За gOJDO и компанија...
all about Mara!
Главната состојка во марихуаната е делта-9-тетрахидроканабинол (THC) која што предизвикува мозочно пореметувачки ефект. Количеството на THC го одредува потенцијалот односно ефектот на марихуаната.
КАКО МАРИХУАНАТА ДЕЛУВА НА МОЗОКОТ?
- Кога некој ќе испуши џоинт, THC-то се пренесува од белите дробови во крвотокот. Кога ќе стигне до мозокот, THC-то се поврзува со посебни станици наречени "канабиниод рецептори" на нервните келии и делува врз истите. Одредени делови во мозокот имаат повеќе вакви рецептори, други помалку. Делови каде што има повеќе вакви станици во мозокот се задолжени за, чувство на задоволство, меморија, мисли, концентрација, сензори и временска перцепција и координирано движење.
КОИ СЕ ПРОМЕНИТЕ ШТО НАСТАНУВААТ ВО ОРГАНИЗМОТ ОТКАКО ЌЕ СЕ ИСПУШИ ЏОИНТОТ
-Само по неколку минути, срцето на конзументот чука забрзано, бронхите стануваат порелаксирани и зголемени, и крвните садови во очите се прошируваат што се изразува со црвенило на очите. Отчукаите на срцето кои што нормално се движат од границата 70-80 откуцаи во минута, се зголемуваат од 20-50 значи 90-130, а во некој случаеви дури и дупло. Ова зависи исто така и од количината марихуана што е испушена. Кога THC-то ќе дојде во мозокот тоа ги "стимулира" мозочните келии да го лачат во големо количество допаминот.
и сега она најбитното...
КАКО МАРИХУАНАТА ВЛИЈАЕ НА ЗДРАВЈЕТО!
- Студијата ја вршеле 450 индивидуалци и дошле до констатација дека луѓето што пушат само марихуана а не тобако, имаат повеќе здрвавствени проблеми, и отцуствуваат повеќе од непушачите. Кај голем процент од овие корисници бил пријавен респираторен проблем. Дури и нефреквенто пушење на марихуана може да доведе до непријатно чувство во грлото, устата и тешки кашлици. Оние што се редовни пушачи на марихуана може да имаат повеќе респираторни проблеми слични како оние кај пушачите на цигари, како што се дневна кашлица, зголемено лачење на шлајм, акутни заболувања на плуќата, и ризик за инфекција на белите дробови.
Рак на белите дробови е серизона закана кај пушачите на марихуана, затоа што во неа се содржат многу иританти и канцирогени. Всушност марихуанската цигара содржи 50 - 70% повеќе канцерогени хидрокаробни отколку обичната цигара. Марихуанската цигара продуцира високо количество ензими кои што конвертираат одредени хидрокарбони во нивната канцерогена форма, количество кое што може да ги забрза промените придонесувајќи за настанок на малигни ќелии. Пушачите на мариухуана во принцип вдишуваат многу подлабоко, и го задржуваат чадот подолго во градите отколку обичните пушачи. Ова само го зголемува ризикот за инфекција и рак на белите дробови и дишните патишта отколку кај обичните пушачи.
Нус појава на THC-то е тоа што влијае директно и на имунолошкиот систем, оневозможувајќи го да се справи со заразните болести и ракот. Ова е тестирано во лабораторија со два глушеца. Оној кај кој што бил вбризган THC многу брзо подлегнал на бактериските влијаниа отколку другиот.
има уште... поентата ми е.
Stay Away from the drugs!
Дрога? - НЕ БЛАГОДАРАМ!
Со секој испушен Џоинт, вашиот организам се бори за опстанок! Чувството на "high" е всушност хемиска реакција и за тоа е задолжено зголементо лачење на допамин. Со секој еден џоинт, вие му пружате максимални стресови на вашиот организам, кој што еден ден едноставно ќе ја предаде борбата со сите процеси што се случуваат од една испушена марихуанска цигара.
ШТО ТОГАШ?