Како оформувате мислење за останатите членови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Од аватари мислења и потписи се дознаваат мнооооогу работи верувајте.

Е добро сеа што можам за тебе да дознаам од аватарот твој? Дека сакаш кратки фустанчиња и дека си ебовски?:baeh::baeh::baeh::baeh:
 
burn84, на пример кои работи?
 
На пример-од аватаорт дознаваш по сликата кој какви работи сака-некој го мења на секој 5 минути тоа ти кажува дека се неодлучни-сваќаш сеа да не објаснувам такви работи.

А постовите с приказна за себе.
 
Од аватари мислења и потписи се дознаваат мнооооогу работи верувајте.

Пааа... додека не го запознаеш лично човекот... само врз тие ствари и може да ти се базира мислењето, нели ? :toe:
 
На пример-од аватаорт дознаваш по сликата кој какви работи сака-некој го мења на секој 5 минути тоа ти кажува дека се неодлучни-сваќаш сеа да не објаснувам такви работи.
Во ред, се сложувам дека има некои кои менуваат на секои 5 минути и може да ти остават таков впечаток. Но, тоа не мора да значи дека се неодлучни. Пример. Денес става слика со тажен лик, а утре става од облаци. Може да се толкува и како да сака да пренесе како се чувствува денес.
 
За тоа има тема како се чушствувате денес-а аватарот претстаувва нешто како слика што ти се допаѓа или можеби како луѓето би сакалд а те доживуваат.

Не се менува секој ден-хмм идам да јадам после ручек ќе допишам ваљда ме мрзи да објаснувам(ова на пример кажува дека сум мрза лоол):wink:
 
Точно дека има тема за тоа како се чувствуваш денес. Ама како што ти си ги сфатил аватарот и потписот како начин да претставиш како би сакал да те доживуваат другите, така некој друг си ги сфатил на свој начин.
На форумов никој не може да им кажува на другите кога да си ги менуваат аватарите и за што да ги ставаат, нели?:) На тебе (на мене, на секој од нас) останува да си толкуваш(ме) како сакаш(ме).
 
Како оформувам мислење за членовите на кајгана? Хммм, епа искрено аватарот, потписот па дури ни постовите не ми значат многу. Зошто?
- Бидејќи како што гледам, постојат членови со алтер егА... Така никогаш нема да ја дознаеш вистинската слика за членот, се додека не го запознаеш лично и персонално. :pipi:
 
Дури и тогаш приметив има некој што глумат-невероватно нешто еј!
 
Не сакам да го сфатат ПОСТОТ како навреда. Тоа си е нивни начин на слободно искажување(нивно право). Тоа што не можат да го кажат во општеството, овде слободно го пренесуваат.
Морам да признаам дека има и неколку ликови на форумот кои стварно ги почитувам и ценам... не е важно каде се изразуваат, важно е како се изразуваат.
 
Не го сваќам аватарот и потписот како некое главно според кое имам мислење за некој од членовите... Едноставно постовите говорат за карактерот на членот. Така да можам да кажам дека некој ми се допаѓа карактерно, или има слични мислења како мене или обратно и толку. Друго мислење за човек што воопшто не го познавам неможам да имам се додека не го запознаам.
 
Well, ретко кога се совпаѓаат виртуелниот и реалниот сегмент на еден член. Дозата таинственост и маневрирањата со своите вистински ставови, остава можност за грешка при проценувањето на човекот. Комотното столче позади мониторот понекогаш изнудува неискреност, прилика за докажувања на самиот себеси и на останатите, како и простор за лечење комплекси, фрустрации...
Во превод, ретко кога можам да сум 100 % сигурна дека вистински сум проценила некого читајќи го, или анализирајќи ги неговите аватари, потписи енд стаф :)
 
Po rakopisot , dali stavaat golema gukva, dali pocituvaat gramaticki pravila , dali imaat imaginacija smisol za humor, kolku se pametni se segleda od 10 posta nekad i od 3 ...

85 % ne lazat postovite , eventualno ako se sramezlivi u zivo pa se bolji na tastatura no sepak dushata e taa :smir:

BTW ruka na srce 30 tina luge vredat tuka drugoto e sve intelektualen shkart ili dechurlana :toe:
 
Воопшто ама воопшто не се замарам со тоа кој е каков е и што е.Едноставно убавината на форумиве е во тоа кога никој не познаваш и со никој не се знаеш и едноставно си читаш понекогаш се смееш од нечии мислења а понекогаш ти се иде да заплачеш.
 
На форум секој може да се претстави како прекрасна личност, паметна, духовита и полна со муабет.
Или пак како фраер шо знај да ремети и да заебава други личности, а во живо да не знај да гугни.
Затоа не многу се базирам врз аватарите, потписите или постовите. Повеќе почитувам контакт и запознавање во живо, а дотогаш имам резерва спрема личностите, иако знам да се опуштам со некој на мсн.
Главно, чекам да го запознаам во живо, па тогаш го оформувам целосното мислење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom