Каква риба конзумирате најчесто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Galactikos
  • Време на започнување Време на започнување
па добро, во конзерва јадам понекад туна или сардини, а од обична риба тогаш пастрмка, крап и гирици, друга не. се рзабира, и морски плодови јадам.
 
Зависи. Сакам убава весела риба со интересен карактер. Нема врска дали е плавуша или брунета :):)
 
Знам дека е здрава и све тоа, ама риба ми е најлошо јадење што може да постои, после чкембе чорба и пача.
Секој втор ден водам војни со мајка ми зошто не сакам да и ја јадам рибата. Единствена риба што колку-толку можам да ја истрпам е туна. Дури и морските плодови имаат вкус на риба, некаков лош морски вкус, ништо што живее под вода не ми е вкусно за јадење. :)
 
Јадам секаков вид на риба, преспанскиот крап и охридските белвици ми се највкусни:helou:
 
Во основа не пребирам многу, јадам каква риба ќе ми се даде таква:) Понекогаш купувам конзерва туна, а вака по дома ослич, пастрмка, крап, белвица итн.
 
Знам дека е здрава и све тоа, ама риба ми е најлошо јадење што може да постои, после чкембе чорба и пача.
Секој втор ден водам војни со мајка ми зошто не сакам да и ја јадам рибата. Единствена риба што колку-толку можам да ја истрпам е туна. Дури и морските плодови имаат вкус на риба, некаков лош морски вкус, ништо што живее под вода не ми е вкусно за јадење. :)

Еве уште некој како мене а јас мислев само јас се грозам на светов од риби и се што е водно а секако мразам и пача и чкембе чорба:toe:
 
Омилено јадење ми е риба од секаков вид на секаков начин спремена. Највеке сакам убаво спремен пијан шаран:vozbud: а најмалку туна во конзерва:)
 
Омилено јадење ми е риба од секаков вид на секаков начин спремена. Највеке сакам убаво спремен пијан шаран:vozbud: а најмалку туна во конзерва:)
Со што го пијаните?:smir:
 
прво информација работам во рибарница :) али свежа морска немаме па така да нив не ги смонувам воопшто ,

исто и охридските кои се забранети ...

а сега мала листа на моите омилени јадења

крап преспански нешто најквалитетно од тој вид кај нас , било да е полнет (парче од две кила па нагоре) било да е пржен сечен на кременадли е нешто што се вика да касниш да порасниш..

белвица преспанска , ситна добро испржена и посебно добра со пиво во замена на киткиритки :)

скуша , само добро измиена и убаво насолена , без никакви додатоци лимони , лукови и слични работи , едноставно само печена на плотна со сосем малку масло

пастрмка со црвено месо , некои ја викаат мавровска но ја има насекаде до струга до делчево :) , отворена од кај грбот пржена на тивок оган нешто едноставно супер

ослич од најголемите, сечен на тенки кругови ,добро испржен во фритеза по можност , со брашно во кое има и црвена пипер нешто не секојдневно вкусно

толку до сега рибите се одлични јадете ги , нема по добра храна за тие пари што се вика а не е потеински растена со сигурноост
 
таа похована во комбинација со помфрит ммммммммммммммммммммммм
 
Јадам секакви риби, но обожавам пастрмка со црвено месо ммммм:pipi:
Ем здраво, ем некалорично, ем вкусно.
Ова ко реклама звучеше :pos2:
 
Највише поштувам пастрмка, по можност со црвено месо и ципура. А од време на време знам да си к’снам и туна или сардина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom