Каков бил животот порано, а каков е сега ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ZIKS
  • Време на започнување Време на започнување
Порано не знам,но сега знам дека е сајбер.
 
Човекот, и покрај наводната еволуција, си останал ист, така да ако порано бевме мајмунчиња без комјутери, сега сме мајмунчиња со компјутери.
И ништо не се меанува значајно, освен тоа што стануваме се подебели како вид:pipi:
 
Човекот, и покрај наводната еволуција, си останал ист, така да ако порано бевме мајмунчиња без комјутери, сега сме мајмунчиња со компјутери.
И ништо не се меанува значајно, освен тоа што стануваме се подебели како вид:pipi:

Респект за мислењето. Баш сакав истото да го кажам. :bravo:
Животот од Адам до денес е ист, се раѓаш, растиш и при тоа правиш најразлични срања, старееш, на крајот доаѓа казната за срањата кои што си ги правел додека си растел и најпоследно умираш и како сите добиваш 9 педи под земја ни поќе ни помалце. Толку просто, попросто да не можи да биди.
Е сега за техмологии и разни тракатанци, тоа се работи кои ти дозволуваат да го зголемиш обемот на срања кои ги правиш додека растиш, а со тоа и си ја зголемуваш крајната казна.
Доста е од мене, оти ќе станам инспирација за потписи итн.:baeh:
 
Сајбер сајбер се се врти околу компјутерите и парите.
 
Порано повеќе внимание се посветувало на личните контакти и социјализацијата, друштвените игри, заедничките прошетки, а денес се е некако позатворено, помистериозно, зад компјутер и многу време сме во дружба со компјутерот и виртуелниот свет наместо со реалниот живот и вистинските (реални) другари.
 
Сајбер сајбер се се врти околу компјутерите и парите.
А споредбата кај ти е?

он: Сè се движи сè се менува, па така и животот. Порано многу повеќе внимание се обрнувало на семејните вредности и на меѓусебната почит. Сега, сè е сведено на кариера и бркање сонови.
И тогаш а и сега начинот на живот си имал свои позитивни и негативни карактеристики.
 
Животот се менува. Технологијата, медицината достигнуваат кулминација, со тоа дел од нас станува посовремен. И да, животот порано бил многу помирен од сега, во некои случаи и полесен. Меѓутоа ние остануваме скоро истите, со мали промени.
За тоа со чоколадото, има деца кои и на iPod се рамнодушни, а некои се’уште се радуваат и на чоколадо од 5 денари. Јас повеќе би рекла дека тоа зависи од начинот на кој си воспитан, каков начин на живот живееш, а не каков е животот воопшто на луѓето кои те опкружуваат.
 
Животот се менува. Технологијата, медицината достигнуваат кулминација, со тоа дел од нас станува посовремен. И да, животот порано бил многу помирен од сега, во некои случаи и полесен. Меѓутоа ние остануваме скоро истите, со мали промени.
За тоа со чоколадото, има деца кои и на iPod се рамнодушни, а некои се’уште се радуваат и на чоколадо од 5 денари. Јас повеќе би рекла дека тоа зависи од начинот на кој си воспитан, каков начин на живот живееш, а не каков е животот воопшто на луѓето кои те опкружуваат.

Се сложувам, само би додал дека се се менува само луѓето остануваат исти :)
Значи генерациите се различни во смисла како го живеат животот. Некој ќе, рече ех порано немаше ништо сега се има, како и да е многу си во право и начинот на кој што се живее животот од тоа како е научена особата е многу пресудна.
И самото општество е различно од пред 20 години. Тука има гоолема разлика.
 
навистина многу нешта се промениле од тогаш до сега но некои сепак сотанале исти, општеството се менува со нови идеи се разбира нормално е тоа..но тогаш луѓето имале поинакви мислења и гледања на нештата, денес секој гледа за себе а за останатите што е до него нека цркнат :tv:
сепак мислам дека тогаш се живеело по смирено и по уредно, секој можел лесно да ги достигне своите цели а најважна била љубовта, можеби и тогаш се се вртело околу парите ако сакаш да успееш но денес навистина е вртоглаво..
 
Епа порано не беше толку лошо,а сега,вака е:
21-st Century...: Our communication - Wireless
Our dress - Topless
Our telephone - Cordless
Our cooking - Fireless
Our youth - Jobless
Our food - Fatless
Our labour - Effortless
Our conduct - Worthless
Our relation - Loveless
Our attitude - Careless
Our feelings - Heartless
Our politics - Shameless
Our education - Valueless
Our follies - Countless
Our arguments - Baseless
Our boss - Brainless
Our Job - Thankless
Our Salary - Very less
Our Future - Hopeless!

Have a good day, with
LESSproblems

најмногу се согласувам со ова... можам само да додадам... колку ова „компјутерско“ општество ни го подобри животот, толку и ни го уништи
 
Животот порано бил посмирен и поздрав..порано децата имаа право детство,играа у кал до колена,џамлии у маало и што ли уште не,а родителите колку толку не беа заглибени у кредити и со растечки камати секој ден!сега ова шо се дешава е лошоо..
 
Леле ве читам и се чудааам!!!
Па ако не сакате да седите пред компјутер зошто го правите тоа?
Ајде, ве држи ли некој врзани и со пиштол над глава ви вика мора тука да седите?
Излегувајте, имајте детство/младост/живот каков што сакате.
Луѓето сигурно не се сменети премногу, времето и условите се ама луѓето се такви какви што биле пред 50, 100, 200 ....години
 
Па вака ѓомити е поинтересно, ако не беше поинтересно немаше ни да бидиме овде туку ќе бевме да друго место. (надвор:pos2:)
 
порано живото бил мнооогу поздрав од овој денес што го живееме. порано се хранеле здраво, немале телевизори пак да не правиме муабет за компјутери и интернет :nesum: и биле среќни на се она што го имаат, а да бидеме искрени за разлика од нив(луѓето од порано) ние сме збеснати до даска :vozbud: интернети, компјутери, телевизори.......и пак не сме задоволни со ништо :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom