Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Каролина гостинка во НЕКОГАШ И СЕГА на канал 5 телевизија заедно со Арсен Дедиќ
Емисијата ја почна со Птицо малечка, во живо со оркестар
За да рецензира нечие дело(а ова е музичко) госпоѓата Милица треба да има бекграунд позади себе,но за нејзина жалост таа тоа го нема или поточно има, а тоа приказни од типот на рекла казала оти она нели со тоа се бави.Поп-ѕвезда без хитови
(Кон: "Капка под небото", новиот албум на Каролина...Пишува Милица Џаровска)![]()
"Капка под небото", новиот албум на Каролина Гочева има три убави балади. Насловната, "За година-две", и новиот сингл "Не се враќаш". Општиот впечаток е дека ова е најтажниот албум на поп-ѕвездата досега. Според баладите и песимистичките текстови кои доминираат, промовиран е вистинско време, на зима.
Останатите песни се просечни, многу помалку од она што еден вокал како Каролина би требало да понуди. Продукцијата е квалитетна, звукот модерен, но звучи како лош спој помеѓу текстовите, музиката и аранжманите. Најдобар пример за тоа е "Бои". Лесна мелодија, интересен љубовен текст на Весна Малинова и по малку фолкерски ориентален аранжман. Ништо со ништо не оди заедно. Ист е проблемот и во "Ме љубиш ли ти". Диско ритам, со депересивен текст: "Ме љубиш ли ти, би убил ли за мене". Се забележува дека Каролина и нејзините продуценти сакале шаренило од стилови и автори, кои покажуваат дека пејачката како вокал се снаоѓа во сите од нив. Најголемо изненадување е диско-денс песната "Сите тие дни", која е подарок од бугарскиот евровизиски претставник Миро. Каролина во ритам во кој помалку ја познаваме, но пак недоволно за хит.
Најубавиот дел од албумот е насловната "Капка под небото", која им и свој прекрасен акустичен микс. Оваа песна го вади целиот албум. Проверениот хитмејкер Весна Малинова најмногу од сите автори го препознала сензибилитетот на Каролина. Романтична бавна песна со богат аранжман на Махир Сарихоџиќ во која пејачката дала се од себе. Тука е познатата хит балада "За година две", и новиот хит-сингл "Не се враќаш", збогатен со гитарското соло на Влатко Стефановски. "Не чуствувам страв", песната во која се насетува рок, е уште една од која се очекува да допре до публиката, поради фактот што ја напишала евровизиската победничка Марија Шерифовиќ. Но, и таа не е ништо особено. Албумот има уште една мирна и здодевна балада, познатата "Крај" со Скај Виклер, и поп-рокерската "Сама" која е со нешто поведра мелодија од останатите, но ја расипува текстот. Каролина е поп-ѕвезда, одличен вокал со изградена кариера. До сите овие епитети, фали уште еден: хитови, подобри песни што ќе останат како евергрини. Тоа е она што на албумот генерално му фали. За жал, проектот кој долго се најавуваше не е нејзиниот максимум.
Izvor - http://vest.com.mk/?ItemID=7CC6C26AEF42D64DAE3BBBFFFE3DF75C
Taa ne treba nicija recenzija na album da pravi ,ona e samo estraden novinar i tolkuБреј, да не може човек да напише рецензија за албум што не му се допаѓа. Ајде, распнете ја Џаровска на крст.![]()
Бреј, да не може човек да напише рецензија за албум што не му се допаѓа. Ајде, распнете ја Џаровска на крст.![]()
Никој на никого не забранува да напише што сака,но едно ќе се сложиш дека сето она што го напишала го пишувала ко во 5 до 12,што само по себе зборува за самиот што го напишал,и притоа зборува за евергрини за албум кој вчера излегол,за да денес постане евергрин,за да една песна првин стане и хит треба време да помине,а не да зборува за евергрини.Но албумот е правен за публиката а не за трач рубрики.Бреј, да не може човек да напише рецензија за албум што не му се допаѓа. Ајде, распнете ја Џаровска на крст.![]()
Има песни кои од прва знаеш дека исто така моќно ќе звучи и после 20 години, а не да оставиш на времето да покажеза да една песна првин стане и хит треба време да помине,а не да зборува за евергрини.
"За Година Две" звучи исто така моќно како и пред една година.Има песни кои од прва знаеш дека исто така моќно ќе звучи и после 20 години, а не да оставиш на времето да покаже
"За Година Две" звучи исто така моќно како и пред една година.
Се работи за сосем друг вид на музика,али кога веќе сме кај Марга Сотировска пред 5 години кога ја започна кариерата изјави дека имала некои песни за Каролина и дека посакува соработка со Каролина,но во тој момент Каролина веќе го имаше издадено својот албум сето тоа остана така за понатаму,а колку што знам сега Марга не е тука.А и во однос на музиката доколку Каролина би живеела во Америка сигурно дека ќе презентираше сосем друга музика за која некаде на запад има публика а тука кај нас ја нема или е во мал број.Е ова ти звучи моќно и плус Македонско е и за вакви работи ти правам муабет