Како да се дојде до девојка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Факе
  • Време на започнување Време на започнување
Oкеј јас те разбирам во потполност али не трчаат сите по пари.Ти кажуваш од свое искуство и си налетал на таква.Ама некои сите девојки ги етикетираат како спонзоруши.И не викам дека не е потребно да имаш некој денар ама малку со тоа дека сите ги гледаат парите ми е тешко да го сфарам.Нормално дека за билет ке ти е потребно пари ама не можеш и секогаш да дојдеш така до девојка.Прочитај го постот на ТАПЕТАРОТ ПЕТАР и ке сфатиш што сакам да кажам.И не е до трпење на лузери.Ако нема пари тоа е,не можеме сите да имаме полн џеб.
Грешка си !
можи точно е тоа дека не трчаат по пари ама без пари кај ке најдиш ти девојка?
пошо насловот е *Како да се дојде до девојка?*
Ако има човек пари да шета и да излегва секоја вечер по кафичи ваму таму и да запознава пријателки шансата е многу поголема за да најдиш девојка за разлика од тоа безпари да бидеш.....
еве да речиме да најдиш девојка преку нет? и тоа е пари интернетот не е без пари
со парите љубов не се купува ама со парите сите знаеме дека се стига до девојки :)
 
1) Не е точно, знам неколку примери каде жени со пари (3 примери да бидам прецизен) тргнаа со двајца идиоти тотално без пари, а третиот беше учител. Девојките не знаеја што да прават од пари а воопшто не беа дигнати или самобендисани и сите три лудо се заљубија во момците :).

Еве ти уште еден таков пример:

3CC6282F1F6B5341AA393BAEE8C08342.jpg

Идиотот мораше и презимето да си го смени. ;)

пс. двајца идиоти, а третиот учител.. хахахха... Учител - човек кој нема пари, ама барем не е идиот. :)))
 
Еве ти уште еден таков пример:

Прегледај го приврзокот 42928

Идиотот мораше и презимето да си го смени. ;)

пс. двајца идиоти, а третиот учител.. хахахха... Учител - човек кој нема пари, ама барем не е идиот. :)))

Тоа е батката со поклончињата од 200 ден така да верувај не е идиот, сеа дури и ја контролира :).
 
Тоа е батката со поклончињата од 200 ден така да верувај не е идиот, сеа дури и ја контролира :).

Да видам, да не верувам. Колку и да ја контролира, пак „обележан“ е во презимето. ;)
 
Да видам, да не верувам. Колку и да ја контролира, пак „обележан“ е во презимето. ;)

Погрешно си ме разбрал, на учителот мислев не на типчево на невестата :))).
 
Погрешно си ме разбрал, на учителот мислев не на типчево на невестата :))).

Хахаха... се разбравме на крај. :)))

Еее гледаш ли учител што значи да си, затоа учете деца да си фатите богата девојка која потоа ќе ја контролирате. Затоа после „Знаењето е сила, контролата е моќ“. ;)
 
Хахахаха, добро ти беше ова :).

Пс. Жена мора малку да се контролира инаку настанува пропаст :pos2:.
 
Ај сега дајте помош ... вака со една правам муабет веќе подолго време..се шмекаме цело време на нет,кога ке се видиме вака со друштво муабет бла бла пак се шмекнеме xD е сега што е проблемот то ест каде ја правам грешката веќе два-три пати ја викнав да излеземе..еднаш ја прашав кога ја сретнав она ми кажа нешто како ајде ке видам..после ми пиша дека е слободна за следниот викенд да излеземе и на 1 ден пред да излеземе ми откажа нешто непланирано се случило па морала да ми откаже,подоцна пак ја викнав да излеземе овој пат преку нет/фб и одеднаш ја снема како во земја да пропадна. А од другарките дознав дека ме свиѓала бла бла...е сега значи ме свиѓа а ми изгледа како да не сака да излеземе
РЕШЕНИЕ ?!?!??!
 
Има дечко и незнае како да му раскине... тоа е проблемот. Решение нема... батали ја... најди друга. ;)

пс. какво е тоа шмекање преку нет !? Да не е со смајли што намигнува !? Ако е, да престанам да го користам, луѓе може погрешно да ме разберат. ;)
 
пс. какво е тоа шмекање преку нет !? Да не е со смајли што намигнува !? Ако е, да престанам да го користам, луѓе може погрешно да ме разберат. ;)

Еве ти намигна сега,бриши тоа да не те сфати дечкото погрешно :pos:

A на проблемот си има посебна тема за љубовни проблеми но кога веке е напишано зошто да не му се даде совет на малиот?
Слушај стефчо,разговарај со дамата дали сака да отиде на кафе,ако сака супер ако не барај друга,не си должен да ја молиш постојано.Која е таа?Џесика Алба?Не си должен да ја молиш.Прашај ја за последен пат дали сака или несака.
 
Ц... не би играл ја така. Веќе ја има прашано и следниот пат би било молење. Батали ја скроз, ако до толку не можеш и ако до толку сакаш да правиш нешто со неа, кажи и дека ти се свиѓа нејзина другарка некоја и да ти ја мести, па види и реакција. Ако ти спомне као „еееј оти така, а јас “.. тогаш е заинтересирана, а ако ти рече „еј нема грешка важи“, тогаш кој ја врти. ;)
 
Искрено, го жалам оној кој што ја чита оваа и сличните на оваа теми на форумот, и ги гледа сите овие "практични, ИСКУСНИ" совети и ги смета како спас кој ќе му помогне да легне нешто.

Ако ова го чита некој кој што ја чита темата за да дознае по некој совет за женски и за љубовни врски, тогаш овој пост е наменет директно за тебе:

ПРЕСТАНИ ДА СЛУШАШ СОВЕТИ ЗА ЖЕНСКИ ОД ФОРУМ! СВЕ СЕ ТОА ГЛУПОСТИ! И НАЈЧЕСТО СЕ ПИШУВАНИ ОД ЛУЃЕ КОИ ШТО САМИТЕ ВЕЗЕ НЕМААТ ШТО ЗБОРАТ! САМО СИ ГО ГУБИШ ВРЕМЕТО!

Ако сериозно сакаш да се подобриш во таа област, тогаш јас ти препорачувам да бараш совети од некој од РЕАЛНИОТ ЖИВОТ. Сигурно знаеш некој кој што има доста искуство со жените, однеси го еднаш на вечера, плати му едно јадење и прашај го се што те интересира.

Или пак уште подобро од тоа е сам да научиш како функционира тој свет. Излези во град со другарите, запознај се со неколку женски и види како ќе излезе тоа на крај. На тој начин ќе се подобриш и ќе стекнеш искуство дааааалеку повеќе одколку да читаш совети од форум најчесто напишани од луѓе кои што најверојатно не ни виделе како изгледа гола жена во живо.
 
Абе и девојкиве кај нас се некако многу плашливи. Неколку пати ми се случило несвесно да се загледам во некое слатко девојче и девојчево како да почнува да се плаши и одма го трга погледот, а после ем сака лицето да и остане на страна, ем очите накај мене. Па ќе си ги расипе очите ако прави така често :)

Еднаш во Франција ми се случи истото, несвесно се загледав во една девојка и после 3-4 секунди девојкава ми се насмеа. Јас онака збунев останав, како ли да реагирам... и нормално вратив насмевка.

Така да, ми се чини погледот е многу важен. Не е ништо страшно да загледаш девојче, па ако и она врати со поглед, веќе пола од работата е завршена. Ако сте во кафе/бар/ресторан и седите на различни маси, само начекај кога ја крева чашата да се напие, крени ја и ти и онака дискретно "на здравје" направи кон неа. Веќе 90% од работата е завршена. Штознам, можеби ова сум го видел на филм па ми останало во потсвеста :)

И да не се лажеме, требаат парички, 2-3 фини излегувања и частења се неизбежни. После тоа ќе си делите трошок.
 
Ај сега дајте помош ... вака со една правам муабет веќе подолго време..се шмекаме цело време на нет,кога ке се видиме вака со друштво муабет бла бла пак се шмекнеме xD е сега што е проблемот то ест каде ја правам грешката веќе два-три пати ја викнав да излеземе..еднаш ја прашав кога ја сретнав она ми кажа нешто како ајде ке видам..после ми пиша дека е слободна за следниот викенд да излеземе и на 1 ден пред да излеземе ми откажа нешто непланирано се случило па морала да ми откаже,подоцна пак ја викнав да излеземе овој пат преку нет/фб и одеднаш ја снема како во земја да пропадна. А од другарките дознав дека ме свиѓала бла бла...е сега значи ме свиѓа а ми изгледа како да не сака да излеземе
РЕШЕНИЕ ?!?!??!
погрешна тема
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom