Кариерата пред се друго?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Многу често во последно време можеме да видиме луѓе кои се на високи државни позиции како и на позиции во приватниот сектор кои што наложуваат приоретизирање на кариерата за сметка на сите останати работи во животот.

И многу често тоа што трпи е семејството, љубовниот и приватен живот, родителите, пријателите....

Го оправдувате ова?
Сметате дека доколку станува збор за добра, просперитетна и добро платена работа вреди да се жртвува приватниот живот?
Сметате дека треба да си дозволиме живот со темпо 24/7 за сметка на сите останати работи во животот?

И воопшто, вреди ли во животот да станеш воркохолик?

Многу пати сум размислувал на оваа тема и никогаш не сум се одлучил кој е мојот став, во моментов сум пред таков „предизвик„ кој (можеби) несвесно но полека го прифаќам.
 

Attachments

  • workaholic_2.jpg
    workaholic_2.jpg
    14,8 KB · Прегледи: 5
Најголемото богатство што човек може да има е семејството. За да можеш да издржиш едно семејство, ти требаат пари. За да добиеш пари треба да имаш работа, кариера.
Се е поврзано меѓу себе. Семејството е секогаш приоритет.
Но човекот секако треба да има кариера за да успее. Но многу луѓе кариерата ја ставаат пред се останато, и на крај секогаш се покајуваат за ова.
 
Да, би ја ставила кариерата пред семејството што го немам.
Не би трагала по љубов и некој со кој што би го поминала животот на сметка на мојата кариера. Ако во случај, ми се пружи шанса, за оформување семејство, би почекала да станам финансиски самостојна т.е. не би оформувала семејство, па после.

Ако веќе имам формирано семејство, маж, деца, никогаш ни на крај памет не би ми паднало да се летам по кариерата и по парите. Би праужала љубов на моето семејство, макар и не толку богати.
 
Никогаш не би ја ставила кариерата пред своето семејство...најблиските ми се поважни...
Баш од ставање на кариерата многу семејства пропаднале зошто едниот се посветува на работата.Имам пријателки на кои родителите постојано се во службен пат во странство а децата се чуствуваат запоставени...
Преку полов орган ми е од тие што секогаш најпрвин ја гледаат материјалната страна и ја стават на прво место пред семејството.
 
Познавајќи се, знам со сигурност дека не може да се случи да го ставам своето семејство позади кариерата или било какви други материјални нешта. Премногу сум зависна од луѓето што ги сакам, за да можам да си дозволам да ги повредам или запоставам за било што. Презирам такви луѓе, па не сакам ни јас да сум една од нив.
 
Семејството е среќа, радост, духовно богатство..
Работата е тука за пари сите тоа го знаеме....
Доживувањата не се купуваат со пари, за мене семејството секогаш ќе биде на прво место.
Додека не си имам свое семејство јас ќе бидам посветена најпрво сега на учење па потоа на работа, но кога ќе имам семејство тоа би била најважна работа за мене...
За идржување на семејството се потребни пари а за тоа е потребна работа...ќе работам да ама не 24/7 и нема заради работата да заборавам на семејството
 
Презирам такви луѓе, па не сакам ни јас да сум една од нив.

За жал во последно време лугето почнаа да ја стават својата кариера пред своето семејство и да ја гледаат материјалната страна мислејки дека тоа ке им донесе срека.Самата се ежам кога некој ке ми спомне дека повеке ги гледа парите отколку семејството.
Ај ете да ги дадам за пример познатите глумци кои ја гледаат кариерата пред семејството(Бред Пит сакаше деца со Џенифер Анистон а оваа сакала да си ја гледа првин кариерата)и баш тоа е една од причините кои им се растури бракот.
Не и ним не им е лесно...верувајте.
Ко што кажав во мојот прв пост на темата кариерата може да биде и главна причина за растурање на бракови пред се зошто се чуствуваат запоставено.
И ко што кажа членката над мене доживувањата не може да се купат со пари.
 
Да де. Парите ќе те држат за рака на смртна постела. Абе ај.
 
А што е она што го има на филмовине кога некој се откажува и го жртвува своето семејство за доброто на државата/планетата ?
-Која е поентата на парите кога нема да бидеш со твоето семејство и како што Емма спомна Парите ли ќе те држат за рака на смртната постела .
 
A која е поентата да бидеш со семејството а да гледаш како плаче за леб ?
Најубаво е средина, каде што имаш пристојно работно време, пристојна плата и време за потоа да уживаш со најблиските. Но кога би требало да одбирам дали да рмбам по цели денови за моите најблиски да имаат, или да гледам како ги имам покрај себе со тужни лица, би го одбрала првото. Семејството е приоритет,а парите се средство кое е најпотребно и кое е најчест извор на проблеми и нарушени односи.
 
Всушност , ти не го жртвуваш семејството , туку ти се жртвуваш ЗА семејството .
 
За да пишуваме на оваа тема мора прво да го искусиме горкиот леб од кариерата и пропратните ефекти од неа, за жал тие ефекти се негативни.
Секоја работа те одделува од фамилијата на некој начин, има моменти кога треба да ја жртвуваш фамилијата за да дојде на прво место кариерата ама потоа да и го надокнадиш тоа на фамилијата, ако продолжиш по истиот пат фамилијата нема веќе да биде истата?
Најважно е да те свати фамилијата дека се бориш за нив, другарите и роднините се друга приказна, нив и да ги изгубиш заради кариерата баш и не е некоја загуба на денешно време ама фамилијата да ја загубиш е навистина голема загуба?!
Немојте да мислите дека е лесно да ја одржуваш врската помеѓу работата и кариерата, мора да си поставите една граница бидејќи ако ја поминете таа граница тешко дека ќе се вратите назад?
 
Е како да не кариерата не е пред све друго како прво и најважно ми е здравијето бидејќи ако сум болен џабе ми се пари и кариера и се друго ама еве на пример здрав си ке речете и пак кариерата нема да ми биде на прво место на пример ако не се оженам што ке ми се пари што ке ми е богатство кога ке намам деца кои ке го наследат што значи не вреди да се мачиш за џабе како што има некои по 40 години кариера тераат а уште беќари а ако си имаш створено фамилија би требало да се посветиш и на кариерата но не толку многу.
 
Кариерата треба да биде таман толку дозирана за да те исполни, финансиски поткрепи и не пореметува домашен мир.
 
И кариерата, како и се друго. Ако ја имаш, трпи семејството, најблиските итн. Ако ја немаш, трпи повторно семејството, најблиските итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom