Kje se raspravame za toa sto e halucinacija?

D
Psihoaktivna droga e mng bolje termin, ama ima haluciogeni efekti, fakt.
Не можеме да се расправаме за тоа што е халусцинација, затоа што веќе се знае што е халуцинација, и многу уредно тоа ти го презентирав. Tвојата пубертетска тенденција за оспорување на работи за кои веќе одамна светот (кој постои уште пред ти да се родиш) се согласил, апсолутно не ме засега. Всушност, ние не можеме да расправаме за ништо, затоа што расправија имплицира дискусија која првенствено има за цел доаѓање до заклучок. А шансите да стигнам до правилен заклучок во дискусија со пубертетлика на која ѕидот и е црн додека на сите останати им е бел, некако, не се на моја страна. Therefore, не чувстувам обврска тебе нешто да ти објаснувам и да те убедувам, туку чувствувам обврска чисто дескриптивно, for the sake of education, да им ги објаснам работите на луѓето што ја читаат темава. Вакви табу теми во земјава со себе влечат една енормна доза неукост, што може да се забележи и на темава, каде што секој мисли дека неговото мислење е релевантно и нешто значи, без притоа да сфати, или бар да се обиде да сфати дека луѓето со оваа проблематика не се занимаваат од вчера, и методолошкиот пристап им е далеку од "Jas mislam deka..".
Затоа, ако на темава не можете да разликувате вистина од невистина, do your own research.
Да, психоактивна дрога e многу подобар термин.
Но што значи психоактивна дрога/супстанца?
Психоактивна дрога е секоја супстанца што преку крвта стигнува до мозокот и делува примарно на централниот нервен систем, каде што влијае на функционирањето на мозокот што резултира со промени во перцепција, расположение, свеста, познанието и однесувањето.
Само за илустрација: Психоактивна дрога е секое апче што до сега сте го земале. Психоактивна дрога е алкохолот, психоактивна дрога е тутунот. Онака, дефинициски.
Значи, дали марихуаната е психоактивна дрога? Да. Марихуаната е indeed психоактивна дрога.
Дали марихуаната ствара халуцинации? Не, марихуаната не ствара халуцинации.
Всушност, при класифицирање на психоактивните дроги воглавном (постојат многу) тие се делат на стимуланти, депресанти или халуциногени. И додека кај другите психоактивни дроги дестинкцијата е прилично лесна, марихуаната има својства од сите три категории, со тоа што може да се каже дека тежнее кон халуциногени.
Што се тоа халуциногени, што се тоа халуцинации, и каква врска имаат едно со друго?
Халуцинација, во поширока смисла всушност значи перцепција во недостаток на стимуланс. Односно, поконкретно, халуцинација се дефинира како перцепција во свесна и будна состојба, во недостаток на надворешен стумуланс, која има квалитативни карактеристики исти на реалната перцепција, односно е вивидна, значителна и се лоцира во екстерниот простор или свет, as you will.
Што се халуциногени?
Халуциногени се општа група фармаколошки агенси кои можат да бидат поделени во три широки категории: psychedelics, dissociatives, и deliriants. Oвие класи на психоактивни дроги се познати по тоа што можат да предизвикаат субјективни промени во перцепцијата, мислата, емоцијата и свеста.
Конкретно, канабиноидите (или if you prefer, тетрахидроканабинолот попознат како THC [главена, но не и единствена активна супстанца во марихуаната]) спаѓаат во посебна суб-категорија на категоријата
psychedelics.
Што се psychedelics? Или психоделици?
Психоделици се супстанци чија примарна функција е изменување на когницијата и перцепцијата на корисникот.
Значи. Дали психоделиците може да предизвикаат халуцинации? Да.
Дали сите психоделици предизвикуваат халуцинации? Не.
Дали, конечно, марихуаната предизвикува халуцинации? Не.
THC-то како главена активен реагенс на марихуаната, и другите сродни реагенси се способни за активирање на ендоканабиноидниот систем во мозокот, при што, некои ефекти може да се вклучат во општа промена на свеста лесна еуфорија,
чувство на општа благосостојба,
релаксација или намалување на стресот,
подобрено сеќавање на епизодната меморија,
зголемен апетит,
зголемена сензуалност,
зголемена свест за сензација,
творечко или филозофското размислување, н
арушување на линеарена меморија,
параноја,
вознемиреност и
нервоза,
потенцирање на други psychedelics,
и зголемената свест на звук, модели и боја.
Ниедна од овие карактеристики не е ни блиска до халуцинирање. Затоа, имајте во предвид, дека кога некој ќе ви каже дека се напушил и халуцинирал, ве лаже, и дека неговото кревко мозоче налик она на пубертетликата што ја цитирам, не можело да се снајде па го сркнало од анкциозност и параноја, или на маалски кажано, јадело over-и. Или бедови. As you wish.
Сум ви потцртал, сум ви болдирал, да не кењате дека е дугачко 