The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 114
КАНАБИС КАКО МЕДИКАМЕНТ
Канабисот, од кој се добива марихуана и хашиш, веќе 4.000 години се употребува пред сé во Индија, Кина и Египет како дрога, но и како лек против најразлични болести.
Најважните состојки на канабисот се таканаречените канабиноиди. Растението содржи околу 65 различни канабиноиди. Тие меѓусебно многу се разликуваат, особено што се однесува до употребата во лекови. Досега се испитувани канабиноидите - дронабиол и канабидол. Употребата на состојките од канабис во Германија е регулирано со закон:од 1998 година дозволена е меѓу другото употребата на дронабинол кај одредени болести, се разбира со дозвола на лекарот. Сега едно европско здружение на научници сака од состојките на растението канабис да развие лек против мигрена и ревматичен артритис. Целиот проект е подржан од ЕУ со 1,5 милиони евра.
Децениското искуство со растението канабис кое се употребувало како лек против болки, европските научниците денеска сакаат да го применат за двете најпроширени болести кај луѓето: мигрената и реумата. Раководителот на проектот др. Бернд Фибих објаснува:
„Едно од првите опишани дејствија со канабис во Кина беше ревматично заболување. Поради тоа можеме да сметаме дека досега тоа покажало добри резултати. Од тука и нашата идеја да направиме нов лек - медикамент за реума и се разбира, без контраиндикации, за да можат луѓето да го земаат подолго време без притоа да се плашат од контраиндикациите.“
Потребата за нов и подобар лек е голема. Евтиниот лек од канабис би можел да ги замени скапите медикаменти против мигрена. Можната идна таблета од канабис меѓутоа нема ништо заедничко со хашишот, уверува др.Фибих:
„Луѓето не треба да доживеат една транс состојба кога ќе го земаат лекот. Порано луѓето правеле чај од ваквите растенија, односно од концентратот, ние исто така сакаме да направиме концентрат од канабисот, кој ќе може орално да се зема и кој релативно малку или воопшто нема да предизвикува транс состојба кај пациентите.“
Канабисот ги смирува болките, го отвара апетитот и го ослабува процесот на воспалување - објаснува една пациентка заболена од рак. И на пациентите со мултипна склероза и сида, со канабис можеше да им се помогне. Тоа се само одделни клинички докази кои за среќа не останале незабележани, што за научниците значи голем предизвик.
Европскиот научен тим најпрво сака да открие кое канабис растение е најпогодно за употреба во лекови и како состојките одговорни за ублажување на болки може оптимално да се искористат. Доколку овој проект се покаже како успешен и се направи таблета против реума и мигрена тогаш успехот на пазарот е загарантиран. Биохемичарот проф. Линхард Шмитц од универзитетот Берн во Швајцарија е посебно мотивиран:
„Кај двете болести - и кај мигрената и кај ревматичниот артритис, процесите на воспалување се релевантни и во преден план. Ние во лабораториите во Берн овие процеси на воспалување можеме молекуларно да ги испитуваме и да ги мериме влијанијата на екстрактот од марихуаната, како и влијанието на изолирани компоненти врз воспалувањата. Ние се надеваме дека со помош на екстракти од марихуана воспалените процеси ќе ги сопреме.“
Две до три години ќе потрае додека да биде презентирана првата таблета, која ќе биде погодна за клинички студии. Но, едно уште сега е јасно: и новиот производ од канабис нема да биде волшебното средство за комплетно излекување на мигрена и ревматичен артритис, тоа ќе биде само чекор понапред.