Како се справувате со пораз?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Tesko ,mnogu tesko,mi go pogaga egoto ,mi ja unistuva psihata,me deprimira.Ama niskite udari i porazite gi karakteriziram kako odskocna daska i zacvrstuvanje na karakterot na eden lik.Koga se bi bilo vo najdobar red,svetot vi go delele kako na crn i bel.
 
Поразот е составен дел од животот..Секој човек еден ден е loser ! Тоа е факт! Јас по претрпен пораз размислувам како можам во иднината да го сменам тоа или да вратам на било кој начин..Не останувам должен на тој што ќе ми нанесе пораз.. :smir:
 
Машки, до гордост и се обидувам да не се жалам многу(освен во одредени ситуации) и секогаш барам причина или начин како да возвратам :)
 
Рамнодушно... Идам даље одма после него и више станаа ретки работите кои може да ме извадат од кожа или од такт...Порази постојат, секој ден има по еден минимум али со тек на време ќе се потрудиме да ги снема...
 
Ако сум сигурна дека ќе победам а не испадне така тогаш колку што правам фама околу победата, толку пробувам да го скријам поразот :) Откако ќе се случи, наведнувам глава и чекам да помине еуфоријата околу целата ситуација и не коментирам ништо :) Не поднесувам убаво пораз :) Ако можам, сеуште пробувам да победам, ама ретко кога тоа може... Ако се почувствувам немоќно, си молчам мудро :) Со противниците гледам да не комуницирам зашто неможам да им го гледам задоволниот израз на лицето :) Ако веќе стапам во некаков контакт со нив тогаш пробувам да напраам дека не е голема работа :) Ама секогаш гледам да си ја увидам грешката за нареден пат да не ја направам истата... И секој нареден пат сум поупорна и правам се' подобро со цел да не ми се случи пак пораз :)
 
Како се справувате со загубата?

Темава ја отварам бидејки во петокот,на 26.11.2010 година точно во 15 часот и 30 минути,загубив некој кој ми беше премногу драг, кој го сакав со целото мое срце,некој кој ми даваше утеха во животот, кој безрезервно ме сакаше и кој беше покрај мене и во добро и во лошо.Го загубив најдобриот пријател, најмилиот придружник и чувствувам како да загубив дел од себе.
Трет ден размислувам дали можеби ако направев нешто поинаку можев да го спасам. Постојано ми се врти една слика во глава, како утрото го бакнувам и му велам те молам оздрави, за неколку часа подоцна да ми кажат дека заминал. Неможам да си простам што не бев покрај него во тие последни мигови да му кажам колку го сакам, и можеби доколку можев да сторам нешто за да му помогнам или да му олеснам. Не можам да јадам, неможам да спијам, постојано се молам ова да е само лош сон, дека не е вистина и дека кога ке ги отворам очите повторно ке биде покрај мене. Срцето ми е скршено и незнам како да продолжам понатаму.
Тоа ме мотивираше да прашам како вие се справувате со загубата, во што ја наоѓате силата за да продолжите понатаму? Бидејки искрено јас незнам како.
Едноставно е премногу болно.
 
Како прво, прими сочуство...
Времето лечи се... Па остави ги работите да минуваат, се доага само посебе...
 
M*O*N*A, темата ти ја споив со веќе постоечка.
Подоцна веројатно ќе го искажам моето мислење на оваа тема, сега морам да излезам.
 
Темава ја отварам бидејки во петокот,на 26.11.2010 година точно во 15 часот и 30 минути,загубив некој кој ми беше премногу драг, кој го сакав со целото мое срце,некој кој ми даваше утеха во животот, кој безрезервно ме сакаше и кој беше покрај мене и во добро и во лошо.Го загубив најдобриот пријател, најмилиот придружник и чувствувам како да загубив дел од себе.
Трет ден размислувам дали можеби ако направев нешто поинаку можев да го спасам. Постојано ми се врти една слика во глава, како утрото го бакнувам и му велам те молам оздрави, за неколку часа подоцна да ми кажат дека заминал. Неможам да си простам што не бев покрај него во тие последни мигови да му кажам колку го сакам, и можеби доколку можев да сторам нешто за да му помогнам или да му олеснам. Не можам да јадам, неможам да спијам, постојано се молам ова да е само лош сон, дека не е вистина и дека кога ке ги отворам очите повторно ке биде покрај мене. Срцето ми е скршено и незнам како да продолжам понатаму.
Тоа ме мотивираше да прашам како вие се справувате со загубата, во што ја наоѓате силата за да продолжите понатаму? Бидејки искрено јас незнам како.
Едноставно е премногу болно.

Знам како ти е од лично искуство. Неколку месеци до пола година нема да бидеш при себе и не ни пробувај да си сугерираш дека е се ок, нема да биде. Прифати ја болката како дел од тебе во периодот што иде и ако ти се плаче плачи, помага да поминеш полесно. Ако имаш некој за муабет збори му како се осеќаш, обично вие девојките можете да се исплачете и да најдете некој да ве слуша, кај нас машките е потешко и мораме да чуваме во себе.

По некаде пола година ќе намали болката и ќе почнеш да се сеќаваш само на убавите моменти кои сте ги имале, ќе осеќаш физичка празнина но нема да биде така болна. Пак ќе се смееш и радуваш, само дај си време. Сметај декa таа личност не е мртва туку само трансформирана во друга состојба и отидена во друга димензија, но кога ќе ти биде потребна ќе биде со тебе, само треба во мислите да ја повикаш.

Секоја мисла и чувство упатени директно кон таа личност ќе бидат чуени и добиени така да помисли си повремено на неа и упати и љубов од душа и срце. Во тие светови чувствата и мислите се многу поинтензивни од нашите.

Таа личност не сака ти да жалиш туку напротив да си што посреќна и да ја памтиш по убаво, кажи и фала во мислите за секој убав момент кои сте го имале заедно, ќе отиде таму каде што треба.

За твоето прашање како ја наоѓаме силата да продолжиме понатаму. Јас ја наоѓам во мислата дека само ако го постигнам својот максимум во животот и ги остварам сите мои идеали загубата на таа личност која многу ми значела нема да биде залудна туку и таа личност иако во друг свет ќе има зашто да се гордее и радува со мене и моите успеси. Ако ти пропаднеш тоа е пораз и за таа личност која толку ти значела. Барем јас така верувам и тоа ми дава додатна мотивација да одам понатаму.

Те очекува период на тага кои многу нема да го разберат и од срце ти посакувам да го поминеш што полесно...
 
се спремам за нови битќи, не мислам на порази
 
.Бидејки секогаш се натпреварувам во нешто ( my live is competition) вака иде некако...
1. Честитам џентлменски и посакувам многу среќа и успех и се смешкам и коментирам нешто околу темата и мудрувам
2. Во наредните неколку дена морам да најдам некоја жртва :pos:, на кого ке му ја објаснувам мојата теорија и пристап и ке го убедувам дека јас уствари сум имал одлична идеја и пристап ама поради нешто друго другите победија а не дека не сум бил во право...
3.Ке се помирам со тоа дека изгубив и ке барам утеха во нешто друго да тепам досада и да не се нервирам
4.наоѓам нова цел и се зафаќам со тоа целосно ( нов натпревар во нешто ваљда-увек се натпреварувам дури и кога нема потреба предизвикувам натпревар)
5.Кога и да се спомне темата -мојот пораз јас сум увек расположен да се одбранам и имам што да кажам ко вчера да беше тоа.Не брукам други мене се фалам само
ЗАКЛУЧОК-Не признавам пораз.Да, признавам дека сум направил грешка и сум изигубил било што да е макар и караница, додека не се убедам себе си и на некој друг да не му се исповедам и да ја кажам мојата теорија не сум мирен.После тоа само добри спомени остануваат и се сеќавам на добрите работи и научени лекции.Ама јас не ГУБАМ.Јас можеби не бев најдобар, ама не изгубив.Во секој натпревар се добива по нешто сигруно.Се борам до крај да ја исполнам целта најдобро ама ако не успеам сума сумарум и јас пак сум добитник само нема да добијам признание за тоа.Го гледам корисното во се и си продолжувам со тоа.Ама неколку дена по "поразот" ако може така да кажам си имам потреби некои за се помирам дека не бев најдобар и да најдам друга занимација која ке ми ги однесе мислите.Човек сум јбг неможеш се одма да заборавиш како ништо да не се случило, посебно не јас зашто секогаш вложувам премногу во се.Секој детаљ важен за мене и вложувам многу енергија што и да работам.
Битно е да останеш на нозе и со крената глава, макар и да мораш да одглумиш во одреден момент.Да издржиш машки и да честиташ а дома како човек да дојдеш и да се исплачеш ако ти доаѓа така зашто мораш да се помириш со тоа каков си и да си ги исполнуваш своите потреби, тоа е многу битно нешто кое влијае на лекцијата која ке ја извлечеш од ситуацијата.Многу е битно да не дозволиш многу време да те преокупира поразот и по ден два како јас што правам отвори му се на некој ( излечи си комлекси, човекчи е не се срами) и најди после нешто интересно да работиш, некоја занимација или нов предизвик.По некое време ке се смееш и ке имаш убави спомени.Thats my way
 
Спротски пред очите на другите, во себе правам анализа на настанот, ги увидувам грешките и во иднина се трудам да не ги повторам, а многу многу не се оптеретувам да памтам порази.
 
Силен, ти благодарам за утешните зборови. Да бидам искрена навистина допре до мене и се чувствувам дека повеке си ме разбрал од луге кои ми се блиски и на кои очигледно им е најлесно да ми кажат само " let it go" , а проклето боли.
 
Поразот го прифаќам.
Не го сакам поразот во никој случај , но кога ќе се случи најдобро е да се прифати без многу нервози ако е можно !
Па со мислите кон следниот предизвик :D
 
Спротски пред очите на другите, во себе правам анализа на настанот, ги увидувам грешките и во иднина се трудам да не ги повторам, а многу многу не се оптеретувам да памтам порази.
многу слично, обично не оддавам емоции и не може многу да се примети на мене освен ако премногу сум отсутен со мислите.
внатрешно кога ме толчи е најлошо, но ме крепи помислата дека само јас знам низ што минам и другите нема да ми се ситат, сепак е многу полесно кога имаш до тебе некој сигурен за да споделиш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom