Јас сум професорка во приватно школо за странски јазици. Е, сега поинакво е да си во државно училиште, нели ? Како и да е, ако не можеш да се спријателиш со учениците, ти можеш да бидеш не знам каков предавач, ама не значи дека ќе бидеш и добар педагог.Треба да покажеш авторитет, тоа секако, ама и да бидеш пријател со учениците. Ако го утнеш второто, никако нема да можеш да се поврзаш со нив. Едноставно НЕМА ДА ТЕ САКААТ! Ако работам со средношколци (а да признаам, омилени ми се) тогаш ќе се чувствувам како да сум на нивна возраст, ќе зборувам за теми кои нив ги интересираат (хехе, во граници на нормалата, се разбира). А за строгост, хм, па би барала многу да се учи и да се знае најважното, би барала оригиналност и спремност, но не би била скржава за оценки. Впрочем не се учи за тоа, туку за знаење.