Какви луѓе ве нервираат/не поднесувате

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Каков тип на луѓе не сакате:

  • Дволични

    Гласови: 84 28,7%
  • Со негативна енергија

    Гласови: 85 29,0%
  • Преваранти

    Гласови: 39 13,3%
  • Лажговци

    Гласови: 46 15,7%
  • Од оние што се фураат/се прават којзнае кои се

    Гласови: 80 27,3%
  • Од оние што мислат дека се знаат

    Гласови: 66 22,5%
  • Татини мази/галеничиња

    Гласови: 40 13,7%
  • Ќе наведам какви....

    Гласови: 38 13,0%
  • Не ме нервираат никакви

    Гласови: 22 7,5%

  • Вкупно гласачи
    293
Луѓе со кои не можеш да направиш муабет, полни со ограничувања, предрасуди.. Не знаат да гледаат и размислуваат во пошироки хоризонти. Не поднесувам луѓе што секогаш се држат до зацртаните линии и се плашат да погледнаш што има позади нив. Луѓе што немаат свое лично мислење, и веруваат на другите.. и ги прифаќаат туѓите мислења за свои без да размотрат дали се во право или не.
И дефинитивно мразам песимисти, нешто што ми ја убива енергијата се такви луѓе..
Проста раја everywhere..
Ретко се наоѓаат луѓе што се open-minded и тоа е навистина жално.
 
Не мразам никој, добро е што има секакви на овој свет за да не ни биде монотоно. Ама признавам , ми одат на нерви татини и мамини размазени дечиња кои не знаат како е со пот да го заработиш секој денар, па трошат како луди и фрлаат пари на се што треба и не треба. Не сакам ни такви кои немаат да си фрлат сол в очи , а се прават кул фаци што пијат кафе на тренди места , се дружат со елитата и даваат лажна слика за себеси. Општо не ги поднесувам тие што гледаат низ призмата на парите. Не сакам предрасуди, мразам озборувања, мешање во други животи. Сакам луѓето да немаат граници, да има повеќе авантуристички дух во нив и желба за поинтересен живот, а не тој банален просечен ден кој вклучува одење на работа и добар сон да е се што им треба. Има секакви, ако набројуваш нема крај.. Често од сите нив ги избегнувам оние кои многу зборуваат, а уствари малце кажуваат, оние кои се смеат, а уствари не им е смешно. Се што сакам е луѓето да се природни, ќе ги прифатам секакви, само да не се фејк, да немаат маски, да не се се прават нешто што не се.
 
закоравени хипстери од средно шо си играат атеисти

едит: и сите слични шо ги "еб*" системот
 
Недостасува ГЛУПО-ТВРДОГЛАВИ.....

страшно ме нервираат глупи луѓе..па уште и да е истовремено тврдоглаво копиле... ууууу.. од такт ме вади... неписмен да е, ќе го описмениш.. ама овој бре ни два грама памет на прима у тоа празната црпка...
 
Шо ми зборуваат за Петко, Трајко, за неговиот живот, проблемите, шо напраел, како напраел и шо ми ги пра тестисиве дињи со проблемите на некој 5-ти.
 
Луѓе што не знаат да објаснат кои се причините за некое нивно однесување или особина. Делува како да немаат допир со себе. Уште полошо е ако се гордеат со тоа однесување или особина, а немаат ни зборови за да ги објаснат.[DOUBLEPOST=1414178114][/DOUBLEPOST]Луѓе што не знаат да објаснат кои се причините за некое нивно однесување или особина. Делува како да немаат допир со себе. Уште полошо е ако се гордеат со тоа однесување или особина, а немаат ни зборови за да ги објаснат.
 
Циници, поготово оние хардкор циници, кои никогаш не ни даваат нагласок дека се заебаваат на туѓа сметка, глумејќи дека го респектираат мислењето на соговорникот. Едноставно цело време се иронични, и полни со себе, но за разлика од нормалните луѓе кои на крај објаснуваат дека се шалат, овие си ќутаат и после кај другите се фалат - објаснуваат како го реметеле соговорникот.
 
Мрчатори како се им е лошо и ништо не им оди во животот а при тоа ништо не прават тоа да го сменат,радознали оговарачи исто опасна категорија и навидум располозени и среќни глумци а всушност обични злобници
 
сељандурки кои мислат дека се нешто нај нај, со слични пози, изваени цицки, миничи со напрчен газ и напрчени муцки и шо остава срцина во коментари ,се лигуша
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom