Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
„Не сакам да ја силувам јавноста„

Каролина Гочева деновиве има со што да се гордее! Kонечно го издаде својот албум, инаку седми по ред, Капка под небото.

- "Деновиве сум турбо, трчам од снимање на снимање, заборавам да јадам" вели Каролина.

1.Прво да ти честитам за твојот нов албум... Како е чувствово кога по напорна работа, можeш да го држиш албумот во рака?
-Ви благодарам за честитките, чекам да ми кажeте која песна е ваш фаворит, чувството е одлично, задоволна сум од сработеното во секој поглед, малку си се опуштив откако албумов се појави во продажба, затоа што се е според однапред утврдениот план. Понудив нешто зад кое комплетно стојам јас, знаете дека не сум тип што за себе сака да зборува во суперлатив (нели вие милувате тоа да го нарекувате скромност), но јас сметам дека е многу подобро, да оставам делата да зборуваат наместо мене. Смешни ми се оние што речиси секој ден бескрупулозно ја силуваат јавноста со тврдење дека се најдобри. Јас на тоа ниво едноставно не можам и не сакам да паднам.

2.Ти си една од ретките пејачки на нашиве простори што имаат објавено седум албуми, мислиш ли дека овој е најдобриот?
-Се разбира дека се трудам со секој албум да понудам нов и позрел музички израз. Пет години немав поп албум, пред две и пол се појави "Македонско девојче" кој патем не го одделувам од другите албуми, само затоа што е етно, и мислам дека со него го положив и последниот испит на мојата музичка зрелост. Албумот ненаметливо дојде до слушателите, затоа беше толку успешен и се уште трае, па може да си дадам повеќе време за издавање на новиов. Како што кажав, нема да ги фалам своите дела, многу е нормално мене да ми се допаѓа тоа што сум го понудила. Се надевам дека "Капка под небото" ќе им се допадне на оние што ќе го купат и се разбира, како и секој нормален човек што со години се занимава со јавна професија, подготвена сум за позитивна, но и за негативна критика.

3.Колку време го работеше, како ги избираше песните, имаше ли некои интересни случки при снимањето?
-Па ако се земе предвид дека првата песна што беше снимена е "Крај" на Скај Виклер, значи со снимање почнав пред година и пол, а првата, насловната песна "Капка под небото" на Весна Малинова, беше избрана уште пред четири години. Значи доста долго се размислувало, но интензивно се работеше последните 9 месеци. Поголемиот дел е снимен во Сараево, во Лонг Плеј студио на Махир Сарихоџиќ, а дел од песните и кај Бертан Аслани, како и во студио Блу во Скопје. Секако дека имаше разни случки, технички грешки, откажани летови, големи и мали нервози, но на крај можам да кажам дека ми се исплати.

4. Имаш ли некоја омилена песна или стих, кој ете веднаш ти се врежил во срце?
-Можеби текстот за Капка под небото, и притоа морам да напоменам песната не е автобиографска, само има одредена доза на женска тага, како и сите други песни на албумов. Всушност и секоја од песните, има искрена и вистинска приказна, од секојдневниот живот на речиси секоја жена што ја познавам.

5. На ова музичко парче соработуваш со Влатко Стефановски и со други звучни имиња, тешко ли е да се оствари ваква соработка?
-Па со најголемите имиња најлесно се соработува, барем моето искуство е такво. Кога велам "најлесно" мислам на тоа дека најголемите немаат потреба да покажуваат колку се големи, тие тоа го знаат и не бараат потврда од никого. Влатко не израдува многу, кога прифати да има удел во песната и ни кажа дека многу му се допаднала.

6.Зад тебе со години стои продукцијата Авалон, Сити рекордс во Србија, но сега под закрила те зеде и Emotion, значи наскоро и да пчекуваме концерт и во Србија?
-Не сакам да давам ветувања, работам на тоа, се разбира заедно со мојот тим до Авалон, па кога ќе имаме конкретни сознанија и термини, секако дека ќе бидете известени. За жал во последно време концертите во регионов, а особено во Македонија станаа лажни паради, со делење гратиси во неограничени количества. По толку години во музиката не сум расположена за таков вид паради.

7.Кога се очекува промоција во Србија?
-Албумот во Србија излегува на 10 - ти декември. Промоцијата во Белград ќе биде околу 20 ти декември, сега сум зафатена со медиумското промовирање и претставување на албумот, за една недела повторно одам во Белград, каде ќе го снимам и спотот за песната "Не се враќаш", а ќе биде промовиран на официјалните промоции во Скопје и во Белград.

8.Не се враќаш урива рекорди на YouTube и доста е вртена на радиостаниците, зошто за најава на албумот се одлучи за оваа срцекршечка балада?
-Па не знам каква поголема причина би требало да ти наведам од тоа што самиот го кажуваш... Реакцијата на луѓето кажува доволно и тоа ми е најголемата награда. Со Авалон секогаш одлучуваме која песна во кој момент ќе ја промовираме, но уште од моментот кога оваа песна ce сними немаше дилема дека тоа ќе биде синглот што ќе го отвори албумот.

9. Можеш ли да ми кажеш како настана оваа прекрасна песна, за која мора да кажам дека нема човек што го погодила?
-Автор е младиот Даниел Кајмакоски, Mакедонец кој живее во Австрија и кого јас го познавам уште од времето на бугарското шоу "Пеј со мене", на кој и тој настапи. Пред неколку месеци тој престојуваше во Македонија и заедно со уште едно младо исклучително талентирано момче Бертан Аслани (автор на анражманот на песната) ми се јавија да ми понудат неколку песни меѓу кои беше и "Не се враќаш". По неколку дена песната беше снимена и реакциите на сите наши блиски што ја слушнаа ни потврдија дека тоа е вистинската песна, што по хитовите како "Крај" и "За година - две" достоинствено ќе го претстави албумот.

10. Ти си прва речиси во се, па така беше и првата македонка што се сликала за Плејбој. Заради што се одлучи на тој чекор?
-Затоа што беше прв број во Македонија, затоа што е најпознатото светско списание, затоа што неможе секој да се слика за такво списание и најважно од се е затоа што мразам табуа и сакам да ги уривам.

11. Како се чувствуваше на снимањето?
-Како и на кое било друго снимање. Работеше мојата стандардна и проверена екипа Дејан Пановски ме сликаше, Цаци го работеше стајлингот цел ден сликавме се смеевме и зафркававме... Ох... уште ли ќе зборувам за Плејбој, па веќе четвртиот број е во продажба?!

12. Зошто не се соблече до крај?
-Затоа што на секоја моја фотосесија се внимава, да не се помине одредена граница. Сите мои фотографии во последниве 5 - 6 години се провокативни, но сето тоа е направено со вкус и со мера. А кога е во прашање Плејбој искрено, на главните луѓе им беше најбитно да се појавам на насловна, се разбира зари публицитетот што го добија на целиот Балкан, а воопшто не ми беше спомната опцијата да се сликам гола, затоа што во мојот случај тоа воопшто не беше битно.

13. Дали си сосема задоволна од својот изглед?
-Не сум, секој ден си пронаоѓам некоја нова мана, но не се оптоварувам многу со изгледот, иако мие битно секогаш да изгледам средено и негувано. Никогаш во мојата кариера изгледот не бил приоритет, но секако дека во повеќето случаи помага, па затоа и последните години се оди на посмел изглед, попровокативни комбинации, но притоа секогаш многу се внимава, и ова не е нешто што јас сега го измислувам дека така ми одговара туку како пример ќе ви посочам само пејачки од типот на Бијонсе, Алиша Кис и Кристина Агилера... кои покрај тоа што се меѓу најдобрите светски гласови, изгледаат секси, привлечни и безпрекорно. Значи сите што сакаат сериозно да се занимаваат со оваа работа треба да се угледаат на овие неколку што ги набројав. Лесно е да се тешиш со Сузан Бојл.

14. Како реагираа твојата фамилија и пријателите, кога те видоа на насловната на Плејбој?
-Немаше некоја посебна реакција, е сега да се појавев макар топлес, веројатно ќе имаше реакција, меѓутоа фотосесијата за Плејбој ја сфатија како и која било друга до сега.

15.Твоето момче те бодреше и беше многу гордо на твоите фотки, значи дека не ти прави љубоморни сцени и знае има покрај себе?
- Се разбира дека неправи љубоморни сцени за работи што се составен дел од мојата професија, реагираше како што би реагирал еден нормален, прошетан, цивилизиран и млад човек кој држел Плејбој во рака и пред да се појави во Македонија и знае дека тоа е лајф - стајл магазин, за мажи во кој има многу интересни содржини и покрај тоа што задолжително има и по некоја згодна разголена расна русокоса.

16.Има ли вистина во чаршиските муабети дека со јован наскоро планирате венчавка?
-Уморна сум од чаршиски муабети мислам дека водам сосема нормален живот, никогаш не сум правела циркус од приватноста, ниту сум ја продавала за да бидам актуелна, имам сосема нормална врска, кој секој втор жител во оваа земја, мислам дека заслужува малку мир. Ако има нешто ќе дознаете и секако нема да ме прашате за дозвола дали да објавите.

17.Може ли себеси наскоро да се гледаш како мама?
-Се разбира тоа ми е најголема желба но се во свое време. Денес веќе не постојат правила за тоа кога некој треба да се омажи или да роди дете. Изборот на животниот сопатник е нешто што јас засега го сфаќам многу сериозно, затоа што сеуште верувам во тоа дека двајца можат да го поминат целиот живот.

18.Кога да очекуваме концерт во Скопје?
-Јавете се во Авалон ќе ве молам, само ако може не им барајте гратиси за некој од светскиве концерти (се смее)...
 
Многу добро интервју и ми се свиѓа што е изгледа сработено многу опуштено, нема многу филозофии од една страна но нема и многу СВЕТ приказни и трачарења од друга страна.
Знаев дека Капка под небото и била најомилената песна на Каролина. Од учеството во музичкото шоу Пеј со мене започнале соработките со бугарските автори и како резултат на тоа излезе албум каков што е Капка под небото.
Уште еднаш извонреден албум и извонредна емоција посебно во Да можев да те погледнам.

Албумот го нема во секоја трафика, а читав дека луѓе од помалите места се жалат дека сеуште не им стигнал.
 
Видете, значи никој не вика дека е лошо што се препеани песни. Не мора секој коментар да се сфати во негативен котекст. Едноставно лично јас сакав да знам зошто има две бугарски песни на албум на македонска пејачка, кои иако се со дозвола дадени и авторите си се правно и регуларно напишани, сепак се препеви. И да, I will always love you е песна на Dolly Parton а успехот го постигна преку Whitney Houston, меѓутоа таму веќе станува збор за кант-автор на песната, а не за песна напишана од автор за друг пејач па понудена на трет пејач.
Не викам дека е лошо, пак ќе кажам, само можеле малку повеќе да се потрудат за автентични песни иако и овие звучат многу убаво.
 
После 4 дена слушање можам да кажам дека ми се допаѓа новиот албум на Каролина и пријатно сум изненаден од сработеното. Ме радува фактот што сите песни се внимателно бирани и од тоа е добиена една целина која звучи така како што звучи. Тоа не значи дека нема фаворити меѓу песните од албумот, баш напротив како што впрочем е и најнормално, но ниту една песна драстично не отскокнува од другите. И за крај мои фаворити од албумот се "Сама" и "Бои".
 
Ексклузив потврди, Каролина и Бекстејџ демантираа
Каролина преживеа тешка сообраќајна несреќа?!


Ако едно време не и одеше со мажите , по се изгледа, сега нема среќа со автомобилите. Пред неколку недели, Каролина Гочева, преживеа тешка сообраќајна несреќа.
По изгледот на нејзиниот автомобил, чиста среќа е што Каролина нема ни гребнатинка.
Наши извори велат дека враќајќи се најверојатно од Белград, поп-принцезата се превртела и од силниот удар ја оштетила цела десна страна од нејзиниот црн џип, и останала без едно тркало.
Не знаеме дали пејачката била сама или имала друштво кога се случило ова, бидејќи досега вешто се трудеше оваа случка да ја сокрие од јавноста.
И кога веќе се откри целата работа, ја побаравме Каролина за да ни каже што точно се случило, но од неа не добивме никаков одговор.
Дека нешто не е во ред со автомобилот на кој пишува Каролина, докажува и фактот дека таа сега вози друг автомобил од марката Пежо, нејзините официјални спонзори, од кои како што дознавме се обидела да ја сокрие веста за несреќата.​

exc-karolina-kola2.jpg


Но најбитно е дека се заврши добро. Каролинчето помина без никаква повреда, а она што доби за возврат се многуте пофалби за новиот албум и песните кои се наоѓаат на него.​
 
Видете, значи никој не вика дека е лошо што се препеани песни. Не мора секој коментар да се сфати во негативен котекст. Едноставно лично јас сакав да знам зошто има две бугарски песни на албум на македонска пејачка, кои иако се со дозвола дадени и авторите си се правно и регуларно напишани, сепак се препеви. И да, I will always love you е песна на Dolly Parton а успехот го постигна преку Whitney Houston, меѓутоа таму веќе станува збор за кант-автор на песната, а не за песна напишана од автор за друг пејач па понудена на трет пејач.
Не викам дека е лошо, пак ќе кажам, само можеле малку повеќе да се потрудат за автентични песни иако и овие звучат многу убаво.

Сакам да те прашам какво значење има дали се бугарски или еврејски?
 
Јавноста потресена
А1, Време и КРЕМА излажаа


Емисијата А1 Ексклузив која важи за исклучиво блиска со таблоидот Крема, во текот на вчерашниот ден во неколку наврати изнесоа еден куп лаги и невистини пред македонската публика. Таблоидот Крема, во денешниот број, во трач рубриката, објавија вест дека поп пејачката Каролина Гочева преживеала тешка сообраќајна незгода во која што како што се вели во текстот преживеала. Во текстот кој има се освен точни и проверени информации, новинарот со иницијали З.В. (кој исто така според информациите на Бекстејџ беше подолго време во уредничкио тим на А1 Eксклузив) на начин својствен само за себе, прераскажал случка која воопшто и не се случила – како што подоцна ќе изјави Гочева за Сител.

karolina1-508.jpg


Врз основа на истите овие очигледно лажни информации, новинарите од А1 Ексклузив, вчера во емисијата го потврдија лажењето. Во нивното кратко обраќање, според нивните непотврдени информации, Каролина едвај преживеала. Џипот бил уништен, а пејачката поминала без никаква гребнатинка, но не им кревала телефон за да им даде изјава. И без да ја прашаат засегнатата страна, во овој случај наводно преживеаната пејачка, ја известија македонската јавност со потресни реклами целодневно на А1 телевизија, со реклама на половина страница на весникот Време (кој не е во нивна сопственост како и Крема, ама имаат блиска соработка!?).

Затоа пак, нашата екипа, новинарската етика и кодексот за новинарско однесување не натераа приказната да ја истераме до крај. Пред се затоа што по пласирањето на дезинформациите во јавноста, пејачката и незјината фамилија беа видно возбудени, а фановите огорчени од ваквиот тип на црно новинарство. Каролина ја добивме во живо во естрадниот магазин Бекстејџ. Жива и здрава објасни дека е на проба и дека информациите пласирани во А1 Ексклузив и Крема се лага. Притоа им се извини на роднините и пријателите за претрпениот стрес и страв и најави дека продолжува да работи на промоцијата на својот нов албум. Овде се поставува прашањето? Зошто естрадното новинарство смислува вакви црни сценарија? Во недостаток на вистински приказни, решението не се бара во изнесување лаги и невистини. Новинарството не спие врз неофицијални информации. Особено ако водителот на истата емисија лажната информација ја најавува како ексклузивна која што се случила само пред два месеца!?!?
BACKSTAGE
 
Никад не ни поверував во сторијата, ко боже тие од А1 некогаш напишале нешто вистинито или објективно.
 
A1, Шпиц и Време ти се најтрачарските медиуми, со најмногу пласирани лаги. Во последно време никој не ги гледа ни ги чита, освен шпиц, како што кажува една комшика, го купувала оти е поефтино од тоалет хартија.
Ако навистина имало несрека ке знаеа сите медиуми, а посебно српските, бидејќи нели, кај нив се случила несреката. Ама ајде, ќе им простиме, знаеме какви се.
Ама Каролина ако е паметна, сега ќе си тужи поради претрпан стрес и бол, и ќе им ги зме оние милиони кои ги кријат по станови. Сепак, не знам како размислува за тоа како ќе и се одрази на славата, ама јас би тужела, ако знам дека дома сите ги испотресле со лагите
 
Прекрасен албум на Каролина, ми се допаѓа премногу и деновиве не престанав да ги слушам сите песни.
Фаворити :smir:
 
Каролина - заштитно лице на водата Аква Кокино



 
Каролина ќе се дружи со фановите

Македонската пејачка Каролина Гочева ќе дели автограми на промоција на својот нов албум „Капка под небото“ во сабота во музичката продавница „Југотон“ во ГТЦ


По повод излегувањето на новиот албум на поп пејачката Каролина Гочева, „Капка под небото“, во сабота, 11-ти декември, од 13 до 15 часот, во музичката продавница „Југотон“ во ГТЦ, Каролина ќе се дружи со своите фанови. Секој заинтересиран ќе може да добие автограм и да се фотографира со Каролина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom