Кајганџиска фудбалска пресметка! [пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
абе кажете кога и каде има термини да кажеме кога најмногу ни одговара а не вака сте тагнале 12 луѓе и само еден термин ако е само тој термин може не им одговара на сите
Ќе се јавиме на други места. Ок дојдовме до заклучок дека заинтересираност има сега фали уште да најдеме термин што ќе одговара на најголем број луѓе.
 
Абе колку скил имате?
Ако има некои ликови ко Дејли Блинд денеска против сити да ви се прикључам и ја :D
 
Последно уредено:
Еве ви бројчиња од СЦ Аеродром - 075-442-044 и Мондано - 078-308-892. Да не се вадите дека немате бројчиња.
 
Вака сега,

Мондано термин е 1800 денари подоцна ќе добиете кога има слободно. Во мондано има и можност ако се обврземе дека ќе играме 10 месеци се добива еден месец гратис (ама за тоа се потпишувало и договор)

термини сабота: 16:00, 17:00 и 20:00 = цена 1800 денари
термини недела: 16:00, 17:00, 19:00 и 22:00 = цена 1800 денари

СЦ Аеродром:
термини во сабота: 16:00, 18:00, 19:00, 19:50, 20:40 = цена 1400 денари
термини во недела: 16:00, 17:00, 20:40 = цена 1600 денари

Ајде изјаснете се за терминиве со време за ако има заинтересираност да закажеме и пак да се почне со играње.
 
Последно уредено:
Мене и мондано и аеродром ми одговара. Термин во недела од 16 или 17 би било најидеално ама и другите освен тој 2о и 40 не се лоши.

Sent from my Ultra using Tapatalk
 
Ја мислам недела накај 18:00 или 19:00 највеќе ќе одговара. После ручек ќе е, нема првенства тоа време, ПЛ е од 17:00, Серија А од 15:00, а вечерните се од 20:30 натака. Така да веројатно терминчево од 19:00 највеќе ќе одговара. Викса ова СЦ Аеродром кое е бе? Блаже или ?
 
Ја мислам недела накај 18:00 или 19:00 највеќе ќе одговара. После ручек ќе е, нема првенства тоа време, ПЛ е од 17:00, Серија А од 15:00, а вечерните се од 20:30 натака. Така да веројатно терминчево од 19:00 највеќе ќе одговара. Викса ова СЦ Аеродром кое е бе? Блаже или ?
Се моли @Cthulhu^ да потврди, појма неам јас кое е само се јавив да прашам (мислам дека е тоа).

Ти мислиш дека тој термин е најдобар ама јас мислам да погледнеш пак зашто во тој термин немаше слободно, сега има откако се додадени и термините од Мондано.

Нека се изјаснат и другиве ако им одговара Мондано од 19 во недела може да се земе ако не да го одбереме терминот што одговара на најмногу луѓе.
Искрено мене ми одговара било кој термин во недела, сабота мислам дека е лоша опција барем за мене зборам.
 
За мене сеедно ми е кога ќе биде и каде ќе биде... така да овие повеќе што имаат обврски нека се изјаснат...
 
Подобро е недела, зашто некои можеби ќе сакаат во сабота да излагаат а и паркингот сегде е бесплатен во недела. Така да било кој од наведените термини во недела ми одговара безразлика дали ќе се игра во Аеродром (иначе да СЦ Аеродром е теренот во ОУ Блаже Конески) или Мондано.
 
Како што кажа ob1, СЦ Аеродром е веднаш до школото Блаже Конески. Нека одлучи мнозинството за термин. А за терен, нека биде у Аеродром пошо има покрив уште сега. Мондано го спомнав само заради промотивниот купон и попуст од 50 посто.
 
Како што кажа ob1, СЦ Аеродром е веднаш до школото Блаже Конески. Нека одлучи мнозинството за термин. А за терен, нека биде у Аеродром пошо има покрив уште сега. Мондано го спомнав само заради промотивниот купон и попуст од 50 посто.
Јас мислам дека е боље во Блаже пошто има покрив и плус горе долу на сите ќе им одговара локацијата...
 
Да може е боље Блаже сега зашто има покрив сега ама ако планирате за подолго зимоска ќе се мрзне таму.
Мондано нема покрив ама бар зимно време е за нијанса потопло.
Плус термините во Блаже им биле 50 минути и немаат избор за недела, треба да биде или 4-5 напладне или доцна навечер.
А во Мондано има и термин кој релативно одговара на повеќето зашто е недела 19:00 што може да кажеме дека е одлично.
Е сеа да Мондано е поскапо.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom