Поставуваш многу прашања, а не едно, и затоа постов ми е толку ОГРООООМЕН :lud:

:lud:

. Ако морам да одговарам со еден одговор, одговорот е "сакај се себеси". Но има повеќе прашања овде.
Личност која што се сака себеси нема да дозволи да биде повредена од било кого. Замисли дека циганчето шо собира по денар на раскрсница, ти доаѓа, и, цитирам, се обидува да ти го забоди ножот во грб, неговиот сарказам ги преминува границите и го зборува тоа што го зборува за да те боли и за да те печат старите рани. Ќе те повреди тоа? Не. Ќе му се искршиш од смеење, затоа што воопшто не ти е гајле за него, воопшто не ги цениш неговите зборови. Единствената разлика од оваа ситуација, до ситуацијата во која зборовите на тој некој те повредиле, е во тоа што,
од некоја причина, ти ги цениш неговите зборови. Таа "
причина" е тоа што тој некој некако ти значи нешто, не е циганчето на раскрсница кое може да збори шо сака, тој некој некако ти е близок. Значи, кога те повредуваат зборовите на некого, те повредуваат затоа што тој некој ти е близок. Ова не се однесува само на зборови од некого, туку и на дела од некого, но за тоа малку подоцна.
Е сега, со оглед на фактот што некој ни станува близок само ако ние му дозволиме да ни стане близок, само ако ние го направиме близок, само ако ние го ставиме во ситуација да ни биде близок, доаѓаме до заклучокот дека зборовите на тој некој те повредиле само затоа што
ТИ си го ставила во ситуација да те повреди, само затоа што
ТИ си го пуштила позади тие дефанзивните ѕидови, само затоа што
ТИ си го направила близок. Значи, доаѓаме до заклучокот дека
кога некој те повредува, те повредува затоа што ТИ си го направила близок. Да не се разбереме погрешно, не викам дека ти си виновна за тоа што некој те повредил, но ТИ си одговорна за тоа кој те повредува, а кој не, бидејќи ти си одговорна за тоа кого ставаш во ситуација да ти биде близок, а кого не. Значи, да раскрстиме со тоа. Не е до тоа дека луѓето се добри, лоши, ѓубриња или не знам шо. Луѓето се, биле и ќе бидат такви какви што се, но секогаш ќе бидат екстерни варијабли, а интензитетот на тоа добро или лошо надворешно влијание врз нас го одредуваме ние. Не ги обвинувајте луѓето за тоа што ви го направиле, бидејќи вие сте си одговорни (но не и виновни) за тоа што ви се случува.
Е сега, да не се разбереме погрешно. Не викам дека решението е никого да не пуштаме позади ѕидовите, не викам дека треба никого да не правиме близок повеќе. Тоа е не е решение, бидејќи води кон живот во самотија. И да, не е точно: Owner of a lonely heart- much better than a owner of a broken heart. Тогаш кое е "решението"?
Дојдовме до тоа дека причината што некој не повредува, е тоа што ние сме го ставиле во ситуација да ни биде близок. Сега може да се согледа тоа што го реков дека ова не се однесува само на зборови, туку и на дела и на акции. Значи, проблемот е во тоа кого ќе ставиме да ни биде близок. Проблемот "како со луѓето" даден овде е проблем на проценка на луѓето, проблем кого да пуштиме внатре.
Кога пуштаме некој внатре, кога правиме некој да ни биде близок, ние си формираме одредена статичка
замисла за таа особа, дека е ваква, таква, онаква и слично. Но, бидејќи животот е динамична категорија, се тече и се се менува, така нон-стоп се менуваат и луѓето, па и
вистинската особа која лежи позади нашата
замисла за таа особа.
Е сега, повредени стануваме само тогаш кога ќе откриеме дека нашата замисла за таа особа не е = со вистинската особа позади таа замисла. Повредени сме тогаш кога, заради некои зборови, акции или ситуации ќе утврдиме дека нашата замисла за таа особа е нереална. Тогаш ни се јавува болката, тагата, тогаш сме повредени и тоа чуство на тага, болка и повреденост ќе трае се додека не ја прилагодиме нашата замисла за особата на реалноста, се додека не направиме нашата замисла за особата да биде = на вистинската особа. Во моментот кога ќе ја прилагодиме нашата замисла за особата на реалноста, во моментот кога ќе прифатиме дека таа особа е таква каква што вистински е, тогаш нема да бидеме повеќе повредени и тажни, бидејќи сме ја адаптирале сопствената реалност (сопствената замисла за таа особа) на вистинската реалност (вистинската особа). Пишував за тагата и болката повеќе во темата за тагата и болката.
Значи, причината зошто некој не повредил е затоа што сме мислеле дека е нешто што не е, што може да биде бидејќи сме направиле погрешна проценка за таа особа од старт, а можеби и затоа што тој некој некогаш бил нешто, но сега повеќе не е тоа нешто. Работите и луѓето нон-стоп се менуваат и треба постојано да се проверува какви се работите, т.е. дали и како се смениле, т.е. треба постојано да се гледа какви се луѓето, т.е. дали и како се смениле. Во принцип, треба да не се формира
статичка замисла за луѓето, туку да се биде свесен дека секој човек,
СЕКОЈ, е динамична ствар која, како и се друго во животот,
постојано се менува. Ако го имаме тоа во глава, дека луѓето постојано се менуваат, со секоја забележана промена постојано ќе ја update-уваме нашата замисла за таа особа и нема да дојдеме до ситуацијата кога ќе мораме болно да ја прилагодуваме нашата нереална замисла за таа особа. Значи, само да ја потцртам разликата помеѓу update-ување на нашата замисла за особата, и болното прилагодување на нашата замисла за особата на вистината. Кога ја update-ваме нашата замисла за особата, ги апдејтуваме и нашите очекувања од таа особа и не може да се најдеме во ситуација кога тие очекувања ќе бидат изневерени, кога ќе бидеме искористени, кога ќе ни забијат нож во грб, бидејќи таквото понашање не би било неочекувано. А кога болно ја прилагодуваме нашата замисла за особата, тоа значи дека некое време не сме ја апдејтувале нашата замисла за особата, сме промашиле,
свесно или не (за ова болдов во наредниот пасус) некои сигнали за тоа каква е уствари вистинската особа позади нашата замисла за особата, и после го сркаме курот.
Така доаѓаме до сакањето себе. Сите често пати сме биле во ситуација кога сигналите дека таа особа (другар, девојка/дечко, роднина, random особа на која сакаме да и помогнеме или не знам шо) се променила, или пак сигналите дека таа особа и никогаш не ни била таква каква што мислиме дека е, сме ги игнорирале поради најразлични
чувства. Ако станува збор за девојка/дечко, или другар, или роднина, ондак тоа се чувства на љубов, ако станува збор за особа на која сакаме да и помогнеме, тоа тогаш се топлите чувства кои што и се јавуваат на особата која што помага (нема сега да навлегувам во тоа кои тие чувства се), или воопшто, било кои други слични
ЧУВСТВА.
Но, тоа се чувства, а веќе рековме дека проблемот на повредување од друга особа е проблем на вистинитост на нашата замисла за конкретната особа и оттука, процесот на заштита од тоа да не бидеме повредени од луѓето, е процес на утврдување на вистиноста на нашата замисла за конкретната особа.
Е сега, процесот на утврдување на вистинитоста на било што, па и на нашата слика за некоја особа, е мисловен процес, нешто што го правиме со глава, со памет, нешто што вклучува резон, нешто што бара информации и сл., Во секој случај, тоа не е нешто што бара чувства. Ако утврдувате вистинитост на некоја теорема во математика, секако нема да се раководите од вашите чувства за теоремата. Тогаш зошто би утврдувале вистинитост на
вашата замисла за една особа, раководејќи се од вашите чувства за таа
ваша замисла за таа особа?
Особа која што се сака себеси, се сака себеси повеќе од што ја сака замислата за било која особа, односно, се сака себеси повеќе од што сака било која друга особа, и тоа без оглед на тоа колку многу ја сака таа друга особа. (тоа не е себичност, туку сакање себеси - ваљда сум пишувал негде за тоа у некој пост)
Особата која што се сака себеси, се сака себе највеќе (ова не е нарцисоидност, туку повторно сакање себеси - пак ваљда сум пишувал и за ова негде у некој пост).
Така, особата која што се сака себеси
нема да дозволи чувствата кон друга особа да направат да ги игнорира сигналите кои значат информации за тоа каква е вистинската особа која лежи позади нашата замисла за особата. Особата која што се сака себеси нема да дозволи да се доведе себеси во ситуација кога пропуштените сигнали-информации за тоа каква е вистинската особа би биле толку многу на број, што кога ќе согледаме каква особата вистински е, "целиот свет да ни се сруши" од болка поради прилагодување на нашата замисла за особата на вистината за таа особа.
Значи, suma sumarum, проблемот "како со луѓето" е проблем на точност на проценка на луѓето, бидејќи не повредуваат блиските, а блиски си ги правиме луѓето кои проценуваме дека се добри. Колку таа проценка е точна зависи од тоа колку добро проценуваме, а тоа зависи и од колку се сакаме себеси. Сакај се себеси повеќе, и помалку ќе те повредуваат другите.