Annabel
Неутрална*
- Член од
- 18 декември 2008
- Мислења
- 1.298
- Поени од реакции
- 183
Во првиот момент сум вознемирена и лута.
Меѓутоа брзо ми поминува тоа па си размислувам:секогаш имам избор на тоа како ќе изреагирам.Луѓето не МЕ ПРАВАТ мене да се чувствувам лошо или повредено.Сум се научила да си ги контролирам чувствата и едноставно ако на некого му дозволам да МЕ НАПРАВИ лута или незнам што сум му дала огромна моќ врз мене и моите чувства.
Понекогаш ако вратам на лошите работи би привлекла повеќе внимание на тоа што е кажано или направено.Ако е нешто кажано од омраза или нешто што во никој случај не е вистинито луѓето и вака и така нема да поверуваат,не мора да станувам емоционална и да се правдам затоа што со тоа само повеќе значење ќе додадам на целата лоша работа.
Си го враќам филмот и си размислувам зошто токму таа личност зборува така за мене:да си привлече внимание,да се чувствува подобро и помоќно,љубомора??? Како и да гледам ,доколку вратам во сите случаеви ќе и ја исполнам желбата на таа личност и всушност ќе си ја постигне целта.Некогаш е подобро ништо да не правам и да не кажувам-знам дека така сум всушност ЈАС посилната личност.
Е сега,ако веќе стварно е комплицирана работата единствен начин да реагирам е да се соочам со таа личност,мирно и без агресија.Нели,да се разбереме како луѓе.
Ми се има случено ова со една бивша другарка.Изнакажа триста глупости за мене и фино лепо после тоа ја викнав да си направиме муабет(прво и беше страв нејќеше да дојде-мислела дека ќе ја натепам :nesvest: ) и почнав јас онака најнормално:зошто,како,што...и на крај она плачеше и се тресеше,а јас си бев смирена.
Причината за којашто ги кажувала тие работи:И БИЛО КРИВО ЗАТОА ШТО ВЕЌЕ НЕ СМЕ СЕ ДРУЖЕЛЕ
И ај сега кажете ми како можам јас да се замарам со вакви личности,само затоа што некој не е среден емоционално и неможе да прифати одредени работи.
И за крај,никогаш не се навраќам на лошите работи,било што било.Од секој човек го извлекувам најдоброто,ако сфатам дека не е вреден за тоа-ЧАООО :smir: