Кајганџии, кој каков бизнис работи? Ајде да соработуваме!

  • Креатор на темата Креатор на темата Winston
  • Време на започнување Време на започнување
ИЗРАБОТУВАМ БОМБОНИ, КИТЕНКИ , ПЕРНИЧИЊА ЗА ВЕНЧАВКА И СЕКАКОВ ВИД НА ДЕКОРАЦИЈА , ЦЕНАТА МА СЕКОЈ ПРОИЗВОД Е ЗА 3 ПАТИ ПОЕФТИНА ЗА РАЗЛИКА ОД КОНКУРЕНЦИЈАТА , ДОКОЛКУ НЕКОЈ Е ЗАИНТЕРЕСИРАН МОЖЕ ДА СОРАБОТУВАМЕ :)
 
Да само ви Маџари, на Трианглата, на сајтот има гугл мапс за послесно да се снајдеш.
 
На 10 км од центар на Скопје, имам (купив лозје) околу 2 декари.
Но не сум тамубил десетина години. Заградено е со мрежа.
Струја и вода нема.
Ако одговара за нешто (полжави, црви за ѓубре и сл.) може некој да се јави
и да почне бизнис. За мотика сигурно нема кандидат т.с.за садење нешто.
Но може и за овоштарник. Сега е се празно и лозјето напуштено.
 
Имам вештачко цвеќе по екстра ниски цени.Ако има на форумов цвеќари или оние што декорираат разни свечености ,нека се јават .Цвекето е одлично за изработка на декорации за свадба и сл.Може и замена ,дајте понуда.
 
Печатење на флаери, етикети, брошури, календари, тефтери, папки, папки за фотографија, корици за билтени, фина картонска амбалажа (картони за пица, чаеви итн.), канцелариски материјали од типот на обрасци, сметкопотврди, каса прими, пп10, пп30, пп50 итн. :)
 
Изработувам CAD проекти, во Solidworks.
Секој кој има идеа или потреба од 3D модел на некаков производ како склоп од повеќе делови или само еден дел со најпрецизни димензии, технички цртежи, рендери или анимации нека ме контактира по ПП. Цена по договор, во зависност од сложеноста на проектот.
 
Сум се занимавал со многу ствари , млад сум уште и работам се што ми изгледа примамливо , од носење лед по кафиќи , продавање по тезги разни ствари , транспорт ( возев комбе ) низ Македонијава , моментално од април месец се занимавам со перење теписи за само 200 денари , имам добри услови , бесплатна вода , и искрено добро тргна , особено сеа за пред празниците. Јас сум расположен за се од што може да се профитира , исто како легендата на профилната слика. :pos:

Али едно ми е јасно , никогаш нема да бидам нечиј роб во Македонија за бедни 150-200 евра , кога и така вадам месечно и повеќе од тоа. Можеби не сум со сите бенефиции кои ги нудат работодавците како осигурување и стаж и сите вакви работи , но уште сум 21 година , а како второ и не планирам да скапувам во оваа држава.

Здраво Del boy ми се допадна твоето размислување и сакав да те прашам како почна да ги работиш овие работи?Се договараш директно со газдите на фирмите или?Се надевам ќе ми одговориш.Поз
 
Здраво Del boy ми се допадна твоето размислување и сакав да те прашам како почна да ги работиш овие работи?Се договараш директно со газдите на фирмите или?Се надевам ќе ми одговориш.Поз



Не , не работев за никакви фирми. Значи тоа беше привремено , што се вика хонорарно. Едноставно давав огласи по веб сајтовите дека давам вакви и вакви услуги , имав услови за перење теписи имаме пумпа во дворот и има бесплатна вода , и таму ги перев ги сушев и наплаќав.:icon_lol: Имав мало комбе останато уште од дедо ми и ги разнесував до дома на луѓето. Тоа беше минатото лето и прилично добро се зимаше , барем за мене беа доволни , вадев по некои 18-20 илади месечно чисти пари , освен за детергент што ќе купиш. :icon_lol: И ова лето пробав но моментално немам време за тоа , работам на нешто друго. Ако имаш услови и време и ако сакаш да заработиш нешто екстра од страна , едноставно само дај оглас на фејсбук и сигурно нешто ќе излезе , ако не на фејсбук можеш да пробаш на некои веб страни , ги има мал милион ќе ти ги пишам по ПП за да не правам реклами овде. :)
 
Здраво Del boy ми се допадна твоето размислување и сакав да те прашам како почна да ги работиш овие работи?Се договараш директно со газдите на фирмите или?Се надевам ќе ми одговориш.Поз
Некој со скрин нејм Del boy прашуваш за совет за бизмис? Ах, Лав златен...
 
Графички дизајн за секаква намена:
-бизнис картички
-флаери и друг рекламен материјал
-лого и корпоративен идентитет
-дизајн на етикети и пакувања за производи
-едитирање на фотографии и сл.

Информации во потписот долу... (y) (вториот линк)
 
Работам со продажба на земјоделски производи (компир,грав,ориз),она што баба ми ке го произведе,јас му наогам пласман...
Повелете...:salut:

Да потсетам со што се занимавам, прекувремено.
Па кој е за бизнис повелете.
 
Печатење на флаери, етикети, брошури, календари, тефтери, папки, папки за фотографија, корици за билтени, фина картонска амбалажа (картони за пица, чаеви итн.), канцелариски материјали од типот на обрасци, сметкопотврди, каса прими, пп10, пп30, пп50 итн. :)
Еден ми должи со вакви материјали може да договориме компензација? Колку пари иде хартијата што ја купувате за печатење?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom