Како реагирате на лаги?

  • Креатор на темата Креатор на темата renate
  • Време на започнување Време на започнување
Уфф, имаме еден во клас претерано лажи многу... ама најтрагично е што мисли дека ние му веруваме:).. еднаш памтам кога јако сам се заеба ни рече дека една вечер во Грција се возеле со глисерот... нешто као демек им снемало бензин па некоја типка се сунчала гола на глисерот па отишле кај неа... и тука го пресеков му велам чекај бе како се сончала нели вечер било? И толку ова беше крај сите се згазија од смеење:):).

Типот ни има кажувано во стилот на к-15 како сам истепал тројца билдери по 23-25 години и на крај кога изнакажа еден тон лаги му велам ''И кога се разбуди чорапот во уста'' Сепак интересно ми е да слушам некој вакви лаги и кога мисли дека му веруваме:).

Често ги препознавам луѓето кога ме лажат или кога пробуваат да ме излажат, сепак многу е битно во врска со што ќе те излажат.
 
Многу смирено. Доколку приметам во самиот момент а зборување дека ме лаже, се правам дека не приметувам. Секако зависи и од личноста. Луѓе кои веќе подолго време ги трпам, им плескам се во фаца додека си ги измислуваат работите, и најчесто остануваат подзинати.
А доколку се работи за некоја лага која е така малку поголема, и која ми била кажана само за да се избегнат некои последици од вистината, тогаш реагирам така позлобно. Последиците кои требало да се појават пропратно со вистината ги дуплирам и тоа е тоа.:) :helou:
 
Па кога некоја личност ве лаже, таа всушност самата си набива негативни поени кај вас (или репутација :)).
Со нив не добива ништо добро во иднина бидејќи "кога гори куќата на лажгото тогаш никој не му верува".
 
Ако ме лаже за глупости некој колку да биде интересен, нека си лаже, ја си знам дали му веруем, неам намера да се расправам. :) Ако ме лаже за озбилни ствари ондак го прекинуем со збороите „Ок, а сеа шо стварно се деси?“ или „Такви приказни на друг продавај“! А ако глеам дека некој лаже (другар мој на пример) за да заебава некој друг, може и да му се придружам за да се удри некој ремет х) :pos2: (се разбира тоа да е за глупости)
 
Го оставам да си троши зборови за џабе, а тоа дека му верувам или не, ќе му го откријам постепено, а во меѓувреме само кимам со главата и се согласувам со тоа.

mnogu dobra taktika,ke vidis do koi extremi odat
 
Никогаш не судам одма,собирам,анализирам и кога сум 100% сигурен им го плескам во фаца :toe: незнам поинаку,директен сум и сакам да знам зашто ме лаже!
 
Ако сетам дека ме лаже, веднаш се поднасмевнувам и сменувам тема (демек ај доста се трудиш да сврзиш лага, кажи нешто друго). :) А ако се работи за поблизок, реагирам бурно и никогаш не ми е јасно од каде потреба да ме лажи, ни бесам ни колам, ама ете некогаш и без лаги не се може.:kesa:
 
Најчесто си вадам ремет од тоа, и поставувам прашања као Ставрно? Немогуче? така соговорникот уште повеќе се внесува во лагата. А јас се обидувам да не се прснам од смеење. Инаку секогаш се обидувам да внесам доза доверба во секој разговор, но ако се испостави дека сето тоа е лага, личноста кај мене нема веќе доверба и полека но сигурно го отпишувам од списокот на живите.
 
Смирено и рамнодушно! ... ги оставам да си веруваат во сопствените лаги и во една уште поголема лага - дека успеале да ме излажат!! ... и ептен е доказ дека некој те мота кога ќе му се олесни и ќе заблеска од задоволство откако ќе се изналаже зошто со лесно поминал!...
 
Најчесто не реагирам кога некој ме лаже ќутим и го гледам бледо. Кога знам дека ме лаже никогаш не му го кажувам тоа во моментот на тој што ме лаже, но доколку подоцна повторно ме лаже и ја негира претходно кажаната лага, тогаш реагирам и му кажувам дека ме лажел и пред тоа. Инаку ако не е почесто лажењето , туку само еднаш дури и не обраќам пажња на тоа само слушам и климам со глава. Уствари зависи и од расположение некогаш ако сум нервозна може и да му изнакажам се во фаца на тој што ме лаже а некогаш и да не реагирам.
 
Си преќутувам.. Баш сакам да видам до кај ќе одии... А сепак мене не ме лаже туку самиот/самата се лажее.. Но кога веќе ќе ги премине сите граници на лажење ќе најдам време и начин се да му/и плеснам во лице... :wink: Но сепак со такви луѓе што лажат не вреди да се замараш..:helou:
 
Па кога забележам дека некој ме лаже ке се правам дека му верувам за да се радува дека успеал да изаже и подоцна ке му кажм што мислам за да се засрами:wink:
 
Се смеам и провоцирам дополнителни лаги, и се смеам уште повеќе после!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom