Како да продолжиме понатаму без НАТО и ЕУ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Идентитетот и јазикот не можат да се одбранат без соодветно исконско име на државата Македонија,тоа на сите треба да им биде јасно.Што се однесува до мојата “одбрана“ на СДС не би рекол баш толку дека ги бранам,туку само не ги напаѓам толку жестоко како владава затоа што тие се моментално “голо маде“ за просперитетот и функционирањето на оваа држава па практично не се никаков фактор кон кој треба да ги пренасочиме нашите критики и напади.Или мислиш дека Весна Бендевска има одлучувачка улога колку струја ќе увезе Македонија а Јани Макрадули е главен за 1.5 милјарди евра плати за администрацијата од буџетот па да ги напаѓам нив повеќе одколку Бесими или Славевски?Си ги смешал лончињата брату,а тука не можам да ти помогнам.:toe:

ништо не сум смешал АБЦ сум те приметил во повеќето мои постови против сдс ме цитираш и застануваш во нивна одбрана, и тоа не само кај мене туку секој што ќе напише против сдс застануваш во одбрана
инаку добра опозиција е и тоа колку битен фактор за функционирањето на една држава, а тоа што ние немаме квалитетна опозиција и овие од сдс што не го сфаќаат тоа, си имаат голем проблем
а инаку до пред 3 години кога сдс беа на власт секако дека струјата и парите за администрацијата зависеа од нив па и тогаш не цветаше државава туку тонеше
сега другите се на власт па од нив зависи тоа, разбираш

а кога сме кај идентитетот, јазикот и името гледај што мисли професорката Виолета Ачковска

1. Намалување на државната администрација за 40%.
2. Воведување на информатичко опшество во сите свери на живеење.
3. Инвестиции во патни коридори, енергија, природни ресурси.
4. Инвестирање во преработка на храна.
5. Развој на земјоделие.
6. Едуцирање на кадри на престижни универзитети.
7. Изградба на здрав образовен систем
8. Изградба на систем на вредности.
9. Развој на односите со истокот и зачленување во Шангајската група и партнерство со Русија.
 
И превод на видеото што ти е во потписот, за поука. :D
 
И превод на видеото што ти е во потписот, за поука. :D

Тешко учиме ние од тие лекции.
Неколку пати ни се повторуваат и па се пикаме кај што не ни е местото.
Затоа и ја сведовме Македонија на еден прдеж место.
 
ништо не сум смешал АБЦ сум те приметил во повеќето мои постови против сдс ме цитираш и застануваш во нивна одбрана, и тоа не само кај мене туку секој што ќе напише против сдс застануваш во одбрана
инаку добра опозиција е и тоа колку битен фактор за функционирањето на една држава, а тоа што ние немаме квалитетна опозиција и овие од сдс што не го сфаќаат тоа, си имаат голем проблем
а инаку до пред 3 години кога сдс беа на власт секако дека струјата и парите за администрацијата зависеа од нив па и тогаш не цветаше државава туку тонеше
сега другите се на власт па од нив зависи тоа, разбираш

а кога сме кај идентитетот, јазикот и името гледај што мисли професорката Виолета Ачковска

Се гледа дека професорката малку читнала од моите постови по форумиве,иако тоа не ми беше поентата со темава.Јас на почетокот нагласив дека Македонија останува Македонија без реални шанси во догледна иднина да влезе во НАТО и ЕУ со тоа име,а ние овде треба да се потрудиме и да продискутираме за пронаоѓање на просперитетен модалитет како успешна држава,со име Македонија и со Македонски народ како мнозинство во неа,а се разбира и со посебен акцент врз правата на сите националности што живеат во истата таа Македонија и се соочуваат со истите проблеми како и ние.
Доколку не си разбрал ќе повторам уште еднаш дека на оваа тема треба да посветиме внимание и акцентот да го ставиме кон изнаоѓање решенија за понатамошен развој и опстојување на оваа држава без реално блиски изгледи за членство во НАТО и ЕУ,па затоа би те замолил да не мешаме премногу политика и да се обвинуваме окулу името,на што залудно трошиме време и енергија,зошто за сите нас тоа прашање веќе одамна требаше да биде затворено барем овде дома ако не и насекаде надвор освен во Гејлада па МАКЕДОНИЈА останува МАКЕДОНИЈА,но како успешно да продолжиме со развој на земјава без изгледи за блиско членство во Евроатланските институции?Посвети го вниманието на тоа,без да проценуваш колку јас го бранам СДС или го напаѓам ДПМНЕ,што впрочем и не е во никаков контекст со темава.:toe:
 
Никако како може да продолжиме, зарем некој воопште може да помисли дека Македонија може во изолација да просперира?????
:tapp::tapp: Никој не може изолиран да опстане, еве само ќе дадам најобичен пример на човек што е отфрлен од цивилизацијата и општеството, живее отсечен у некоја шума, како очекувате тој човек да просперира или да живее самостојно?
Истото е и со Македонија
 
Па токму таа отсеченост од “цивилизацијата“ и обидите за асимилација на потурчување/погрчување/посрбување/побугарување им овозможила на Македонците да останат Македонци и да се зачуваат како идентитет низ сите векови.

А сега во услови на слободна територија каде успехот во животот зависи пред се' од нас самите, некој се обидува да тргува и го продава токму она поради кое генерации македонците се бореле, страделе, живееле изолирани, гинеле и сл.

За модерните “јаничари“ нема место во Македонија, доколку се грчат од потребата за смена на идентитетот можат слободно тоа да го сторат индивидуално и да си ја бараат среќата како не-македонци.

И најдобро би било да прекинеме со тие термини на “изолација“ и слични наметнати Геровштини, барем на момент да се изолираме од предавнички стратегии.
 
Никако како може да продолжиме, зарем некој воопште може да помисли дека Македонија може во изолација да просперира?????
:tapp::tapp: Никој не може изолиран да опстане, еве само ќе дадам најобичен пример на човек што е отфрлен од цивилизацијата и општеството, живее отсечен у некоја шума, како очекувате тој човек да просперира или да живее самостојно?
Истото е и со Македонија

Ај да не и лепам етикети, ќе ве молам објаснете и...

п.с.
Прашање до филозофкава...
А Норвешка и Швајцарија изолирани се што не се во ЕУ? :tapp:
 
Никако како може да продолжиме, зарем некој воопште може да помисли дека Македонија може во изолација да просперира?????
:tapp::tapp: Никој не може изолиран да опстане, еве само ќе дадам најобичен пример на човек што е отфрлен од цивилизацијата и општеството, живее отсечен у некоја шума, како очекувате тој човек да просперира или да живее самостојно?
Истото е и со Македонија

Дискутабилно е дали Македонија е толку изолирана од надворешни или од внатрешни фактори.За создавање индустријски зони во секоја општина каде земјиштето ќе биде бесплатно за сите потенцијални инвеститори,мислам дека не зависи премногу од изолацијата во која што моментално сме.Мислиш ли дека од изолацијата зависи што Македонците не можат да увезат автомобил постар од 6 години доколку е технички исправен и функционира во Германија или било каде во Европа на пример?Мислиш ли дека зависи од изолацијата што некој не може да увезе индустријски машини без царини и даноци во оваа држава без да се стекне со мал милион документи за увоз?Или пак мислиш дека изолацијата налага на потенцијалниот инвеститор да му понудат енормно скапа вода,земја и енергија кој се неопходни за организација на индустриско производство?Значи не е се до изолацијата од надвор.:toe:
 
Досега се појавија

1. Луѓе што размислуваат на тоа како, ако.
2. Партиски настроени
3. Изолирани во своите размислувања.

Браво бре, сето тоа на 2 страни.
 
Досега се појавија

1. Луѓе што размислуваат на тоа како, ако.
2. Партиски настроени
3. Изолирани во своите размислувања.

Браво бре, сето тоа на 2 страни.

Не би рекол дека се само такви,не има сепак и од друга проминенција кој се трудиме да изнајдеме решение без непотребно политички да се обвинуваме,барем на оваа тема која всушност за тоа и ја отворив.:smir:
 
Se u redu so ovie predlozi... gradenje na fabriki, restartiranje na rudnici, gradenje na infrastruktura, energetski kapaciteti, i tako dalje.... ama, ste se zaprasale li, najvaznoto prasanje, od kade pari?
 
Се надевам дека неактивноста на темава е резултат на тоа што нема луѓе на форумов моментално... ако е друго, тешко нас.

Предлагам на крајот од 5та страница од оваа тема (ако достигне до толку) АБЦ да ги ставиш сите корисни работи во еден пост, како збир на сите добри идеи и предлози на темата...

Штом нема некои нови предлози, мој предлог е да разработиме нешто од тоа веќе кажаното...
Ме заинтересира ова твоето... т.е. со земјиштето.

Како тоа да се даде земјиште на тие што сакаат да отворат работни места?
1. На колку време да им се даде тоа земјиште?
2. На кои инвеститори и од кои земји да им се дава тоа?
3. Кои се условите за тоа колку земјиште да им се даде (колку вработени на метар квадратен земјиште?)
4. Што се случи ако фабриката се затвори или пак истата подпадне под капа на некој друг газда или коорпорација. (што ако корпорацијата е непожелна за македонија)?

Se u redu so ovie predlozi... gradenje na fabriki, restartiranje na rudnici, gradenje na infrastruktura, energetski kapaciteti, i tako dalje.... ama, ste se zaprasale li, najvaznoto prasanje, od kade pari?

Па сега, пари... па нели Македонија таму пред 2001 имаше нешто соберено, ако собрала тогаш, може да собере повторно.
Со вешта економија верувам дека може некој да ја насочи Македонја во права насока, само треба да расчистиме со ЕУ. Не да се скараме или нешто слично, туку да не се лажеме... еве да сме фер... ќе си кажеме ние дека не сакаме да сме терет на ЕУ па затоа ќе влеземе кога ќе сме 110% спремни економски да се издржуваме, додека ЕУ ќе каже дека е во криза и неможе да не прими (и дека многу им е жал)... и така... ќе тераме некако политика... (знам дека идеално не е така, ама мора да се проба)
 
Abe se u redu, ke stegneme zubi, i denonokno ke rabotime, kako na vremeto na sozdavanje na Jugpslavija.
Ama pari be, znaes li kolku pari se potrebni. Eve najprosto, za gradenje na kilometar prosecen avtopat se potrebni minimum 2-3 milioni evra. Da ne zboruvam za restartiranje na rudnici, za gradenje na novi industriski i energetski kapaciteti.... da, interesni se onie snimki kade se gleda kako narodot za vreme na pocetocite na Jugoslavija so volja i zelba za rabota gradel stotini kilometri zeleznici, ama togas druze Tito so edno otvaranje na usta sobiral milioni dolari krediti. :toe:
 
Se u redu so ovie predlozi... gradenje na fabriki, restartiranje na rudnici, gradenje na infrastruktura, energetski kapaciteti, i tako dalje.... ama, ste se zaprasale li, najvaznoto prasanje, od kade pari?

Парите се најмал проблем кога ќе се создадат привлечни услови за инвеститорите,верувај ги има и повеќе одколку што можеме да замислиме јас и ти.Доказ за тоа се грандиозните објекти кој непречено се градат изминативе години и кој чинат милјарди евра “мртов капитал“ скоро во сите општини низ Државава.Не верувам дека некој побрзо би изградил “замок“ во кој ќе престојува еднаш годишно одколку да изгради фабрика со 100тина вработени доколку истата му носи по еден таков “замок“ секоја година.Практично сум сигурен во тоа,затоа што од многумина со кој сум контактирал го имаат истото мислење и го чекаат вистинскиот момент,зошто тој момент не би бил веќе од сега или од утре?НАТО или ЕУ не се толкава пречка за инвеститорите колку што тоа се владите и законите во оваа држава,барем до денес.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom