Како да продолжиме понатаму без НАТО и ЕУ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со оглед на фактот дека Македонија не може да си го смени сама името а другите немаат и не смеат да имаат никакви ингеренции да и го направат тоа на било која друга земја под притисок,ја отварам оваа тема со намера да продискутираме вака предизборно како да продолжиме понатаму со развојот и подобрување на нашата иднина без реални перспективи за влез во НАТО и ЕУ.
Мој предлог би бил малку да престанеме со недокажани обвиненија за сите оние политичари кој не довеле до ваква состојба,вклучително и актуелниве.Значи доколку некој па и ако е на власт,обвини некого за арамилак и антидржавни елементи,но не успее да го докаже таквото дејствие истиот да мора да се соочи со одговорност но и затворска казна слична на онаа која би следувала за оној кој е недокажано обвинет.Тоа е колку да се покаже дека судството ни е навистина независно.
Во втората фаза која може да оди паралелно со првава мислам дека треба многу закони да си ги адаптираме само за наши потреби,односно да бидат по наш терк,без разлика што во ЕУ таквите закони би биле малку неприфатливи.Се разбира дека тука не смее премногу да се одалечуваме со екстремности за што би побарале и стручни мислења од странски релевантни експерти,кој не мора веднаш да бидат прифатливи.
Вашите предлози и сугестии би било убаво да ги продолжиме токму на ова место,каде отворено би продискутирале кој треба да ни бидат приоритети во државава со зачувано име Македонија за подобра иднина на нашите поколенија.Очекувам релевантни и издржани предлози од сите политички и верски проминенции на овој форум,затоа што Македонија е нашата заедничка иднина.
 
јас предлагам да ги препишеме сите закони на Република Словенија и да ги адаптираме на нашите климатски и рамковни услови и не само да ги препишеме туку и да ги спроведуваме и на коњ сме, тогаш ќе не бараат од еу, а и да не не бараат пак сме качени, па макар и на магаре да е.
 
Интересна идеја,би можела да се земе во предвид,со малку модификација,особено на етничкиот состав каде всушност е и разликата помеѓу Словенија и Македонија.:toe:
 
Кога го прочитав насловов од темава се сетив на една сцена на Рамбо 2. На крајот кога ќе се врати од Виетнам старешината негов ќе го праша Рамбо како ќе живееш, а тој ќе му одговори од ден за ден :icon_lol:.
Добро сега малку посериозно. Нас ќе не примат во Еу со сменето име со сите завршени глупости дури во 2020. се разбира нема да го смениме името, него ќе си продолжиме вака ЕУ да не прави мутави, а ние ќе носиме уште помутави закони. Е сега колку ќе се спроведат тоа е друго нешто. Нема да не примат таму во брзо време сигурно, ама ние цело тоа време ќе викаме сакаме да влезиме, сакаме а потајно ќе нејќиме. Белким ќе даде Господ оваа кризава во наредните неколку години ќе ја удри жестоко и тогаш ќе и го видиме крајот на курвата вавилонска.
 
Како да продолжиме понатаму без НАТО и ЕУ?

како досега
ни денес не сме во Нато и еу ни утре
така да како досега така и отсега
 
Па токму затоа ја отворав оваа тема,10тина години се многу за една држава,особено доколку таа се наоѓа вака во срцето на Европа.Би рекол дека има начин да си најдеме сопствен пат кон просперитетност и самостојност на нашата земја,флертувајќи и со НАТО и со ЕУ истовремено,но малку на подруг начин и под наши сопствени услови.

Како да продолжиме понатаму без НАТО и ЕУ?

како досега
ни денес не сме во Нато и еу ни утре
така да како досега така и отсега

Тогаш немаш ни причини да учествуваш на вакви или слични форуми,а особено на вакви теми,кога ептен ти е убаво како досега.:toe:
 
Patot i nacinot e vo nasite , glavi , ako se ponasame neodgovorno prema drzavata, pocnuvajki od Vlasta pa do najmaliot covek, nitu Evropa nitu NATO ke ne spasi...
Ne mi e jasno sto ocekuvame nie od NATO i od EU...
Revolucija vo nasite mozoci toa ni treba i toa e patot...
 
Па сметам дека најголем акцент треба да се обрни на развојот на нов политички систем...каде најприкладен би бил примерот со британија (со две политички партии по можност од мешан етнички систем) и да се развие самоодржлива економија ,која во прв план би имала развој на земјоделството и информатичките системи -два сектори каде би можеле ем да вработиме луѓе ем да создаваме висококвалитетен производ кој би можеле да го извезуваме.

Во поглед на инвестициите ,треба да ги национализираме поголемите компании , а на домшните инвеститори да им ги понудиме истите услови кои им ги нудиме на странските , секако со соодветна државна контрола во секоја од нив.

Битен фактор е да обезбедиме самоодржливост и во енергетиката , со тоа што би можеле да промовираме помасовна упоотреба на алтернативните ивори на енергија , како што се сонцето , ветерот и останатите.

Туризмот треба да ни биде приоритет на највисоко ниво , бидејќи спремен го имамае охрид а со малце труд можеме да ја имаме и преспа - како добри туристички понуди за езерски туризам. Не треба да се потцени ни алтернативниот туризам кој има огромни (можеби најголеми) потенцијали за развој. Треба да почнеме веќе еднаш со создавањето на голем кластер на туристички работници ,каде би се обучувале сите млади невработени /заинтересирани кои живеат во туристички локалитети -за Туристички водичи...а би биле членови на тој кластер кој би опфаќал хотели ,тур . агенции и сл.

Стратешки партнерства пред се треба да изградиме со соседните држави , со кои би ја зголемиле економската соработка , а дури потоа да мислиме на Русија или Кина.

ова е сеа пред ручек што ми текнува..после друже ќе попишам уште :)
 
Тогаш немаш ни причини да учествуваш на вакви или слични форуми,а особено на вакви теми,кога ептен ти е убаво како досега.:toe:

моја работа јас кај ќе учествувам
а кога сме кај темата што очекуваш да ти пише некој кога цело време овде тупиш против владава и цело време ги браниш сдс
кога двете се исти кога двете ништо добро не направиле
и кога едните се залагаат и се че сторат да избришат се македонско само да дојдат до поголемо конто в банка, а другите немаат соодветен одговор за тоа додуша барем застануваат во одбрана на идентитето и јазикот
 
Интересна анализа,би рекол воопшто не е политички мотивирана,баш онаква каква што сакав да направиме со оваа дискусија.

моја работа јас кај ќе учествувам
а кога сме кај темата што очекуваш да ти пише некој кога цело време овде тупиш против владава и цело време ги браниш сдс
кога двете се исти кога двете ништо добро не направиле
и кога едните се залагаат и се че сторат да избришат се македонско само да дојдат до поголемо конто в банка, а другите немаат соодветен одговор за тоа додуша барем застануваат во одбрана на идентитето и јазикот

Идентитетот и јазикот не можат да се одбранат без соодветно исконско име на државата Македонија,тоа на сите треба да им биде јасно.Што се однесува до мојата “одбрана“ на СДС не би рекол баш толку дека ги бранам,туку само не ги напаѓам толку жестоко како владава затоа што тие се моментално “голо маде“ за просперитетот и функционирањето на оваа држава па практично не се никаков фактор кон кој треба да ги пренасочиме нашите критики и напади.Или мислиш дека Весна Бендевска има одлучувачка улога колку струја ќе увезе Македонија а Јани Макрадули е главен за 1.5 милјарди евра плати за администрацијата од буџетот па да ги напаѓам нив повеќе одколку Бесими или Славевски?Си ги смешал лончињата брату,а тука не можам да ти помогнам.:toe:
 
- Па обезбедување на Енергија и ресурси што можат да ни обезбедат енергија.
- Реактивирање на сите Рудници (ако е исплатливо)
- Градење на фабрики чии производи се корисни на Македонија а воедно и ја ставаат ЕУ во положба да ги кошта многу ако нешто ни направат а тие фабрики се затворат. (да се створи еден вид зависност т.е. да се даде контрабаланс)
- Аграрни институти и реактивирање на што е можно повеќе обработливи површини со цел да се обезбеди храна за 100% покривање на домашни потреби + потребите на другите пазари (предлагам Шведска, Финска, Литванија, Латвија, Естонија, Данска... со производи што доаѓаат доста порано кај нас поради топлите краеви).
- Фабрики за квалитетно производство на прехранбени продукти.
- Јака фармацевска индустрија
- Производство по некое воено оружје
- Македонските воени спецјалци да се зголемат во број и да учествуваат во туѓи мисии но за пари...
- Доградба на квалитетна пруга (на главните север-југ, запад-исток да се направи уште една пруга за да може непрекинато да се одвива железничкиот сообраќај.
- Да се направи некоја си финансиска зона каде што на европјаните ќе им е поефтино да си регистрираат работи... :D
 
Zosto nikoj ne zboruva za SOLARNATA energija...
Mislam deka tuka ima potencijal, 220 soncevi denovi...
 
Се знае цената за влегување во НАТО и ЕУ, менуваш име-влегуваш, ако не не:toe:..Треба да се случи чудо да бидеме примени како Република Македонија..Затоа треба јасно и гласно да му се даде до знаење дека Македонија има и други алтернативи од ЕУ и НАТО, дека Македонија ќе продолжи да постои иако нема да влези во овие две фашистички организации..
Сите Закони, акти и останато, кое е направено како задолжителни од т.н. Европска Агенда треба да си ги преиспитаме, и да одлучиме, тие што се убави да продолжиме да ги користиме, а тие што се направени само да им овозможат на европјаните погодности на Македонска територија, да ги ревидираме, односно да ги направиме така што би имале конкретна корист..Ние и даваме на ЕУ се што ќе побара, а таа досега не ни има дадено ниту најмал знак дека сериозно размислува на Македонија како нејзина идна членка, одејќи по умот на нејзиното галениче гејладија..
Веќе ми се смачи од Фуере и од сите европјани кои знаат само да дробат, ова вака треба, она така треба, а всушност нивната матица спроведува неправда кон еден народ, слично како што поддржуваше на многу пати во минатото од 1912 па наваму..
Чисто, јасно и гласно...
Ако сериозно сметате на Македонија како членка на Европа, во ред..Без никакви дополнителни услови од оние што важат за секоја земја што сака да влезе, во ред..Да седниме и да правиме муабет ...

Ако не..Чао Пријатно...Папа Ерван Фуере, Оли Рен итн...
 
Континуирано создавање на капитал преку наши бизнисмени кои бизнисот ќе го развиваат дома,во комшилук па и во странство, со цел прибирање доволно моќ и пари од каде голем процент на средства ќе оди во цели од национален интерес.

Лобирање, поткуп, пропаганда, влијание во регионот, активности од различен карактер, а воедно и работни места за македонците.

Активно градење на армија специјализирана за урбана и герилска борба, по искуство на веќе докажани страни.
Мора да се мисли и на оваа превентива.

Најбрзо што може е градење на сообраќајни врски од полн тип, со Албанија, Црна Гора и Бугарија и нивните портови.

Расформирање на сегашната ДБК и создавање на лојална државна служба за безбедност.
Лустрација на сите пори од општеството, почнувајќи од високите функционери и медиумите.

Инвестирање во енергетски капацитет и генерално активација на застарената индустрија.

Рок: 5-10 години.
 
- Па обезбедување на Енергија и ресурси што можат да ни обезбедат енергија.
- Реактивирање на сите Рудници (ако е исплатливо)
- Градење на фабрики чии производи се корисни на Македонија а воедно и ја ставаат ЕУ во положба да ги кошта многу ако нешто ни направат а тие фабрики се затворат. (да се створи еден вид зависност т.е. да се даде контрабаланс)
- Аграрни институти и реактивирање на што е можно повеќе обработливи површини со цел да се обезбеди храна за 100% покривање на домашни потреби + потребите на другите пазари (предлагам Шведска, Финска, Литванија, Латвија, Естонија, Данска... со производи што доаѓаат доста порано кај нас поради топлите краеви).
- Фабрики за квалитетно производство на прехранбени продукти.
- Јака фармацевска индустрија
- Производство по некое воено оружје
- Македонските воени спецјалци да се зголемат во број и да учествуваат во туѓи мисии но за пари...
- Доградба на квалитетна пруга (на главните север-југ, запад-исток да се направи уште една пруга за да може непрекинато да се одвива железничкиот сообраќај.
- Да се направи некоја си финансиска зона каде што на европјаните ќе им е поефтино да си регистрираат работи... :D

Е па така бе,да ја оставиме малку политиката настрана,нешто слично и јас ја гледам понатамошната иднина на Македонија без да биде рамноправна членка во НАТО и ЕУ,за што нема шанси во блиска иднина.Убаво би било покрај твоите предлози да се додаде уште еден со кој секоја општина и локалните власти ќе се обврзат да обезбедат релативно ефтини индустријски зони со обезбедена патна,енергетска и комунална инфраструктура,каде земјиштето ќе им се дава на потенцијалните инвеститори во лична сопственост дури и бесплатно доколку изградат индустријски капацитет на сопствен трошок во кој потенцијално би вработиле одреден број невработени лица од истата таа општина која им го доделила индустријското земјиште во приватна сопственост на потенцијалните инвеститори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom