Како постигнувате успех?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nedelkovski
  • Време на започнување Време на започнување
1. Голема мотивација

2. Ништо да не се остави на случајност или среќа

3. Целосна посветеност и концентрација кон задачата

4. Љубов и сатисфакција во тоа што се работи
 
Откако ќе се решам за целта која треба да ја остварам, се посветувам целосно, вложувам многу внимание и време. Секогаш упорност ( најмногу од Се) и на крај задоволна од постигнатото.

Слабост ми е само почетокот, додека да се решам да започнам, а започнав ли не оставам туку така.

Овде ќе додадам и дека секој проблем го содржи решението на следниот проблем. Ако ги избегнеш проблемите што ти се на патот, ќе пропуштиш голема мудрост и сила за идните проблеми!

Затоа мотиката во раце, и нема откажување, само вложување труд.
Кога и да е, Се ќе си се исплати!
 
1.Кај мене се почнува со една идеа која замислувајќи ја како остварена во иднина би ме направила исполнет и среќен.
2.Потоа размислувам дали е сето тоа изводливо
3.Доколку е изводливо седнувам дома зеам лист хартија и пишувам се што ќе ми дојде на памет како решение за сите пречки коа ќе ми се постават на патот
4.Од сите овие податоци правам план и од големата цел правам мали,помали и најмали цели.
5.Потоа почнувам со акција и дејствување се додека не ја исполнам целта.Во текот на дејствувањето се борам со неуспесите и со не толку добро испланираните работи врз кои сум флексибилен и ги менувам..Цел по цел сон :)
 
Имам неколку клучни моменти на кои се фокусирам:

Мотивација, ентузијазам, цврста позитивна енергија, силна посветеност и истрајност и чиста мисла која ќе те води.

Ова се основните предуслови за успех. Доколку една фали, или нема да има успех или успехот нема да биде целосен.

Сакам да постигнувам успеси и тие ме прават многу среќен. Секојдневно сум зависен од нив. Животот ми претставува постојана трка во која се натпреварувам сам со себе и со своите успеси. Секој претходен успех ми е предизвик за следен поголем. Репер ми се само моите успеси, туѓите ги почитуваме, но им обврнувам сериозно внимание.

И секако ниеден успех нема да биде толку голем и значаен ако на крајот на денот немаш со кого да се израдуваш и со кого да го споделиш истиот.
 
Одбрав професии кои ме исполнуваат и во кои уживам. Имам две професии кои ги работам паралелно. И навидум се чини дека цело време работам, но напротив јас цело време уживам. И не прашувам за успех. Тој сам доаѓа како награда за исполнувањата и реализацијата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Одбрав професии кои ме исполнуваат и во кои уживам. Имам две професии кои ги работам паралелно. И навидум се чини дека цело време работам, но напротив јас цело време уживам. И не прашувам за успех. Тој сам доаѓа како награда за исполнувањата и реализацијата.
Секоја чест, можеш да се сметаш за привилегирана, ретко кој работи тоа што сака а уште поретко ужива во работата! :smir:
 
Успехот е она што го правиш додека не си свесен за тоа. Факт е дека додека луѓето се задлабочени во работата која ги исполнува и ги прави среќни, или пак работите кои им се случуваат во приватниот живот никогаш не се водат од мантрата: Јас сум успешен човек. Браво за мене.
Сосема сме несвесни за успехот додека тој се случува. Обично тој се детектира отпосле. А што е најзабавно од се, туѓите очи одлично го детектираат.
Човекот никогаш нема време да гледа, па дури ни својот успех (што и да значи тоа). Јас лично го сметам за мисловна именка. Ништо повеќе и ништо помалку од тоа.
 
Успех - колку тоа убаво звучи!
 
Со постигнувањето на една цел, еден успех кај мене се раѓа нова желба за ново достигнување што е и до некаде нормално, и така константно работам на остварувањето на целите и успесите кои всушност претставуваат и мои соништа. За се што сонував до пред некое време започнува да ми се остварува. Секако тоа почна постепено и со прогресија. Сега моментално работам на тоа што ми претставува ВРВ но сигурен сум дека кога ќе ми се оствари ќе целам на нешто поголемо. А што ми помага? - Пред се големата желба да направам нешто со себе и со својот живот да не бидам еден празен лист хартија, потоа доаѓа мотивацијата која може да ја наречам и двигателна сила во сето ова. Исто така може да се спомене дека со самите успеси автоматски и моите блиски, семејството, пријателите стануваат горди а тоа е може да се рече и најголемата награда.
 
Braos :smir::smir: Nikogas ne treba da se osekame deka sme stignale do vrvot, taka e :) Zatoa sto sto ostanuva koga ke se iskacis najgore? Edinstven otvoren pat e toj za nadole :helou:
 
Секоја чест, можеш да се сметаш за привилегирана, ретко кој работи тоа што сака а уште поретко ужива во работата! :smir:

Упорноста и истрајноста се сојузници кои го носат успехот, а љубовта кон работата е најмоќната мотивација. Нема поубав избор од оној да бидеш тоа што си. И на мојот пат има безброј искушенија и падови, но вербата и силата на знаењето се цврсто оружје во таквите моменти.
 
Како постигнувам успех?

Па, мислам дека ова прашање би си го поставил некаде на 65 години и онака кога, седнуваш со лулето во рака покрај каминот (ако има до тогаш реални камини, можда ќе бидат некои холографски репрезнтации кои креираат чувство на камин и топлина...вотевер) и онака земаш долг здив од лулето и се замислуваш себе си од првиот ден на работа, па до последниот и што се си постигнал.

Ако прелета некоја пеперутка и его трип тогаш значи сум постигнал многу во животот и сум бил успешен.

А сега? Сега мерилото на успехот е солидно завршена работа. Неуспехот одвратно ме нервира и доста сум компетитивен ако некој ми фрли предизвик.

Дали ме исполнува работата? И да и не. Мојот ментален склоп е таков што многу работи одеднаш ме интерсираат, некогаш тоа и ме истоштува. Губам желба понекогаш за се од што неможам секаде да престигнам. Брзо се заситувам од некои работи, особено оние што ми носат задоволство и барам предизвик во нив. Оние што не ми предизвикуваат задоволство, доволно е да ми бидат рутина колку да ги извршам и да не ми виси некој на глава...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom