Да се шета цела свита и да се рекламира со наши пари низ Европа е крајно невкусно од една госпоѓа која многупати се промовираше како хуманитарка со оглед на нејзиниот однос кон аудиториумот плус во услови на сиромаштија и кризи.
Една интересна колумна за состојбите во МТВ, а во врска со трошоците, манипулациите, незаконските хонорари во куќата и трошоците ефектите од испраќање наши учесници на Евровизија. Текстот е премногу долг па го постирав само вториот дел:
Калиопи ќе и отпее панихида на МРТВ
Но раководството на МРТВ, па и самата пејачка, ај што
мораат, туку имаат и законска и морална обврски кон граѓаните, кои плаќаат радиодифузна такса, да кажат и да обзнанат – дали сега е вистински момент да се размислува за Азербејџан? Дали мораше тоа деновиве да се случи, и на крајот на краиштата,
дали воопшто бре луѓе има потреба од наш претставник на овој избор?
Најверојтно граѓаните од МРТ и од Калиопи нема да добијат одговор. Првите затоа што знаат дека се во кал до гуша за расипничкото трошење државни пари, а вторава поради слава или барем порад тоа што мисли да стане славна низ Европа. Но ако според МРТ ова трошење на пари без усул е оправдано тогаш на сцена треба да настапат граѓаните, и тоа чисто легитимно. Зошто би плаќале радиодифузна такса кога тие од нивните пари брцале во медот со години, згора на тоа трошеле и пари од државниот буџет, кој исто така се полни од народни пари. Значи тие не крадат два пати за едно ништо, а ние не смееме да гукнеме. Е нече мочи друже судија овој пат. Читам дека и граѓаните веќе сфатиле од каде дува ветерот и каде ги носи парите. Затоа ако ништо друг тоа
најмалку што требаше да го стори МРТВ е да се откаже годинава од изборот на Песна за Евровизија.
Истото граѓаните го очекуваат и од
Калиопи, која нели би умрела за Македонија. Но да ја прашам дали знае за 30 - те милиони евра була на куќата. Дали знае дека поради тие пари секојдевно умираат граѓани од глад затоа што наместо за социјална помош и за болници се фрлиле во бунарот наречен МРТВ? Е па зошто тогаш некој би умирал за МРТВ, а аналогно на тоа и за Калиопи кога нели таа премногу ги сака Македонците и сите што живеат во Македонија и не би ги повредила со ништо? Еве
ако е голема хуманитарка, како што се претставува, а јас верувам дека тоа е така, нека се откаже од изборот, со што ќе направи неколку добри дела. Значи нема да го троши буџетот на земјава, кој го полниме сите, ќе ја растерети МРТВ од дополнителни трошкови и со тоа ќе спаси некој живиот во болница или некој кој прима социјална помош. Поедноставно здаравје.
Значи сега топката е во рацете на МРТВ и Калиопи, па кон кого ќе ја фрлат тоа е нивни избор.
На крајот не знам ниту воопшто зошто ни се такви избори. Па нели Европа е нашиот душман, не ни го признава ниту името, ниту идентитетот, нит нас. Јас во таква Европа не би пеел на пример, но нејсе секој има право ако сака да го смени и ставот и карактерот.
И згора на се што ќар имавме од Евровизииве досега ако може некој да ми каже?