Немаме туризам,туку авантуризам.Овде во Охрид,најпознатиот туристички центар во Мк луѓето не живеат од туризам,туку преживуваат.
Од една страна имаме еден тип на луѓе издавачи,угостители со сфаќања од среден век (секоја чест на исклучоци) дека ако е намален бројот на туристи ,цените ќе морат да ги качиме.Истите тие,ко ќе имат голем број туристи пак ги носат цените нагоре ,најверојатно од желба за брза заработувачка, со др. збор алчност.
Пример,набавна цена на Даб/Скопско е негде 24-26 ден.Продажната цена по различни места е од 80-100 денари.300-400 % ЗАРАБОТКА!Истиот однос е отприлика за сите други пијачки.
За овие цени не би требало да се бунат гостите од Скопје и до негде Западна Македонија,сепак се слични.Па ние ги имаме тие цени цела година и сега ај да се отселиме?Голема е разликата спрема цените во Источна Македонија и ако сакаме да идат поголем број луѓе и од таму,цените логично е да паднат.
Од друга страна имаме еден тип туристи од среден век,како пред некој ден на плажа шо приметив.2 леба ,зеленчуци ,паштета и на плажа.Не верувам дека ако овие првава група ги спуштат цените ,другиве ќе идат од дома без тенџерињата.До навики е.Пак викам секоја чест на тие шо не се вакви (и среќа во случајов се поголемата група).
Забелешка до Општината:Секоја година Кејот и околината се ко панаѓур.И секоја година велат ние не планиравме така ,ама се деси.Јебига ,пара сегде врати отворат.Сите знајме чиви се фрижидерите и другите чуда.
Истиот случај и со паркинзите.Да не се нервираме на лето и ние и гостите ,изградете бре некој паркинг упм.Не само згради шо ќе паднат за 3,45 секунди во случај на послаб земјотрес.Нели спроти Монтенегрин ќе беше катна гаража?Или поисплатливо е зграда,побрзо идат парите...
Исто една забелешка до сите (редовни) гости во Охрид.Абе добро ,не научивте дека одредени улици се еднонасочни?Или знаците не ги познавате?И за фрлањето ѓубре со размислувања од типот не е мој град,не сум дома.
Очигледно дека Охриѓани не се во љубов со туристите и обратно,зато велат за кавга се потребни двајца.
Интересна колумна:
http://ohridnews.com/index.php?mod=23&kat=16&id=32872