Како се справувате со пораз?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Ме пукаат малку бедови коа ќе уклопам дека сум поразена, па после ми доаѓа кураж не знам од каде, можда од небо ми паѓа али се осеќам дека следното нема да биде како претходното. И се дешава.
 
Силен, ти благодарам за утешните зборови. Да бидам искрена навистина допре до мене и се чувствувам дека повеке си ме разбрал од луге кои ми се блиски и на кои очигледно им е најлесно да ми кажат само " let it go" , а проклето боли.

Тоа е најмалку што можев да направам и мило ми е ако барем малку сум ти помогнал да ја прифатиш полесно состојбата која не можеш да ја промениш а мораш да ја преживееш...
 
за мене постои само победа, поконкретно напредок, искуство, лекција и дополнителна мотивација за следниот пат не да го надминам другиот,да изгуби, туку јас да се надминам себеси, да напредувам.
 
Јас никогаш неам доживеано пораз...(може испаѓам како кукавица...али кога знам дека ќе изгубам, предвреме се откажувам ) :icon_lol:
 
Некои често цмиздрат кога ќе изгубат! Јас најчесто се мотивирам за да немора нареден пат пак да претрпам пораз
 
порази

:toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe::toe:

1. дел

Секако, поразите ги доживувам многу лично ... и тешко ги надминувам

Поразите, оставаат длабока трага во мене - лесно простувам на другите, но најтешко на себе ... поради тоа и се растажувам, станувам депресивна, слабо друштвена, дрска, во тие мигови ....

:smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir:

2. дел

потоа, по некое време (од ден до месеци), зависи од шокот и времето потребно за анализа и стабилизација - наоѓам сила и се раѓам како кокиче - нова и освежена, полна со надежи и нови предизвици

најголем лек за мене е љубовта - искрената љубов - која сакам да ја дадам недвосмислено и се надевам дека ќе ја почуствувам
 
Спортиски :) Губам- честитам на победникот, Победувам- чекам да честита губитникот во било што :)
 
справување со пораз... како може некој да се справи со поразот? може да го прифати како што е или д го негира ( свесно или несвесно ) зависи од ситуацијата и околината.

кога ја се наоѓам во некоја ваква ситуација едноставно си го прифаќам поразот и си се тешам сам викајки си во себе „ај ке дојде ден кога ке докажам дека не е така“ и фала богу до сега секогаш стремејки се на оваа моја изрека си наоѓам начин да го докажам обратното т.е да докажам дека не сум изложен на пораз честопати... ми се прави мерак кога за истата работа за која сум бил поразен излагам како „победник“.
поразот всушност многу луѓе го сваќаат погрешно и депресивено... поразот не е некој доказ дека за некоја работа треба да си речете ОК не ме бива за ова.. туку баш обратното треба да се помисли.. да најде човек начин за истата работа да докаже дека е способен и дека може да ја направи многу подобро од претходниот пат или многу подобро за разлика од кој друг кој ја прави.. мислам дека треба да го поттикнува човека да се бори понатака.

П.С не е се така розево секогаш нели?
 
Нормално дека зависи од пораз до пораз, ама искрено многу се нервирам. Јас за се си се нервирам, па не за пораз. Се нервирам кога на карти или некоја друга друштвена игра ќе изгубам :nerv:, а не па за нешто поголемо. Не кршам или мавам, ама си се јадам самара себе си (ам, ам, ам), па после ме боли желудник :pov:. Ама тоа е тоа. Секој си е различен. Јас сум ЖИЛЕ, па гледам што помалце да губам, за што помалце да се нервирам.
 
Прифаќам порази само поради една работа која постана една моја добра логика... ако не бидеш поразен неможеш ни да поразиш некого... не е важно во шо секогаш фино лепо му честитам на тој/таа од кого сум изгубил и не ми е важно следен пат гледам јас да сум тој од другата страна. Иначе не сакам порази ми е криво ама не го покажувам.Така да: ако не изгубиш нема ни да победиш од секој пораз бери поука!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom