Какво сирење јадете?

  • Креатор на темата Креатор на темата НеоН
  • Време на започнување Време на започнување

Од што јадете најчесто?

  • Крајво

    Гласови: 107 49,1%
  • Овчо

    Гласови: 91 41,7%
  • Козјо

    Гласови: 13 6,0%
  • Никакво

    Гласови: 7 3,2%

  • Вкупно гласачи
    218
Најубаво е од некое бачило да се земе. Знаеш дека 100% е исправно.

Ејјј нема промашај ова. Пред неколку години се враќавме од Охрид низ Западна Македонија и нешто ни текна да поминеме до Гари. Најдобро сирење во живот што сум јадел, купивме леб и 2 кила сирење со план во Скопје да го носиме. Застанавме во Јован Бигорски и демек ај да го пробаме, да го пробаме и цело сирење го изедовме за Скопје ни грам не остана.
 
Знам јас како се прави и каков вкус имаше биеното сирење на мајка ми, ама тоа е сложена процедура!
Се сомневам дека некоја млекара се замара со процесот на сушење(потпекување)!
Основен проблем е што и тоа биено што го прават, го пуштаат во продажба недозреано.
И често го заебуваат и им е „потскиснато“, чим има ситни дупчиња, а не големи шупелки како тоа на цртаните филмови утнале во процесот.
 
И често го заебуваат и им е „потскиснато“, чим има ситни дупчиња, а не големи шупелки како тоа на цртаните филмови утнале во процесот.
Сирење може да скисне само во периодот на цедење или пресување(ова само за биеното). Очигледно или не успеваат навреме да ги засолат или па си викаат, гурај и вакво ќе пројде. Кога еднаш се засоли, нема опасност од прокиснување. Има штос ако сакаш да биде со поголеми шуплини, не се става во раствор(пресол)одма ами се засекува и се соли со крупна сол обилно, одозгора. Така надворешниот слој е конзервиран а внатре ферментацијата сеуште продолжува, извесно време. За тоа треба грижа и раце, сега све е сведено на мижибутај техника.
Инаку што поголеми шуплини позапуштен бил процесот. Нормално сирење има средни до мали дупчиња(меурчиња)
 
Никој не го става биеното сирење дирекно во пресол тоа не е точно прво треба убаво пиша ти да дехидрира и да се заштити со сол ако го ставиш дирекно во канти со пресол тоа ке стане меко и ке скисне за 3 дена неверувам дека некоја млекара го прави тоа пошто ако го рипне тој чекор тоа веке не е б. с
 
Не знам кој го препорача сирењето на Вардарец, ама боље сирење нема моментално. Ги пробав сите врсти, козјо, кравјо и овчо. Сите се топ.
Мислам дека од Удово е фирмата, барем така пишуваше на амбалажата.
 
Пушти ми слика во пп ако моеш.
Инаку на President сирењето Traditional многу ми се завсиѓа. Во Охрид го купив во Тамаро. Во Скопје уште го немам најдено.
 
Овчо на Ѓеоргиеви. Убаво ми е и најконзистентно во вкус и квалитет. Кашкавалот на Кораб со нане и босилок е многу добар.
 
Пушти ми слика во пп ако моеш.
Инаку на President сирењето Traditional многу ми се завсиѓа. Во Охрид го купив во Тамаро. Во Скопје уште го немам најдено.

Во Тинекс го имаш Президент. Јас од таму го купив. Добро е и тоа.
2vardarec_mleko_mlecni-proizvodi_gal_s1.jpg

Ги пробав сите сирења од Вардарец. Одлични се. А одличен е и кашкавалот.
Во Стокомак ги има и не се многу скапи.
Автоматски споено мислење:

Овчо на Ѓеоргиеви. Убаво ми е и најконзистентно во вкус и квалитет. Кашкавалот на Кораб со нане и босилок е многу добар.

Сирењето на Кораб Трница како е?
Гледам го донеле во Стокомак ама не го земав.

Го имаше пред неколку месеци само во некои месари, а сега гледам го донеле и во Стокомак.
 
Многу често сам одам дирекно на бачило...и си земам канта овчо сирење. Оваа година купив од едно бачило на планината Стогово...над с.Врбјани-охридско

48636802891_a3d81c17ab_b.jpg
 
@Marick14 од Кораб Трница земав биено сирење и е пре пресолено, значи ова е нешто екстремно па така и вкусот не доаѓа баш до израз
е сеа некои практикуваат да го измијат со вода за да ја намалат солта

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ако не грешам Кораб Трница имаат своја фарма во Овчеполието, а самиот угостителски објект им е во Трница.
 
@Marick14 од Кораб Трница земав биено сирење и е пре пресолено, значи ова е нешто екстремно па така и вкусот не доаѓа баш до израз
е сеа некои практикуваат да го измијат со вода за да ја намалат солта

Sent from my iPhone using Tapatalk

Прееска бев во Кораб Трница но не земав сирење од таму, бидејќи земав од едно бачило пред Галичник и топ е сирењето. Вреди за сите пари. Да го изедам ќе одам пак да си земам бидејќи не носел до Скопје.
 
кравјо оно ваљда и најефтино е го има у сите маркети хаха мешано :)
 
Од бачило директ, овчо, нема поубаво. Би можела да мезам секој ден даска со сирење ако тоа не се покаже на моите бутки. Сиренце, сиренце, сиренце, понекое крекерче, грозјенце и лубеница, па да си пукнам од убавини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom