Мислам дека со ова ќе ти одговорам
@BenDover
@pozdrav eden topol
Јас се повикувам на еволуција, анимални наследства и природа.
Дарвин вика дека најснаодливите преживуваат. Тоа кај жените се манифестира на следниот начин: Дена ја пикира особа икс (во понатамошниот текст Стојна). Дена и Стојна во одредена фаза од животот дошле у контакт, може да се другарки од средно, соученички, колешки од факултет, работа, комшики, не е битно. Стојна за Дена е конкуренција, пошо Дена така одбрала. За Стојна може да е и Дена конкуренција, а може да е и трета особа, Рајна.
Зошо е битна Стојна? Стојна е бенчмарк. Таа е како боксерска вреќа за хејтање, како е глупава, ружна, нема смисол за облекување....све најлошо. Кога овој "убав, паметен, богат" Стојан ќе фати да и досаѓа на Дена, тој е "ок, ама не е ништо посебно, ги има такви еден куп", ама кога ќе ја стаи Стојан во игра и Стојна, која е "нели поружна, поглупа, полошо облечена од Дена" е тогаш Дена го гледа Стојан поинаку, тогаш Стојан стануе "пленот".
У даденава ситуација Стојан фатил наивно да и ги дига акциите на Дена до небо и џабе му е и да е најбољи на свет.
На Дена и е многу битно да се пофали со "пленот", да ја напраи Стојна љубоморна....и Стојна и уште 100 други околу себе што ги мрази. Тоа и е некаква самопотврда за квалитет. Џабе шо Стојан сака да си внимава на нејзе, да си поминува убаво, да има убав секс, содржаен живот....побитно и е егото.
На Дена може ќе и дојде памет после 3-4 Стојани, дека напукала 35 години, дека влегуе у репродуктивна старост и дека Стојаните се' поретко ја есапат за жива па во немоќ и паника ќе напраи 2 можни глупости: 1. Ќе остане сама и до 12 на пладне ќе мрзи се' околу себе, а после 12 и себе.
2. Ќе се опне со првата будала, ќе и напраи дете, ќе ја остаи одма пошо нит се знаат, нит се трпат и пак цел свет ќе и биде крив како е она напатена.
Трето нема.
Затоа, пишав у еден претходен пост. Има неколку универзални што важат и за мажи и за жени. Има скопјанизми што се налик на србизми у добар дел од нив:
Првата дека не јебе курац, него ситуација. Дечково не знае да ја створи.
Втората - кој бира, мастурбира. Се однесува на нашава форумска пријателка.
Третата - не јебе леп, него упоран. Ова не значи дека треба да инсистираш на pain in the ass однесување и да досаѓаш, туку да одговараш паметно во играта со тој што си наумил. Дечково дошол до таа лекција, ама погрешно ја разбрал.
Инаку, искуствено, мажите бираат со срце и со малата глава, а жените без мозок. У таа некоја нивна женска меѓусебна комуникација, многу се подложни на влијанија од "пријателки", па ги слушаат за секакви малоумни совети. Често се случува кај компактни женски друштва да не можеш да припариш до некоја девојка само затоа што тие околу нејзе те хејтаат до смрт. Или треба да ја примениш горната метода со "Стојна". Мене како машко, многу ми е простачки врската да ми почне со уцена и со такви евтини финти, па многу често сум се откажувал. Упорен маж ќе трпи секакви срања. Мене ми е многу жал што има малку жени што имаат сенс до каде им се можностите. Не викам дека сите мажи што им пристапуваат, вредат, ама знам многу повеќе мажи што со цел свој животен учинок сакаат и заслужуваат да имаат женски партнер, ама налетувале на разноразни неблагодарни жени што тотално им го уништиле интересот.
Оф топик - изборот на аватарот нема врска со религијата. Импресивен ми е од уметнички аспект.