Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Ама ганџата е природна бе!
И ти ги изменува сетилата :) Некои на подобро, некои на полошо. Не користам многу, али од време на време не се бранам ако ми понудат. Таа е пред све друштвена дрога, исто како алкохолот и цигарите и ја ставам во иста категорија. Можеби е и најмалце штетна од сите три. Се разбира во културна мера. Во Љубљана е полулегална, а нема да лажам ако кажам дека едно 75% од младите ја користат или барем некад дувале.
Што се однесува до штетноста по здравјето ваше, штетен е и алкохолот па пак љокате. Цигарите се каде, каде поштетни од ганџата па пак пушите. Од овие две се станува психофизички зависен, од биљката само психички и тоа кај мал процент.
Човекот е друштвено суштество и му треба некоја дрога. Само мора да се запрашате која е вашата.
Побогу, и организмот се самодрогира со ендорфини. Самите себе се лажеме цело време. Риалити сакс.
Дрогите се потреба(тука зборам за секоја дрога: тутун, алкохол, мара, лепак, итн...). Некои се повише штетни некои помалце. Се е погубно, ако се претерува. Али марата ја ставам дефинитивно во лесни дроги.
 
го читавте Марјановиќ во Дневник во понеделникот?
 
Ја као тинејџер си пушев марихуана. Немав никакви проблеми со здравјето, и имам здраво машко дете. Ако се претера со пушење или се премине на некој друг вид дрога тогаш може да е опасно, во мали количини не е страшно.
 
meow напиша:
Ја као тинејџер си пушев марихуана. Немав никакви проблеми со здравјето, и имам здраво машко дете. Ако се претера со пушење или се премине на некој друг вид дрога тогаш може да е опасно, во мали количини не е страшно.
Како би реагирала ако го видиш син ти да влече? Ќе го советуваш да престане или ќе го советуваш да пафка „паметно“ и умерено?
 
Малечок е сеуште.
Како и сите тинејџери нормално ќе биде и тој да пуши.
Ќе разговарам прво со него. Кој му дава марихуана, колку ја купува, кој го натера да почне и слично. Гледам да го воспитам во духот во кој ме воспитаа мене. Но, тоа е индивидуално. Моите не пушеа марихуана а јас и ден денес си пушам. Не мора да значи дека и моите деца ќе пушат. Не знам. Ќе видиме. Ќе збориме за едно 10-12 години.:wink:
 
meow напиша:
Малечок е сеуште.
Како и сите тинејџери нормално ќе биде и тој да пуши.
Ќе разговарам прво со него. Кој му дава марихуана, колку ја купува, кој го натера да почне и слично. Гледам да го воспитам во духот во кој ме воспитаа мене. Но, тоа е индивидуално. Моите не пушеа марихуана а јас и ден денес си пушам. Не мора да значи дека и моите деца ќе пушат. Не знам. Ќе видиме. Ќе збориме за едно 10-12 години.:wink:
Целиов муабет ако е вистина браво за мјау, тотална поддршка имаш во ова.
 
MSV(support) напиша:
Целиов муабет ако е вистина браво за мјау, тотална поддршка имаш во ова.
Да, ако беше навистина мајка. Само поентата е што мјау е 16 годишно девојче.
 
Зошто некои паѓаат на провокации се знае општо дури и јавно се зборува дека Маре е лек :)
 
Интензивното уживање во марихуана може да го зголеми ризикот од шизофренија кај тинејџерите кои имаат предиспозиции за таа болест. Така покажуваат студиите на научниците кои ги споредиле мозоците на возрасните корисници на марихуана, шизофрени тинејџери и здрави тинејџери кои не користат дрога.

Научниците од Медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн во Њу Јорк откриле загрижувачки сличности меѓу мозоците на шизофрените тинејџери и корисниците на марихуана на тинејџерска возраст. Употребувајќи софистицирани методи за прикажување на мозокот и неговите активности, специјалистите обрнале внимание на делот на мозокот поврзан со јазикот и слушањето, кој во доцна адолесценција сеуште е во развој. Снимките на мозокот покажале еднакви абнормалности и кај шизофрените тинејџери и кај нивните врсници кои уживаат марихуана, но не и кај здравите тинејџери.

Коментирајќи ги наодите на годишниот собир на Организацијата на радиолозите на Северна Америка, во Чикаго, професорот Манзар Аштари кој ја водел студијата, вели дека употребата на марихуана менува дел од мозокот во развојот, истиот оној дел кој е оштетен во мозоците на шизофрените личности.

"Нашиот заклучок е дека пушењето марихуана во текот на адолесценција го прекинува развојот на мозокот и ги оштетува деловите кои се во развој. Значи, адолесцентите кои генетски имаат предиспозиции за шизофренија, така имаат уште повеќе засилена шанса да заболат од таа болест ако пушат марихуана".

Шизофренијата погодува околу еден процент од жителите во светот. Под тој термин се содржат и други тешки ментални болести кои карактеризираат пореметување во размислувањето, емоционалните реакции и однесувањето. Болеста ја пратат цела низа различни симптоми, од повлекување во себе, па до халуцинации. Оштетувањето кое специјалистите го откриле и кај шизофреничари и кај тинејџери кои интензивно пушат марихуана се однесува на обвивката на нервите, миелин, кој го обвива најдолгиот дел од нервите, нејзиниот аксон.

Некои специјалисти предупредуваат дека студијата бара понатамошно истражување поради малиот број испитаници на кои е изведена - само 77. Покрај тоа, студијата го разработува делот од мозокот за кој се знае дека последен поминува низ процесот на миелинизација. Дури подолго пратење на испитаниците би покажало дали тие - во случај пушачи на марихуана - сепак ќе добијат миелинска обвивка, но подоцна од своите врсници.

Превземено од главната страна на Кајгана.
 
abe so tolku se zamarate so tekstovive i novite naucni studii...
Sekoj den novi dokazuvanja i novi fakti
koj saka da pusi, neka pusi
Nema da umre od marihuana.
Sigurna sum deka 70% od clenovite imaat probano pa nikomu nista.
Zaso ne zborite vaka za cigarite i ne krevate tolkava prasina okolu niv?
Zatoa sto cigarite vi odgovaraat i ste zavisni od niv i pokraj ogromniot natpis "PUSENJETO E STETNO PO ZDRAVJETO" ili "PUSENJETO SERIOZNO GO NARUSUVA ZDRAVJETO".
Marihuana se upotrebuva i kako lek vo nekoi slucai, i edinstveno stetno vo nea e tutunot so koj taa se mesha
Koga site sto ste protiv marihuanata, a pusite cigari kje se otkazete od niv, togas moze tuka da filozofirate kolku taa e stetna i se toa, do togas :ne: !
 
а дали стварно некако делува или се е психички
 
CopyOfDeath напиша:
а дали стварно накако делува или се е психички

Ти ако не знаеш не се распитувај за да пробаш, седи си мирен. Него немам пробано и незнам од искуство да кажам, ама не верувам дека е се психички ... во тој случај би била иста со цигарите:raz:
 
CopyOfDeath напиша:
а дали стварно накако делува или се е психички
epa vaka deluva delumno ama nekoi 10% od celoto dejstvo e i mind trick barem ja taka go sfakam neznam mnogu si olabaen ne si napnat mislam jas mislam deka deluva delumno :icon_roll ako gresham neka me popravi nekoj ama bar mene taka mi deluva
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom