи и луѓе кои сум ги заборавила. Стар именик, па јавувај се да најдеш некого за на кафее... :smir:
 
Не сум таков бе... обично се собираат, се собираат, и ко ќе фатам некој ден... полнам цела вреќа со такви глупости...

Ама затоа татко ми... тој па и од канта ако треба ќе го врати, нему се му се наоѓа... :pos:
 
@Јован

Исто и јас брат, чувам чувам, и одеднач све во канта...:)
 
Имаше емисија со Опра во кој се прикажуваа случаеви на луѓе кој не фрлаат ништо со мислата „ќе ми се најде“:)Во емисијата имаше и психијатар кој им помагаше да се ослободат од навиката која ја имаат,класифицирајќи ја како болест,буквално домовите им беа препрлавени (пљус американски филм сакам да ме има на тв:icon_lol:).Од кога ја изгледав, се завртив околу себе и сватив дека е време се да изфрлам се со цел да не давам пари за психијатар:)
 
Чувам, не многу според мене:pos: ама чувам. Карти од концерти, журки, настани, музеи, фискални сметки, дури и картата од метро во кое се возев во Париз ја чувам. :pos:и да не бројам ќе ми се смеете. Смешно е, знам, ама тоа го чувствувам како дел од мене, како дел од многу убав период од мојот живот и неможам да го фрлам. Ама сега кога се преселив не ми беше дозволено сите тие работи да ги понесам со себе така да морав да издвојам нешто само. Уф колку ми беше само тешко:pos: Баш вчера го средував новчаникот, фискална сметка од април месец уште ја чувам, тогаш и купив многу убав подарок на сестра ми и се потсетувам со фискалната. Ете, глупости, ама ти значи, и никогаш нема да ти се најде. Го испразнив новчаникот со сите тие работи и сега ми е чудно, како да ги нема спомените:toe: Не сум ептен приврзана ама некако срцето не ти дава да ги фрлиш.
 
У принцип си расчистувам секоја недела ама имам една розовка кутија ете така со тракатанци...безврска ама за мене многу драги.Слики,ливчиња у школо шо сме се допишувале,дневници,влезници,карти од концерти,по некоја овената ружа ама добро складирана :pos2:. И стварно ми се наоѓаат тие работи,кога ми е смачено од све,си разгледувам се полека и се расположувам одма.
 
Чувам многу такви работи. Стари тетратки, дневници, ливчиња за препишување, етикети од облека, влезници, сметки, празни пенкала и маркери... Знам дека нема никогаш да ми затребаат, ама не можам да ги фрлам, сите ме потсеќаат на нешто и ми будат најразлични спомени.
 
јас дома имам се и сешто!
Имам најразлични видови на пари што можеби ќе ми се најдат:) грчки, бугарски, српски, југословенски и какви ли не!
имам 30тина карти т.е. влезници на концерти и натпревари на кои сум бил, чувам некои недобитни лифчиња од спортска........имам и од ОТП да :pos2:
клучеви од стари брави што немаат функција.... и што ли не....:)
 
а бе кај мене, се може да заврши во канта. може и да е нешто што ке ми затреба ама ете и тоа завршило во канта. мрзам многу ствари, не робувам на предмети така да немам никакви чувства спрема нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom