Како оформувате мислење за останатите членови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Го следам однесувањето, ставови,... се бележам и градам мислење.
 
Еве на пример за Смашр имам оформено добро мислење изведено од аватарот и потписот,зшо Грим е царче а исто и Gorillaz-5/4 :beer:
 
Еве на пример за Смашр имам оформено добро мислење изведено од аватарот и потписот,зшо Грим е царче а исто и Gorillaz-5/4 :beer:

Gadfly Baba го почитувам затоа што тие што ме почитуваат и јас ги почитувам и обратно, екстра мислења, има cool аватар, ги почитува Gorillaz и ги познава добро нивните песни, и го почитува Grim се разбира. :) Тоа ми дава право да речам дека за Gadfly Baba имам оформено добро мислење.
 
Од се.
Иако ретко се замарам со мислењето за некој, освен ако не треба да го анализирам, се што ќе ме фати за око, може да ме натера да создадам некоја слика за личноста зад екранот.
Од аватар до мислење, до потпис до случајно да го кликнам во активни корисници...иако најчесто, т.е. најверојатно е да создадам мислење за некој по долго зборење на МСН.
 
Ќе се согласам со сите вас дека оформувањето на мислење не треба да биде преку аватар или потпис затоа што понекогаш и не можеме да разбереме какво значење имаат тие лично за домаќинот,ама сепак некогаш паѓаат во очи несериозни потписи и аватари што секако оддаваат некаков впечаток за тебе како личност.Аватарот е нешто што подолго време не застапува, така да не е лошо да избереме аватар кој ќе не претставува и нема многу да ,,дели,, од она што сме ние.Јас сум за искреност, во секој случај инаку не гледам никаков ефект од лажно претставување.
 
Прв е никот. Ако тој е инвентивен, интересен и необичен, тоа ми е првиот впечаток за членот. Доколку тоа се потврди и преку постовите, супер. Титлот ми е некако ист со никот. Аватарот, често служи само за препознавање - да не ги читам никовите на членовите, го памтам аватарот. Потписот игра маргинална улога, но сепак влијае. Секако, најголемо влијание имаат постовите. Освен содржината, многу битно е дали се користи правопис во постовите. Ако е напишан без никаков правопис, па и на латиница, веднаш го менувам мислењето на членот кон полошо и неможам да го сфатам сериозно таквиот пост.
 
Па се има улога во оформување на мислење за некој член. Влијае и аватарот и потписот по малку, али најмногу од мислењата на некои теми ал од еден пост неможе да се оформи мислење.
 
Па најпрво може да ми фати око ако има интересен аватар или потпис... А после секако по постовите, и тоа постовите на теми кај што треба да се уклучи малку мозочето:) А ако сакам да го запознаам уште подобро, ондносно ако до толку ми привлекол пажња, на мсн или на кафе :)
 
Оформувам мислење според нивните мислења. :) Некогаш и од аватарот може да се дознае по нешто... ама само малце. Постовите многу кажуваат.
 
Постовите имаат голема улога во оформувањето на мислење за некој член. Меѓутоа ако половина и повеќе од постовите се во играчница воопшто не се трудам да отворам некоја тема каде што тие последни пишувале. Сакам да читам мислења од членови кои ми оставиле впечаток.
Аватарите и потписите се дел од членот. Сигурно има нешто штом се решиле да ги употребат токму нив. Можеби според нив може да се добие погрешна претстава за некој член. Зависи...настојувам да ги запознаам лично оние кои ги сметам за повпечатливи за да можам да го дооформам своето мислење.
 
Оформувам мислење според постови на посериозни теми и постови за кои треба размислување за да се напише нешто квалитетно.
Мислењето не може да биде комплетно ако е само виртуелно. Разговор и контакти надвор од форумот, муабети на msn многу влијаат.
Иако за сите од поактивните членови веќе си имам изградено мислење и чувствувам како да ги познавам цел живот.
 
Потписот и аватарот можат да ми кажат по нешто површно за креативноста и фантазијата на членот иако не ги приметувам премногу. Од постовите може да се види кој како размислува за одредени работи, но да се оцени и да се даде конечно мислење за некого само од тоа е малце не на место и избрзано. Нормално од напишаното на некоја подлабока тема може да се заклучи со кого би можеле да остварите некаков вид на комуникација, а со кого воопшто не сте на фреквенција.
 
неможеш од аватар или потпис да оформиш мислење...но не можеш ни да ги изоставиш...пр сликата од аватарот е личниот вкус на личноста....потоа потписот исто може многу да каже......сепак знаејки дека некогаш може и така да се лупнат тие ствари без некоја посебна цел не ми остава простор да стварам слика за личноста....додека постовите ја вршат пресудната слика...како личноста се изразува,како размислува....!а конечната слика ми ја дава само личниот контакт :)!
 
Според аватар и потпис не можам да оформам мислење. Има членови кои често ги менуваат и според тоа можам само да претпоставувам во какво расположение се.

Некоја нецелосна слика добивам според мислењата кои ги пишуваат на форумов, но не оформувам комплетно мислење само врз основа на постови. Тоа останува за понатаму доколку комуницирам надвор од форумов.
 
Од аватари мислења и потписи се дознаваат мнооооогу работи верувајте.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom