Во моментов не гледам друг некој кој достојно би заслужил да ја претставува Македонија на Евровизија/.
Евровизија не е манифестација на која треба некој да биде „достојно претставен“. едноставно не е, ок? лорди, уи ар 'д винерс оф јуровижн и остали заебанции го потврдуваат тоа. другите држави се зезаат и праќаат полу-дебили, трансвестити, крос-дресери и слично. и супер им е. само ние и нам сличните одиме како во битка за освојување на... што...? слава, респект, потврда дека како кај нас нема никаде, појма немам... работава: ќе не биде или не - од јуровижн зависи...
дека таму не се бара квалитет, покажува и никаквиот пласман на тоше (и покрај тоа што беше светски признат глас). квалитетот е секундарен или дури терцијарен; прво се „комшиските врски“, па оригиналноста и/или невообичаен настап/изглед, па евентуално квалитетот.
е сега, пошо не се бара квалитет, каљопа би имала шанса, нели? теоретски, да. во пракса не, бидејќи не е оригинална ниту е интересна, ниту посебна. мислам, во свет во кој што постои Адел, „дамата буклевска“ е медиокритет, потпросечна дури... (дисклејмер: ова не е плукање по све што е македонско - ова е плукање по калиопи... ако ја биваше, ќе ја гледавме по светов како зима греми и сл.)
самата евровизија е прикзна за себе - збирштина од комшиско гласање, афери, плагијати, лобирање, мешање политика каде што не и е место (FYR Macedonia, anyone?) и така натаму...