Мојте 2 центи окулу муабетот од
@|Volkswagen| ... Се сеќавам кога ја отвори темата за Аделаида бевме и во контакт по ПВТ (предходниот ник ми беше Farang) така да знам дека беше едно време таму и нормално она што го пиша тука и на таа тема си е релевантно и треба да се земе во обзир кога некој сака да се сели на тој тип виза и во тој дел на АУС. Не гледам нешто лошо или страшно да кажа.... Прво он стварно дојде во можеби најзаебаното време за Аделаида, кога пропадна Холден, предходно и Тојота и кога имаше масовна невработеност баш таму кај што отишол... Второ, Аделеид е чуден град. Во голема мера различен од остатокот на АУС, има релативно мал процент емигранти споредено со другите големи градови во АУС, углавно таму живеат англосаксонци и западно европејци (германци, скандинавци итн) што се дојдени пред 200 години... Они биле компаниска колонија, не робијаши ко остатокот на АУС така да таму врски претпоставувам работат и у тој момент сигурно играле улога... Во остатокот на АУС тоа не е баш така ама во помаливе градови и Аделаид тоа си функционира, затоа и тогаш му реков, Аделаид е едно големо село.
ИТ индустријата во АУС е релативно мала (односно доста е сегментирана) така да во секој сектор се бара специфичен кадар со ЛОКАЛНО ИСКУСТВО и ЛОКАЛНИ референци. Ова е заебано за некој новодојден ама е НОРМАЛНА работа овде. Во Шведска или УСА може не е, незнам, али овде имав другар што предаваше на ИТ на њуркшкиот универзитет во СК па пак му беше тешко дури да почне, зборам за Мелбурн... Сега растура, али едно добра година две работеше доста пониски работи од она што денес работи.
Се изнасмејав на она со босанците... Еве друг пример, друг другар во Сиднеј доселен пред 5-6 год работи за фирма, газди босанци. Работата ја најде преку оглас буквално во привте месец дена одкако стапна во Сиднеј. Работат со банкарската индустрија ИТ, им прават гејтвејс или нешто такво (не сум во таа сфера, па не знам точно до детаљ)... За овие 5 год, исплати скоро стан у сиднеј што не е баш малку, сопругата докторираше овде (значи трошок плус), 2 деца во средно итн... Му се погоди, фирмата ненормално расте, платен е одлнично плус доби акции, пред коронава кога идеше за МКД си леташе бизнис класа до Сараево таму ден два ќе се промуваше у канцелариите па во МКД на одмор све платено на трошок на фирмата... Фер дечки, босанци.... Значи тоа е индивилано, како ќе ти се погоди некогаш. Иначе се слагам за почеток потребно ти е некој „наш“ да те потурне поготово во некој затворени индустрии. Во Аделеид од балканци имаш углавно грци, другите се малку и слаби...
За ИТ не ми е јасно зошто толку селидби... Ај од МКД да идеш за АУС сваќам ама од ЕУ за АУС освен ако не ти е од работа - организирано не разбирам зошто поготово ако веќе си среден во некоја држава и си прошол низ сито и решето секако.
Другите работи што ги кажа не се слагам баш... Тука никој не ти брани да си дел од синдикат на пример. Си плаќаш членарина и може они да преговараат у твое име ако сакаш. Тоа дека во Шведска секое работно месно е преку синдикат а овде имаш избор е предност за тебе. Јас 100 пати порадо би преговарал сам во мое име него синдикат да се бори „во име на сите“.... Сум работел во една од најголемите светски банки каде јас си договорив 20% повисока плата врз база на мојте резултатите каде бонусите ми беа врз база на мојте резултати а не врзани за остатокот на групата и слично... Е сега не добив 1 тренинг ден месечно каде го тупеа за глупости и си работев нормално дури они идеа на семинари али тоа па ич не ми сметаше.
Бесплатни градинки и овде имаш. Додуше зависи делумно од државата и локалната самоуправа ама од 3 год натака имаш минимум 3 дена неделно. Останатите 2 дена зависи колку заработуваш, па делумно може да плаќаш. За оние со мали деца АУС дефинитивно НЕ Е пошто ако имаш 2 деца една плата може лесно да ти оди на градиники зависно каде живееш и колку како заработуваш. АРНО АМА овде и со 1 добра плата се живее добро. Ако си во ИТ на пример и си на 120К+ годишно што не е без проблем можеш фамилија + кредит за куќа да отплаќаш...
Здравство имаме подобро од било која ЕУ држава, стандардно и константно сме во топ 10. Да повремено пред нас ќе ги ранкираат некоја Данаска манска али за година две пак се зад нас. Константно со стабилно здраство на ниво на АУС едино Франција е од ЕУ. Овде системот функционира, земете си ја за пример ковид кризата, 90% имунизација имаш за неколку месеци што ниту една ЕУ држава неможе да се пофали со тоа... Ај на страна тоа, ама овде не престанаа со клучни операции, немаше колапс на системот никаде... Кога е критично без проблем се прават зафати на други делови во државата, едноставно богата и голема држава е.
Комуналиите тука се поскапи од ЕУ, збор да нема. Затоа платите овде се повисоки. Во однос на Шведска некој 25% повисока просечна плата имаме. Во однос на Шведска или ЕУ да не звучам потценувачки ама реално ако споредам живеалишта или хотели ако напишам што мислам има да ме хејтате... Ајде кусо за хотели она што у Амстердам или Лондон е 4 звезди (зборам за хотели на Дам Сквер или окулу Сити, Викторија Стејшн итн) овде би било 2. Живеете во значително ПОМАЛ простор во Европа. Пример просечно живеалниште во Шведска е 68м2, во Австралија 235 м2. Нормално дека комуналиите и сметките ќе бидат поголеми овде.
За крај еден интересен факт... Дур во Шведска се расправате за кирии и никој нормален неможе да сфати како функционира пазарот таму овде ова е порастот на цените овие 10 год.... Будали штедат, паметни инвестираат и си плаќаат рата која углавно кираџијата ја покрива. За 10 год, во Сиднеј вредноста ти е дуплирана, во Мелбурн си 74% во плус... Тоа се скоро пола милјонче на куќа без многу да се замараш... Немам поима како е у Шведска али сите тие станови и закони гарант ви го гушат пазарот плус освен некој што не живее таму не гледам дали некој од страна би инвестирал со таква бирократија а овде тоа не е проблем.
How much have Australian house prices increased in the last 10 years? Do house prices really double every 10 years? We’ve got all the information and graphs to understand the property market in this blog
www.moneyquest.com.au