ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Со оглед на фактот дека Македонија не може да си го смени сама името а другите немаат и не смеат да имаат никакви ингеренции да и го направат тоа на било која друга земја под притисок,ја отварам оваа тема со намера да продискутираме вака предизборно како да продолжиме понатаму со развојот и подобрување на нашата иднина без реални перспективи за влез во НАТО и ЕУ.
Мој предлог би бил малку да престанеме со недокажани обвиненија за сите оние политичари кој не довеле до ваква состојба,вклучително и актуелниве.Значи доколку некој па и ако е на власт,обвини некого за арамилак и антидржавни елементи,но не успее да го докаже таквото дејствие истиот да мора да се соочи со одговорност но и затворска казна слична на онаа која би следувала за оној кој е недокажано обвинет.Тоа е колку да се покаже дека судството ни е навистина независно.
Во втората фаза која може да оди паралелно со првава мислам дека треба многу закони да си ги адаптираме само за наши потреби,односно да бидат по наш терк,без разлика што во ЕУ таквите закони би биле малку неприфатливи.Се разбира дека тука не смее премногу да се одалечуваме со екстремности за што би побарале и стручни мислења од странски релевантни експерти,кој не мора веднаш да бидат прифатливи.
Вашите предлози и сугестии би било убаво да ги продолжиме токму на ова место,каде отворено би продискутирале кој треба да ни бидат приоритети во државава со зачувано име Македонија за подобра иднина на нашите поколенија.Очекувам релевантни и издржани предлози од сите политички и верски проминенции на овој форум,затоа што Македонија е нашата заедничка иднина.