Како до плочки на стомакот :)

Како до плочки?Лесно,дои кај татко ми,он има бизнис продава италијански плочки.Малце скупички,али ептен добри се.:)


Шала на страна,имам али тапацирани се хахах.Не ми се познаваат плочките(додуше едвај,многу малку можат да се оцртаат кога сум стегнат),али немам ни некој стомак.Онака прилично рамно,со малце салце. :)
Џабе вежбам,можам да направам куп стомачни нема резултат.Слабеење и доста трчање,пливање,точак.......Али мрза сум...
 
И јас сакав тоа да те посоветувам од лично искуство. Ги имам за извоз ама не се познаваат скроз, ваљда е до исхраната чим не се познаваат.
Е ај баш ме интересира што треба да јадам да балансирам?
Ја не марам на исхраната јадам што ми се јаде.Мускулите си ги имам уште од мал,а воедно сум се занимавал со велосипедизам 2 години па кошарка комбинирано со одбојка и сега останав само на трчање и правам дневно по пола саат стомачни и то.
 
Не верувам во ова искрено. Како прво стимул за вежбање е целта да доминираш на некого, нешто, и да се определиш за некаква работа/спорт/занимање, во примеров бодибилдинг. Ти невежбаш за да правиш пари, невежбаш за да станеш славен, вежбаш за да бидеш добро граден, и некој да те потапка по рамото, Дечко ти си во ред! ... Во лична сатисфакција за бодибилнинг не верувам!

А сомачни ко стомачни имаат сите само мрснотилакот над нив ги покрива, единствена цел да дојдеш до нив е топење и намалување на мрностилаците во телото...
Донекаде е вистина ова што го пишиш, дава поттик кога некој ќе го признае твојот труд, посебно во бодибилдингот тенок е мразот на кој се стое(мислам на психата), затоа многу се откажуваат ако немаат добра мотивација.
Задоволството во бодибилдингот го наоѓам бидејќи тоа за мене претставува издувен вентил, додека вежбам се релаксирам и инспирирам, се градам психички и физички...
 
Мислам дека го имам решението за твоите плочки:
 
Ако си дебел, трчај. Ако си слаб, вежбај.
 
Сакате плочки на вашиот стомак ???????
Теракота е вистинското решение за вас !!!!!:icon_lol:
 
Седете по цел ден на пц и ќе имате плочки :)
Плочки само со вежбање... :)
 
Дефинитивно со вежбање.Физичка активност..Ефикасно и здраво.
 
Само со кардио вежби(трчање, точак, пливање) и правилна исхрана.Стомачни вежби не се потребни.
 
Трчање,вежбање,правилна исхрана,друго не ти треба
 
најубава комбинација е трчање + стомачни + правилна исхрана, меѓутоа не секој има конституција на телото за да му се познаваат плочки, но ако се применува комбинацијата што ја напишав ако не до плочки сигурно ке добие рамен и стегнат стомак
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom