Како ви помина првиот школски ден? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата SrRulz
  • Време на започнување Време на започнување
Онака... Ништо посебно... Седевме 45 мин и си отидовме после... Тапа распоред имаме... Иначе нас не не местеа до азбучен ред... Се надевам и нема...
 
Ја: Професорке, може да појдам до вц да закопам една цигара, умреф...?
Класната: Aман, одај, неможам да те слушам..

И така...Easy as pissing....
 
Супер беше првиов школски ден си ги видов другарите од класот се изнасмеавме и така се беше супер само 10 мин не држеа:pipi:
 
Добро помина. Сега сум "The New Kid" во гимназијата. Сеуште немат ми дадено број во дневникот, но ќе се паднам некаде 15ти.
Инаку, да, не местеа по броеви, при што мене ме ставија на последниот компјутер(дека немам број сега за сега :) ), што верувам дека ќе се измени овие денови.
Убава атмосфера, дружење со другарите, запознавање на класната, и по завршување на школо, нестрпливо барање на книгите на старо. Касно ми текна, но јебига. Ми останаа да најдам уште англиски, физика и музичко.
Идејата со компјутерите не ми се допадна, поради тоа што не можам да разберам од каква корист ќе ни бидат. Дали ќе правиме тестови на нив? Што им фалеше на нормалните тестови? Дали ќе пишуваме лекции на нив? А оние што не пишуваат брзо? И дали мислат дека полесно би учеле зјапајќи во компјутер(со 1001 контра-ефекти за учење што ги поседува компјутерот), или од тетратка? Дали на интернет ќе бараме за содржината која ја предаваат наставниците? На македонски ќе најдеме едвај 1% од истата во википедија на македонски јазик. Доволно ли е тоа?
Наставниците им останаа поприлично исти. Јас сепак, освен Биологија, друг наставник не знам. Ни се сменил еден по Историја. Првиов го биеше глас дека е многу добар, па изгледа дека новиов никако нема да го замени другиот. Среќа математика ни останал истиот Петко.... Што ли ќе правевме ако ни дојдеше Бимбилот. Надалеку се бие лош глас за него.
И така, сума сумарум, севкупно денот ми помина добро. Ко и сите школи, никој не носеше учебник, а тетратката беше видлива само кај мал процент од децата. Часови други, покрај оној со класната немавме. Не пуштија по 40тина минути од гимназијата. Се најадовме во град и фативме пат дома.

И така....
 
mnogu tapa pominav,mi se padna najlosata profesorka u cel svet.....PATKOVI4...za tie shto ja znaat.......prethodnata se rpaeshe losha ali beshe top ali ovaa.........neam zborovi........

Хахахахаха абе паткович легенда само пази да не те тепа со папка. Иначе прв школски ден онака .... се видов со другари класна ова она... компјутерине не ни дадоа да ги уклучиме распоредот ни е тапа у среда иам 8 часа од кои првите 4 ми се математика. :tapp:
 
Мамурно... :icon_conf

1 семтември, прва смена и ретардиранава пол саат за матура замараше :uvo:

И пак нема нови ни годинава :(
 
Уф топ!

Конечно поголеми сме во смена, и му мававме сеир на помалецките кои се чувствуааа изгубени во дворот. :icon_lol:

Ни ги компјутеризирале училиштата, али струја нема. ЛОЛ. Браво. :tapp:

Се видов со класнио и го сакам чоекон, супер е.

Сакам на училиште. Најубав клас имам. Најлуд!!!!

:wink:
 
Уште прв ден да се седело 5 часа,па што е со луѓево.:toe: Од утре часови готово,нема мали одмори да има:toe: .Компјутери ставено ни знаат како ке ги користиме,ни дали ке ги користиме неможеш да се раскомотиш убаво се вкочанив исправено седејќи на тие столици,нема место ни за тетратка камо ли за друго,седење по азбучен ред.
Свашта.
Ке видиме што ке излезе од ова.
Нов клас,изгледа ке има зезање ептен годинава.
 
па незнам...ок...на класната и требаше 1 саат да ни објасни се, некои наставници ни се сменети, часовите пак ќе ни бидат по 40 минути :je:...така...досадно...
 
Пеевте песнички на првиот час ??
 
Абе супер пројде, ма да не ми текнува баш како беше превише ми се спиеше.
Значи идеме у школо рано сабајле на сите ни се спие, нов клас сега, компјутер за секое дете и тако даље.
5 часа, скратени, нови професори, нови деца, у класот бубалица до бубалица, ретардиран до ретардиран.
Не запамтив многу, уште немам целосен прв впечаток, утре ваљда ќе имам.

Е да... 23-ти сум у дневник, се паднав да седам по азбучен ред со другарот од основно, добро е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom