Како да објавам книга?

  • Креатор на темата Креатор на темата Female
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој знае какви се трошоците да се испечати книга. Нормално дека цената зависи од тиражот, од квалитетот, од бројот на страни, итн итн. Мене ме интересира проценка “од око“ некоја златна средина или да речеме основна цена што не може да оди подолу.

Благодарам
а да си прашаш во некоја печатница ?
ќе ти кажат и ќе ти објаснат убаво таму (y)
 
Во секоја е различно како што кажа тоа зависи од квалитетот и тиражот..а можат да ти дадат и попуст ако веќе одиш на големо...прашај во помали книжарници таму поефтино ке си поминеш..
 
Гледам многу не има заинтересирани за ова. Па да се додадам и јас.

Некој да ми каже издавачкиве куќи колку зимата за издавање книга,каталог,брошури.Си финансирам од свој обезбедени средства, но ме интересира дали зимат од страница пари, дали зависи колку е тиражот,видот на хартијата и слично.
 
Ве интересира за печатење и издавање на ваша книга или општо за печатење на каква било книга?
 
Колку што знам јас, а тоа сепак не е многу: сега е полесно од порано. Бараш печатница, договараш цена за печатење и број на примероци (15000-30000 денари, во зависност од бројот на копии, бројот на страници, квалитетот и расположението на оној што печати). Ако сакаш, си земаш соодветен број од НУБ (за заведување и сл.овде не сум се заинтересирал баш :) ) и тоа е тоа. Тешко дека некој издавач кај нас би ризикувал на непознат да му печати книга, а и надлежните установи кои финансираат имаат специфична политика во однос на тоа што државата треба да финансира.
 
Ве интересира за печатење и издавање на ваша книга или општо за печатење на каква било книга?
Некој да ми каже издавачкиве куќи колку зимата за издавање книга,каталог,брошури.Си финансирам од свој обезбедени средства, но ме интересира дали зимат од страница пари, дали зависи колку е тиражот,видот на хартијата и слично.

Ова го имам напишано во пост над твојот.Така да мене ме интересира тоа поточно. Пари се обезбедени, ме интересира цени, и остали работи доколку ги има.
 
Во секоја издавачка куќа е различно, затоа треба директно таму да си прашаш. Иначе обично ако е 500ка тираж, а книгата е околу 100тина страници да речеме, по примерок би дошло околу 70 денари. Значи зборувам за издавање на своја книга, не за печатење и фотокопирање други дела.
 
Дали некој знае какви се трошоците да се испечати книга. Нормално дека цената зависи од тиражот, од квалитетот, од бројот на страни, итн итн. Мене ме интересира проценка “од око“ некоја златна средина или да речеме основна цена што не може да оди подолу.

Благодарам

Случајно налетав на ова.
Пријависе, може ќе биде нешто. :D
 
Случајно налетав на ова.
Пријависе, може ќе биде нешто. :D

Еј одлична идеја е ова :) И јас можеби ќе се нафатам да шкртнам некое романче :) Туку, да прашам, дали некој знае како се мести да има 75 карактери во ред, кој фонт, која големина...? Зошто има таков услов, делото мора да биде поголемо од 5000 реда од по 75 карактери. И колку страници од прилика би биле 5000 реда? :)
 
Па Times New Roman, 13 фонт, во еден ред имаш 75 карактери.
Во една страна имаш 43 реда, ако го поделиш 5000 со 43, ти иди 116 запирка нешто. Значи од 116 страни па повеќе. :D
 
Јас почнав да пишувам нешто што сметам дека ќе биде интересно за читање.Сакам кога ќе завршам да го издадам текстот во вид на книга и ме интересира што се треба да сторам за да ја издадам книгата.
И ве молам не оставајте безвезни коментари.Искрено ве прашувам.
 
Имаше ваква тема мислам.. А и една членка на форумов има издадено книга.. Така да, прочепкај малце повеќе низ форумот..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom