Името не е сменето, БЈРМ е привремена референца додека не се реши "спорот" со името барем така е официјално може да се разгледува и така зошто Грција никогаш нема да се согласи со Р. Македонија како официјално име за ООН. Не знам зошто мислиш дека на нашата политичка елита не би им добро дошол влез во ЕУ, не дека ќе процветаат ружи во Македонија од тој ден па натаму ама ќе си обезбедат еден подолг век на траење од позиција на владеење таа гарнитура која ќе ја внесе Македонија во ЕУ. За бизнис елитите воопшто не му менува влегувањето во ЕУ ќе има евтина работна рака и по тоа ако алудираш на емиграција и брејн дрејн кој го има е без тоа. Околу кампањава да кажам дека ја поддржувам како Македонец иако нема никаква политичка прагматичност во неа, во моментов нашата позиција не ни дозволува никакво прекинување на преговори и само наивни, неуки или пак дисидентни политичари би поддржале ваков да ги прекиниме целосно преговорите. Лично за мене е прифатливо име од типот на Republic of Macedonia (Репубика на Македонија), Republic of Macedonia (Skopje), Republic of Macedonia (Vardar Macedonia) или било што во заградата која и онака се употребува само за некаква одредница и тоа само за меѓународно користење без промена на устав ама за жал можи само да сањаме за вакво решение.
Можеби официјалниот назив е привремена референца но тоа не го сменува фактот дека под тоа име се води Македонија во меѓународни рамки.
Тоа е официјално име за меѓународна употреба...
Е сега зошто не им одговара ЕУ на нашава „елита“...
Дали едната или другата “опција“ ќе се на власт не прави никаква разлика.
И на двете не им одговара влез на МК во ЕУ.
И се трудат што подолго да го одолговлечат тоа.
Од една страна пред очите на лоботомираната раја излегуваат како патриоти (не го даваме името) а од друга страна имаат дежурен кривец (Грција) и оправдување за сите срања кои ги прават.
За жал ова им одговара и на грчките паразити (политичари) кои овој “проблем“ го користат за дефокусирање на тамошната јавност од гомнариите во кои запаѓаат.Таа шема е актуелна од двете страни на границата.
Оваа ситуација со името им е како “дар небесен“.
Затоа што со евентуално влегување на МК во ЕУ овдешната раја ќе добие право легално да работи во ЕУ.
Тоа ќе повлече надвор огромен број млади луѓе.
А со тоа ќе го загубат јадрото врз кое паразитираат со години.
И тоа ќе предизвика недостиг на работна сила,што ќе повлече зголемување на платите и на социјалните права.
Да не зборуваме за помалата можност за уценување на рајата за кого да гласа...
Таков чекор кон подобрување на економската независност а со тоа и интелектуална и физичка независност им се гледа крајно некорисен,што е и нормално...им се коси со интересите...
Вакво нешто на секоја македонска власт и делува како најцрн кошмар...
Што би добила економско-политичката олигархија во МК со влегување во ЕУ?
Ништо.
Што би задржала во случај да се одолговлекува или целосно да се спречи влегување на МК во ЕУ?
Све она што го има сега...
Заклучокот не е тешко да се извлече...:nesum: