Калиопи на Евровизија 2012

Зошто би влегле у финале?

Оти ако не влеземе, Кљомпа ќе ги лапне сите. :)

Него како велат, кучињата си лаат, карванот си врви. Нејзе многу не ја тангира што народ не ја сака за претставник и си тера ќејфот. Мора протест да се организира, тоа мислам дека би било јако. :)
 
koj сакате вие да не претставува? кој мислите дека е добар за да се испрати таму?

Владо Јаневски или Каролина. Нивните неуспеси, кај Владо, се должат на никаквото лоби, немањетп никакви средства (речиси се сам си плати Владо), а кај Каролина не ми беше јасно, како покрај толку добри песни направени, таква глупост сними за Евровизија. И да, прво треба да имаш асална песна, па лобирање. Елена покрај тоа што ќе испее тралалајка (со која највисоко се пласиравме) ќе им заигра на сцена, млада е и убава, и да, така се освојуваат дел од гласовите. Никој не зборува за победа... ама за избегнување на бламирање.
Калиопи не е нешто што треба да го пратиме на Евровизија.
 
Зошто ти не ја сакаш? Кажи ми една разумна причина?
Прво она е едниствената дама на македонскава сцена која има вистински хитови позади себе.Она е едниствената дама која е позната и славна и одржува концерти низ цел Балкан.Она е едниствената дама која 25 и кусур години е редовна на македонската сцена.Башка тоа што е мн добар вокал,тоа е неоспорно.Во моментов не гледам друг некој кој достојно би заслужил да ја претставува Македонија на Евровизија/.

Искрено, песните на Каролина се далеку послушани и самата Каролина повеќе ценета од публиката, од Калиопи. Калиопи има глас, и тоа никој не го оспорува, но за да бидеш пејач ти треба МНОГУ ПОВЕЌЕ од глас. Каролина ја наполни Борис Трајковски, а Калиопи во Универзална да прави концерт, не верувам дека ќе ја наполни, и присутните ќе бидат генерација 40+. Освен тоа, не ми е јасно кои хитови ги направила Калиопи, освен ,,Rodjeni,, кој е отпеан на хрватски, а од македонски песни можеби се издвојуваат Обои ме, На пат до Македонија, Крај, Не ми го земај времето.... и тоа е тоа. А од сите овие песни, само Rodjeni ја знаат низ екс-ју просторите, и сосема е ирелевантно дали колегите нејзини ја ценат или не, пејач си за публиката, а не за колегите. Замисли сега ние психолозиве да си бидеме психолози едни за други и да си се цениме, ама пациентите што е важно дали мислат дека им помагаме или не. Калиопи прво не навреди сите нас, и должи извинување на Македонија, а второ, освен глас, нема други квалитети што и се потребни за успешен пејач.
 
Kирил Поп Христов-Кили
Ја би ги пратил и К-15 ако сакаме да пратиме така по шмекерски бенд и тоа со песната со веслање на Кајче, ако сакаме некое реметење за ЕУ тогаш може Коста Бургов, Ристе од Припор и остала багра.
 
Жити се кај може да се споредува Калиопи со Каролина??? Па Опи може вода да и носи на Каролина! Да - Калиопи има прекрасен глас, ама Каролина има се` што е потребно за една ѕвезда! Глас, однос, изглед... Мислам сепак - КАРОЛИНА си е КАРОЛИНА :) Една и единствена! Не знам дали вие обрнувате внимание кога ги слушате изведбите во живо, ама слушнете неколку од многуте видеа каде Каролина пее во живо да ја видите динамиката што ја прави во изведбата, да го осетите нејзиниот моќен глас ВО ЖИВО, а не како кај многу други што се фалат на снимкине каде со компјутер се` моќе да се направи. За изгледот не зборувам многу - два пати ја пуштивме на Евровизија, двата пати ја прогласија за најубава девојка од сите на Евровизија. Инаку, КАЛИОПИ - СРЕЌНО НА ЕВРОВИЗИЈА !!! :) Знам дека одлично ќе не` претставиш ;)
 
Калиопи вечерва направи сообраќајка


Во сообраќајна несреќа вечерва повреден е поранешниот сопруг на поп пејачката Калиопи Букле, а сообраќајката се случила додека Калиопи управувала со возилото. Сообраќајката се случила вечерва во Скопје на крстосницата меѓу Рузвелтова и улицата Иван Милутиновиќ.
Неофицијално дознаваме дека Калиопи со своето возило марка Пежо се судрила со автомобил Хјундаи со скопски регистерски таблички. Таа управувајќи со возилото удрила во тротоарот и во бандера, при што покрај поранешниот сопруг на Калиопи повреден е уште еден патник.
Неофицијално, Калиопи со своето пежо се судрила со автомобил хјундаи со скопска регистрација.
Пејачката не е повредена и е во добра здравствена состојба.

http://www.plusinfo.mk/vest/28358/Kaliopi-vecherva-napravi-soobrakjajka
 
Ajдее новото Пежо и отиде за во отпад,ама овие не се нормални новинариве ,одма демек и Зафирчев бил повреден да се пишува само без да се знае
 
Далеку ќе дотуркаш доколку им веруваш на +инфо.
Прават копи/пејст од ВЕСТ.

Калипи била со нејзината менаџерка. Возеле брзо, треснале во бандера како што може да се види на фотографијата што ја објави Вест, и потоа им се заканувале на новинарите од весниците и телевизиите да не ги снимаат.
What a looser.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom