Како да се дојде до девојка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Факе
  • Време на започнување Време на започнување
Добро РубинРед, ја ова го кажувам од мое искуство. Не 2-3 пати да сум пропуштил девојка ради тоа што немам пари. Него 20-30 пати имам пропуштено девојка зашто немам пари-средства. Пример! ....си идам јас на форум и некоја симпатична корисничка од форумот ме поканува да и правам друштво на некој концерт во Скопје. Ја сум од Куманово. 35км... 200 денари повратна карта со афтобус. Кола немам. Сакам! да ми кажеше ден пред тоа можда и пешки ке појдев.
Девојка излегува у кафиќ, пие 5-6 чашки алкохол и ми врти на телефон: Ај дојди мо-мен-тал-но!
Јас нема да отидам на поканата зашто немам Пари :) Не се многу, и 500 денари ке ми завршат работа да и правам друштво само 1 час и после “Како да се дојде до девојка?“ е завршена работа нели. Ама кога немам у тој момент, немаааам :/ Апи се Веспертајн за г’з :) играј видео игри и теши се :)
На една девојка уз муабет некој и кажувам колку сакам железнички станици и возови, и она ми вика: Ај ке се возиме до Београд и назад. До београд и назад е 1800-2000 денари повратна РубинРед, ама кај да ги најдам :) а знам дека ке биде добро до Београд и назад, ама немааааа.
Можам да ти наведувам уште многу примери. Реално парите се многу битен фактор за “Како да се дојде до девојка?“ Знам дека има девојки како тебе пример, што ке трпат лузери како мене :) ама ретки сте, и искрено алал нека ви е. :D

Oкеј јас те разбирам во потполност али не трчаат сите по пари.Ти кажуваш од свое искуство и си налетал на таква.Ама некои сите девојки ги етикетираат како спонзоруши.И не викам дека не е потребно да имаш некој денар ама малку со тоа дека сите ги гледаат парите ми е тешко да го сфарам.Нормално дека за билет ке ти е потребно пари ама не можеш и секогаш да дојдеш така до девојка.Прочитај го постот на ТАПЕТАРОТ ПЕТАР и ке сфатиш што сакам да кажам.И не е до трпење на лузери.Ако нема пари тоа е,не можеме сите да имаме полн џеб.
 
-Како да се дојде до девојка?
- Бидете свои, не изигравајте нешто што не сте, и секогаш бидете искрени :)
Парите како дошле така пошле, а карактерот на човекот не се менува.:toe:
 
-Како да се дојде до девојка?
- Бидете свои, не изигравајте нешто што не сте, и секогаш бидете искрени :)
Парите како дошле така пошле, а карактерот на човекот не се менува.:toe:

Алелуја тоа е тајната :), браво за коментаров :smir:
 
Го разбрав јас убаво.Ако ме сака ако го сакам ке бидам со него не затоа што има пари туку само заради љубов.Ако подоцна нема љубов и разбирање,чао пријатно.
Е сега од двата примери ке го изберам оној кој успее да ми го освои прв срцето.
Ако не успеат,среката ке си барам на друго место.
И така.:pipi:
Се надевам сфати што сакав да кажам.
И каков одговор очекуваше од мене?Дека ке кажам богатиот?

Ова е више глумење лудило, у случајов ако го одбереш тој шо има пари не значи дека си спонзоруша само си паметна. Нема потреба од фолирање и филозофирања со отварање срце и разни срања.
 
Не ми глумете сите поштени, кој не би сакал некој/а со пари
 
Ова е више глумење лудило, у случајов ако го одбереш тој шо има пари не значи дека си спонзоруша само си паметна. Нема потреба од фолирање и филозофирања со отварање срце и разни срања.

Е браво за ова што го кажа. И мене стварно не ми е јасно, зошто ако девојка одбере некој што има пари веднаш е спонзоруша? Глупости!
А исто и прочитав коментари како-биди тоа што си, биди искрен, не изигравај тоа што не си...хахаха, стварно? Кој барем малце не глуми, не пробува да е интересен и не се смее на некој муабет кој не му е до толку смешен? Come on, we all do this!
Пример, треба да излезам со некој дечко, а мене не ми е до муабет ама ич, одиме во кафич и сега ако сум тоа што сум и сл. ќе дремам само како ут и ќе одговарам со да/не, т.е. ќе бидам досадна. Тоа е.
Еве пример за искрен прв состанок...и нормално само на филм.
 
Пешки , освен ако не живее многу далеку.

Се останато се излитени кич фрази и генерализации за „на што паѓаат девојките“ .
 
Не ми глумете сите поштени, кој не би сакал некој/а со пари
А зашто мислиш дека таа со пари би била будала да се замеша со некој голтар:) парата на пара иде, класите никад не се мешале ова е уште од старо време, богат си зема богата, сиромав сиромашна, што би рекла една колешка, дружба си е дружба, служба си е служба
 
Е браво за ова што го кажа. И мене стварно не ми е јасно, зошто ако девојка одбере некој што има пари веднаш е спонзоруша? Глупости!

Затоа што живееме во Македонија. Ако одиш со дечко кој нема пари, муабетот ќе биде види со каков клошар иде. Ако одиш со дечко кој има пари тогаш си спонзоруша.
 
Затоа што живееме во Македонија. Ако одиш со дечко кој нема пари, муабетот ќе биде види со каков клошар иде. Ако одиш со дечко кој има пари тогаш си спонзоруша.
Се слагам но..
Од секад сум се прашувала, што подразбираат женскиве под слоганот "има пари"? Кое е мерилото:)
 

Од женско е...никогаш немала женска па да знае како треба со жена.Они во огледало си се совршени самите за себе и нив можеш да ги фатиш само до најдобри манири.Ама кога тие бираат, најчесто нивните херои и работи кои ги величаат кај машките по форуми паѓаат во вода одма.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
А зашто мислиш дека таа со пари би била будала да се замеша со некој голтар:) парата на пара иде, класите никад не се мешале ова е уште од старо време, богат си зема богата, сиромав сиромашна, што би рекла една колешка, дружба си е дружба, служба си е служба

Јасно ми е мене за тоа не си барам девојка сега. Чекам пари да напраам и после као што би рекла ти пара на пара оп оп хахах
 
Се слагам но..
Од секад сум се прашувала, што подразбираат женскиве под слоганот "има пари"? Кое е мерилото:)

Веројатно на мама и тато, колата станот и кешот во џеб, бидејќи ретки се оние кои на дваесетина години заработуваат свои пари.

Инаку нема магична формула да се дојде до девојка. Кога се познаваш себе, односно знаеш каква музика слушаш, филмови гледаш и имаш свои принципи и критериуми по кои се водиш во животот, природно е да бараш некој сличен на себе.
Очекувањето дека ќе бидеш разбран на вистински начин, нема да се случи доколку комуницираш со човек, кој дава 100 евра за парфем,а твоите месечни примања се толку или пак да му објаснуваш како е да јадеш цела недела шопска салата, а тој ја јаде како мезе секој ден во кафана. Не можеш да најдеш заеднички јазик со некого кој постојано имал, па затоа не знае што е тоа да се нема. Нему или неа ќе им бидат здодевни муабетите за твоите потешки животни ситуации.

Но затоа пак кога ќе налеташ на човек, сличен на себе, со кој имате познавање од области за кои се интересирате, сте поминале низ слични или исти животни ситуации, односно се надополнувате тогаш нема да биде потребен прирачник, маски или пак ваква дискусија. Спонтано ќе си течат работите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom